JUVE_Ultras
Ragazzo della piazza
- Член од
- 22 септември 2010
- Мислења
- 2.451
- Поени од реакции
- 3.968
Искрено не ми беше целта да исмевам, пишав просечен, за да добијам веднаш контра реакција и контра аргументи од некој од вас .. точно тоа што го кажавте, направивте стадион според условите какви што се сега за да правите добар приход ... но од секогаш мислев дур се градеше вашиот стадион дека ќе биде нешто ексклузивно, скапо и ултра модерно, а вие направивте стадион кој може да си го дозволи тим како Удинезе само со помал капацитет .. го зедов Емирати како пример бидејќи за тој стадион се зборува како еден од најмодерните во Европа, значи кога еден Арсенал си дозволи таков стадион зошто Јуве кога веќе градат не се потрудиле да направат нешто уште подобро како што доликува, бидејќи се поголем тим од Арсенал .. тука не се гледа само профитот, туку историјата и големината на клубот ..
Да се надоврзам на муабетов.Не значи ако има капацитет од 41 000 гледачи,дека не е модерен и ексклузивен,впрочем да не било така немаше да биде стадионот во категорија 4 според УЕФА,заедно со еден куп други поголеми стадиони,нит па ќе беше домаќин на финалето во ЛЕ,следната сезона.
Башка кога правиш муабет за капацитетот,освен моменталната ситуација на фудбалот во Серија А,како и економската моќ на клубовите,треба да го земеш во предвид фактот дека Лондон е град со 8 милиони жители,Рим има повеќе од 2,7 милиони додека Торино има популација од 900 000 жители,каде повеќето навиваат за Торино.
А и незнам од кога капацитетот на стадионот покажува колку некој тим е поголем и поуспешен.Еден Енфилд има капацитет од само 45 000 гледачи,а Ливерпул е втор најтрофеен тим во Англија,башка таа атмосфера таму не може да се доживее ни на стадион со 90 000 гледачи.Еден Наполи,Штударт,Црвена Ѕвезда имаат поголеми стадони(не и помодерни) од Јувентус,па не се поголеми клубови.
Удинезе ќе гради сличен стадион како на Јуве,без атлетска патека и со трибини блиску до трибините,али ни далеку нема да биде ист како Јувентус арена.
Земи го и Удинезе за пример,имаат супер проект за во иднина,секогаш завршуваат помеѓу најдобрите 5-6,а заедно со Наполи мислaм дека се единствените клубови кои завршиа со профит оваа сезона,од сите клубови во Серија А.Али и они од Фриули кои собираше 35 000,ќе изградат нов што ќе собира 25 000.
Така ако веќе знаеш каква е состојбата во лигата,секогаш е поубаво да имаш стадион чии капцитети ќе бидат секој меч исполнети,одколку поголем стадион кој ќе зјае секој натпревар празен,а ќе се полни еднаш во 2-3 месеци кога ќе има некое дерби.



