[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ја ова го знам како летна манџа :icon_lol:

Кај мене дома се вика Пржен пинџур. :D Модераторке, оти погоре си пишала дека може да се прават модификации, импровизирав. Нема да се налутам и да не го ставиш на гласање. ;)
 
Кај мене дома се вика Пржен пинџур. :D Модераторке, оти погоре си пишала дека може да се прават модификации, импровизирав. Нема да се налутам и да не го ставиш на гласање. ;)
Не не, ок само кажав јас како го викам :icon_lol:
Ќе го ставам на гласање ;)
 
Еве го и од мене ова МАКЕДОНСКО летно традиционално јадење... :)

Неговата подготовка :)
1.jpg

Ииии... пријатно јадење драги Кајганџии :)
2.jpg
3.jpg
 
Kako ne mi tekna da slikam, vcera praev...nisto, sledekji put. Taka mi e koga samo na fan Klub Liverpul idam.

Tuku denesnava kompir mandza ke ja slikam, pa ako nekad se prai, da iam slikici...:D
 
Пошто денеска се пости ваљда и јас ќе ве дружам... едино моиве дома ако не изразат желба за нешто друго. :confused:
 
Еве ме :)
Јас правев две. Едното е со кромид, лукче, магдонос, пиперки, домат и модар патлиџан, а другото е со истите состојки само без доматите. :)

Спремањето
1.JPG

Левото е со доматите, ама не ставав многу па затоа има таква боја :)
2.jpg

3.jpg
 
Ајде бујрум на толчен пинџур:
DSCN0667.JPG

DSCN0669.JPG

Состојки: Црн домат, зелени пиперки благи, патлиџан црвен (печени во релна на ефтина струја) и едно чешле лукче. Прво лукчето се толчи со сол, потоа се додава зеленчукот и се толчи во ваганот. На крај се попарува со врел зејтин. Пијалок кој иде со ова летно јадење - вода од чешма.
 
Јас прв пат гледам таков пинџур со патлиџан црвен.....кај мене дома се прави со син патлиџан,пиперки печени благи и неколку лути,лукче и сол искцано па сето тоа го сечеш па го кцаш додека не стане кашесто и го попариш со врел зејтин
 
Ајде бујрум на толчен пинџур:
Прегледај го приврзокот 66740

Прегледај го приврзокот 66741

Состојки: Црн домат, зелени пиперки благи, патлиџан црвен (печени во релна на ефтина струја) и едно чешле лукче. Прво лукчето се толчи со сол, потоа се додава зеленчукот и се толчи во ваганот. На крај се попарува со врел зејтин. Пијалок кој иде со ова летно јадење - вода од чешма.

Браво невесто, браво! И каленица имаш у дојчландот. Ептен мерак ми напраи со каленицава. ;)
 
Лелеееее баш денеска јадев, како не ја отворив темава, па ќе ви сликнев подготовката. :(
Ај нареден пат.
Мојот поен сигурно оди кај леандра, ние во пп онака го правиме :X3:
 
Сигурно нема да се лутите ако за следниот предизвик и ја дадеме честа на CafeDelMar; да го осмисли и да го постави. Па повели :)

п.с. тагни ја Џени да го смени насловот одкога ќе ја поставиш, фала :)
 
Колку повеќе мислев, толку повеќе рецепти излегуваа. Се одлучив за Пилешки прсти. :)

Состојки:

500 гр. пилешки стек
1 лажица сенф
2-3 јајца
100 гр. брашно
100 гр. презла
50 гр. сусам
Бибер
Мешан зачин
Кари
Зејтин за пржење

Подготовка:

Стекот исецкајте го на долгнавести парчиња. Доколку се долги парчињата, по ваша желба исечете ги на половина, но имајте на ум дека што помали парчиња, повеќе време за пржење. :) Во подлабока чинија ставете го месото, сенфот и зачините и измешајте убаво. Најдобро е вака да отстои околу еден час, но може и веднаш да се пржат.
Спремајте три длабоки чинии. Во првата ставете го брашното, во втората изматете ги јајцата, а во третата измешајте ја презлата со сусамот. По овој редослед панирајте го месото. Најпрактично е сите парчиња да ги спремите, па потоа да ги пржите.
Загрејте поголема количина на зејтин на повисока температура. Кога убаво ќе е загреан, намалете ја температурата зошто ќе ви изгорат, а внатре ќе се живи. Значи со пример: ако шпоретот ви е до 6-ка, намалете на 4-ка и така пржете ги.
Испржените пилешки прсти ставајте ги на салфетка, за да го впијат вишокот на зејтин.

Ова се состојки според кои јас ги правам, ако сакате зачините можете да ги измените. Количината на брашното и презлата може да варираат во зависност како вие панирате месо.:)

Гарнирајте со сос по ваш вкус или со помфрит. Или со што сакате. :))

За да личи рецептот, еве и слика. Кога ќе ги спремам деновиве, ќе ставам и моја:
e31454c1-e252-4ca0-bea4-5e69ba8e829a.jpg



Ilumious може да го смениш насловот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom