Долго време пратам тенис, ама до сега, ова 127 издание на Вимблдон мислам ќе биде НАЈСЛАБО ! Секоја година се послабо и послабо е, испаѓаат многу брзо фаворитите, шо се на многу подобар ранкинг од другите, незнам шо е проблемот, дали му падна газот на поискусните или пак овие другите му покажуваат дека и тие знаат да играт тенис
Во првото коло, сензација се случи испадна Надал од Дарцис, иако мислев дека Надал полека се враќа во форма по тоа што го гледав на последните турнири, ама испадна ништо од тоа..
Денес Федерер (за кој сум фан) изненадно изгуби од Штакховски, искрено очекував Федерер сигурно дека ќе стигни до 1/2 финале, ама прерано го напушта Вимблдон.
Иснер го предаде мечот, исто и Цонга, Чилиќ а за овие се надевав дека сигурно ќе поминат 3 кола..
Дарцис кој го победи Надал, денес не ни почна да игра, Колшраибер предаде.
Од жените Ерани дури во 1 коло испадна, исто и Петрова, Азаренка предаде, Сафарова испадна, Ивановиќ, Јанковиќ, Возниацки испаднаја исто и третата носителка Марија Шарапова испадна од Де Брито !
Многу рано фаворитите завршија...
А уште пред да почни Вимблдон се ми одеа мислите дека Мареј ќе го земи, сега Федерер и Надал ги нема, па можи Мареј да се покажи, идинствено препрека ќе му е само Џоковиќ, нормално доколку продолжат до крај, да не испаднат од некој 100ти ранг

(а како шо тргнаја работите ништо чудно )