The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не го удри да се разбереме, ама упати едно топче накај него со таква силина што овој падна на земја за да не го погоди во глава. Имаше доста фрустрација кај Роџер, неколку незгодни топки упати во телото на Стаховски што не беше баш спортски, ама то је то.


Си викам, да не се случило нешто, да не сум видел...

Иначе, се гледаше колку го болеше поразов Федерер, нити потпиша автограми, нит ништо, право во соблекувална...
За разлика од Надал, кој остана на теренот по поразот..
 
Не ми е јасно зошто сите се толку изненадени од поразот на Федерер. Оваа година тој нема освоено ништо и постојано испаѓа уште пред да се сретне со Новак или Надал. Според мене поразот на Надал е поголемо изненадување бидејќи овие бодови му беа и тоа како потребни. А и Мареј подолго време нема некој резултат така да нема да бидам изненаден ако испадне при некој посериозен противник. Според мене Хас и Делпо може позитивно да изненадат ама само во случај Ноле да одигра слаб меч.
 
Вака, Надал изгуби затоа што беше физички неспремен, и затоа што не е добар на трева, а Федерер изгуби затоа што е едноставно стар и немотивиран. А Георгес е најубава. :)

Јас мислев дека овој Вимблдон ќе биде лебедовата песна на Федерер, неговиот последен успех, па затоа и му давав најмногу шанси, заедно со Мареј, да го освои турнирот. Вистината е дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден грен слем. Неговото време помина, но и времето на Надал полека поминува, и треба тоа да го прифатиме. Во следните 2-3 години со светскиот тенис ќе владеат Новак и Мареј.

За Надал можеби уште еден или два РГ, но тоа ќе биде тоа.


Значи, прво за првото болдирано, откако ова го тврдеа поголеми стручњаци од тебе во светот, Федерер освои уште едно 4-5 гренд слем титули! МОЖЕБИ и нема да освои, но никогаш не се знае кај Федерер, кој веруваше дека денес ќе загуби? Затоа не се изненадувајте ако не следниот УС или АУС Опен го гледате како дига трофеј.

А за второто болдирано... Особено дека Новак ќе владеел со тенисот, мало сутра!
(n)(n)(n)
 
Не ми е јасно зошто сите се толку изненадени од поразот на Федерер. Оваа година тој нема освоено ништо и постојано испаѓа уште пред да се сретне со Новак или Надал. Според мене поразот на Надал е поголемо изненадување бидејќи овие бодови му беа и тоа како потребни. А и Мареј подолго време нема некој резултат така да нема да бидам изненаден ако испадне при некој посериозен противник. Според мене Хас и Делпо може позитивно да изненадат ама само во случај Ноле да одигра слаб меч.

:pos:

Tрева е тоа у позадина...

A2771346167C4A769F6D02C125BBE0D6.ashx
 
Последен пат такво нешто се случи во 2004 година кога на Ролан Гарос славеше Gaudio.

Тоа беше едно од најчудните финалиња кои сум ги гледал во животот. Кориа беше огромен фаворит, но имаше страшни грчеви, едвај одеше по теренот. И дури така со одење, го намачи Гастон Гаудио. Веројатно најнезаслужениот грен слем победник, било кога...
 
А за второто болдирано... Особено дека Новак ќе владеел со тенисот, мало сутра!
(n)(n)(n)

Новак и Мареј. А кој ти мислиш дека ќе владее во светот на тенисот во следните 2-3 години?

Симоне Болели?
 
Мареј и Ноле се само 1 година помлади од Рафа, не гледам нешто посебно во нивната игра во споредба со Рафа сега за сега, реално. На бетон мислам дека Рафа ќе има шанси за триумф на US Open, баш ме интересира како ќе одигра на мастерсите во Монтреал и Синсинати кои ќе се подготовка за она главното во Њујорк.

Утре Ноле ќе тепа со Рејнолдс 3-0, без сомнение. Во третото коло ќе игра против Шарди, и таму не треба да има проблеми, Шарди сервира добро, не се знае, но сепак Ноле си е Ноле. Веќе во осминафиналето можеби ќе има мака против Хас, знаеме како игра Томи на трева, последен пат играа пред 4 години и во Хале и на Вимблдон, и двата пати Хас беше подобар.

p.s. Јас лично сакам еден различен победник т.е. да не биде некој од овие : Nadal,Federer,Djokovic,Murray, Del Potro. Последен пат такво нешто се случи во 2004 година кога на Ролан Гарос славеше Gaudio.

Зошто да не земе Делпо бе добар е, само да не почне како порано да се влече по теренот. Јас сакам тој да земе, одсекогаш ми е во топ 3.
 
Зошто да не земе Делпо бе добар е, само да не почне како порано да се влече по теренот. Јас сакам тој да земе, одсекогаш ми е во топ 3.

Дел Потро е класичен дрвосечач. На трева е комичен колку не знае да се движи. Првиот посериозен противник ќе го експедира за Буенос Аирес...
 
Новак и Мареј. А кој ти мислиш дека ќе владее во светот на тенисот во следните 2-3 години?

Симоне Болели?
И мене не ми е јасно од каде човекот тврди дека мало сутра за Ноле дека ќе владеел. Ако тој не е најсериозен кандидат за тоа тогаш кој е?
 
Новак и Мареј. А кој ти мислиш дека ќе владее во светот на тенисот во следните 2-3 години?

Симоне Болели?

Зошто после секој пораз го отпишувате Надал како да е некој анонимец? Си има проблем со колената ама има уште многу да игра.
 
Новак и Мареј. А кој ти мислиш дека ќе владее во светот на тенисот во следните 2-3 години?

Симоне Болели?


Помина она време на тенисот кога се знаеше кој е главен.. Сега секој може да победи секого..
 
Дел Потро е класичен дрвосечач. На трева е комичен колку не знае да се движи. Првиот посериозен противник ќе го експедира за Буенос Аирес...

Знам дека мали му се шансите ама ако на овој Вимблдон ништо не се знае.
 
Помина она време на тенисот кога се знаеше кој е главен.. Сега секој може да победи секого..
Мислам дека на целиот свет му е јасно кој е главен во последниве 3 години. Изгледа дека од завист не сакаш да си го признаеш тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom