The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Штета што немаме пристап до SportKlub Prime, SportKlub 3, SportKlub 4 и SportKlub 5... на сите 6 канали ќе се емитуваат преноси.... сепак најголем дел од нас ќе имаат можност да пратат само 2 меча на СпортКлуб.


:D

Иначе, Јужни-Хас сега за сега интересен меч...
 
Па може и ќе земе Ханеску поен на сервис на Федерер..
 
Неверојатно е Возњаки да загуби на трева од некоја Шпанкиња, но Возњаки е ова, лабилна скроз. Останувам на ставот дека нема да ја „сомеле“ и дека Типса тепа, ќе видиме што ќе биде.

Повеќето луѓе имаат погрешна претстава за Возниацки. Во суштина се работи за една многу солидна тенисерка, која во никој случај не може да биде топ пет, а камоли број еден во светот. Начека период во кој сите врвни тенисерки беа повредени или демотивирани, и беше број еден, дури и играше финале на грен слем во кое лесно изгуби од Клајстерс.

Меѓутоа, за вакви тенисерки како што е Кабеза Кандела, Возниацки е измислена. Оваа Кандела има во животот 4 (четири) меча изиграно на трева. Се друго каде што газела по трева била кога ги пасела кравите во селото од кое доаѓа. Ако Возниацки од оваа изгуби на трева, некако се мажи за тој грдиот голфер кој и е дечко, и нека гледа деца... :)
 
Јес да е Чилиќ во добра форма и стандарно добар на Вимби ама Маркос тотално изгубен е, неможе топче да префрли преку мрежа бе, а очекував неизвесен меч....
 
Фала талент невиден од 5-2 да изгубиш 5-7 на трева стварно треба да си "талентиран"
 
Јес да е Чилиќ во добра форма и стандарно добар на Вимби ама Маркос тотално изгубен е, неможе топче да префрли преку мрежа бе, а очекував неизвесен меч....

Ме интересира, по која логика очекуваше неизвесен меч? Багдатис во последните десет појавувања на тениски терен има изгубено девет натпревари. Единствената победа му е во Дејвис куп меч против некој Секодо, за кого само неговие најблиски знаат дека игра тенис. Чилич играше финале на Квинс, и генерално е елитен играч на трева.

Неизвесен меч?:)
 
И јас го очекував да е неизвесен мечот, башка така и започна, ама сеа целосна контрола има Чилиќ врз мечот, но не се знае ништо со лабилниот Чилиќ. Прашање е и колку е мотивиран Кипранецот.
 
Ме интересира, по која логика очекуваше неизвесен меч? Багдатис во последните десет појавувања на тениски терен има изгубено девет натпревари. Единствената победа му е во Дејвис куп меч против некој Секодо, за кого само неговие најблиски знаат дека игра тенис. Чилич играше финале на Квинс, и генерално е елитен играч на трева.

Неизвесен меч?:)
Koга мислев на неизвесен не мислев дека ќе гледаме маратон во 5 сета, него барем добар тенис изедначен на моменти а и сетче Маркос да земе, ама овој прави почетнички грешки, пола од поените ги зема Марин на негови грешки, од секогаш бил страшно мотивиран и борбен ама сеа му фалат овие работи, барем засега, едно брејкче би го вратила во живот колку толку...
 
Најјаки се мечевиве на маливе теренчиња, 100 души у публика, се слуша аплауз и судијата од соседниот терен. :D
 
Отиде Азаренка јабана, го повреди коленото. Не верувам дека ќе доигра, едвај оди. Повторно ќе гледаме финале Шарапова-Серена. Жално за Вики, а баш имаше големи очекувања на турниров.
 
Лошо падна :( жално

BNhu1aPCUAASeWn.jpg
 
Отиде Азаренка јабана, го повреди коленото. Не верувам дека ќе доигра, едвај оди. Повторно ќе гледаме финале Шарапова-Серена. Жално за Вики, а баш имаше големи очекувања на турниров.

Шарапова намерно ќе изгуби во полуфинале, само за да не и дозволи на Серена да ја масакрира во финалето...

:D
 
Федерер доста добар, сите оружја работеа денес, поготво форхендот и ритернот, кој беше перфектен.....

Незнаеше што да прави Ханеску :D

Сепак ова ништо не значи се до 1/4 финале.
 
Оваа Келер или Коехлер, како и да се чита, проста е како тенџере. Со една нога и игра Азаренка и пак губи ко Грчка. Неинтелигентно створење упм.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom