Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кога читам вакви текстови добивам чувство дека се ви смета и сите сте паметни и сите сте безгрешни.
Секој втор почна да пишува хејтерски колумни. Најверојатно поради тоа што сите се палат на тоа, поради лажното чувство ако хејташ дека си поразличен од "другите", попаметен и "другите" се под тебе и бла бла.
Колку само поубав ќе беше текстот доколку ги немаше тие "мрчење" елементи, доколку ја немаше таа негативна енергија што ја содржи и имаше еден позитивен хумор спакуван во креативен текст.
И не правете заблуда дека тоа што хејтам хејтери ме прави хејтер. Ме прави антихејтер а тоа е последица а не реакција.
Јас го пишувам решението, не проблемите.
Јес да ми се допадна што на еден свој начин се опишани сите детали од одморот.
Јес да не го сфакам како хејтање,туку едноставна реалност со ситна доза на претераност ради шмек,но сите имаме свое видување на работите нели?
Ако некој сака да ужива некого да го нарекува хејтер,или е многу ептен по модерен од хејтерот или мора да се најде начин да се биде различен.
Ајде демек постоеле хејтери,па хејтери на хејтерите и што е следно?
my bad тогаш, ама ја има оваа на оффнет често, баш со Џими за една друга статија што ја пиша праевме муабет.![]()
Али да се урлаш по децата и да сркаш лубеница на сред плажа со цело гнездо пчели или да се зељавиш ко недоквакан нема смисла.
Хејтер на хејтерите на хејтерите ?
Платиф и шо сакам ќе прам!
Верзија моја, лично искуство од еден јули во средината на 90-тите, локација хотел со (Турски) 3 ѕвезди во Даљан, село споено сега со Чешме, со сопствена плажа во прекрасен залив (со камен ладна вода) и голем базен натопорен измеѓу.
Уплативме полупансион, беше ефтино а ние имавме тро пари...бевме поголемо друштво, заминавме со автобус преку агенција. По патот одевме ни помалку ни повеќе туку 42 сати. Изгубивме еден ден од уплатеното за што никогаш не добивме накнада.
За нашето патешествие, организирано од тогашната ТА `ЗОДИЈАК` која, бог да ја прости, мамата ни ја плака, пишуваше во Нова Македонија еден чичко кој беше патем тазе пензиониран новинар со многу незгоден табиет.
По патот имаше на дватри пати тргачење и делење, климите не работеа, сите кукаја и пиштеја, шоферот(`наш` Косовар) на бугарскиот полицаец му рече `буди добар као што си љеп...` па чекавме и чекавме на источната ни граница.
Па кога заспаја сите, нагло кочење негде низ Бугарија, рано наутро ќе не отепаше младото шоферче кое не збораше најдобро македонски. Аферим.
Првиот обид за фајт беше на БГ-ТР граница. Вториот во Орен, ТР. Тука неуспешно беше делењето оти еден удар заврши во главата на еден од шоферите кој падна па као не станваше и се виткаше - како Клинсман во најдобрите денови - а јаранот негов ни рече дека ако сме продолжеле да го нервираме ќе сме завршеле ` у проваљија`. Така продолжи да `тера` низ ТР, без клима оти се расипала другиот ден...На ТР граница башка го папавме од цариниците, не распаковаја ко полски шверцери од 80тите. За лепе очи од буразера шофера.ж
Водичот кој беше во нашиот автобус(одевме 2 автобуса од агенцијата, со чекање), извесен Саше од Охрид при крајот се приклучи кон физиолошките потреби на патниците во другиот автобус и му се креваше притисокот и му се лошеше па го тешевме да не се секира.
Мирот го најдовме тек после Орен, откога ги поминавме сите `бавчи со хотели` на 5км од морето, каде слегуваа повеќето од нашите сопатници. Тогаш не превзеде комбе од некаков си Турски партнер на агенцијата наша и не однесе во хотелот рано сабајлето.
Таму почна за мерак одморот наш.
По некое време видовме три коли со мак таблици, од еден град во источна Македонија. Сите три возила беа ретки за тоа време, две од нив со беа БГ таблици.
Семејствата кои пристигнаа со колите ги сретнавме уште сабајлето, сите имаа дебели златни синџири околу вратојте, беа со големи мешиња и уметници во прдење, ждригање како и мочање и далекусежно секнење во базенот покрај кој се сончаја млечнобелите `Ингиња`(не за долго).
Бараја свинско за вечера, ќе доплателе(јас бев предевувач, ми беше интересно до кај ќе замини работата), се цуцаја балантајнс нарачан од шанкот по надреална цена и како добри домаќини, не мрдаја од хотелот.
Босот на тајфата го прочитав по некоја година во црна хроника апсана го стегнаја за нешто бело. Тој уште таму ни кажуваше дека `сите го знаеле...`. Сигурен сум дека доста од Вас имат слушнато за детето.
Се беше ок во хотелот се додека една вечер не дојде синот на газдата т.е. младиот газда со друштво и не си праеше `пул парти` кај 12 сатот, па нашите не им се придружија на по едно. Не ги рецкаја и одма проблем(ама другиот ден, нормално...)
На `бегање` следеше жалење оти ги е.бале за пијачките и екстра јадачките шо батињава ги пишеле на соба, па оти се големи шизици па ќе се расправат до крај па ќе видат тие. На крајот се откостија од доплаќање мангупите наши, со констатација `...никад више кај муратите...` , `...златна Бугарија...`, `..,.абе не с`нервирај, отука одеме во Софија на кебапи, ја толкај се...`.
Инаку, ние се нашетавме на долги и широко, ги потрошивме сите пари на ефес, шашлик и хортикултура а
на заминување беше се ок... патувавме само 30 сати.
Нешто заборајв
Се извинувам за долгиот пост.
По некое време видовме три коли со мак таблици, од еден град во источна Македонија. Сите три возила беа ретки за тоа време, две од нив со беа БГ таблици.