[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи е поприлично топло, се надевам нема да ви пречи неделава да готвиме

Летен македонски пинџур

Потребни состојки:
- 1 кг. зелени пиперки
- 1 кг. домати
- 1 модар патлиџан
- 3 чешниња лук
- масло
- сол

Подготовка:
Измијте ги пиперките, избришете ги и ставете ги да се печат. Доматите исто така измијте ги и ставете ги во рерна да се печат. Испечете го и модриот патлиџан. Пиперките излупете ги и исецкајте ги. Лукот со малку сол истолчете го и додајте ги пиперките. Доматите излупете ги и ситно исецкајте ги заедно со модриот патлиџан. Додајте сол и убаво измешајте. Превријте го маслoто и додајте гo во пинџурoт.
255326_448911525139633_1501575861_n.jpg
208920_449494991747953_522025392_n.jpg
pindzur.jpg
 
Дозволени се измени во рецептот ? :)
Истово го правам и јас, но без модар патлиџан, и наместо лук ставам млад зелен кромид...
Ако добијам желба за пинџур деновиве, ќе си ја пробам среќата на натпреваров :)
 
Дозволени се измени по ваш вкус :D
 
Ова делува вкусно, до сега не сум го правела (а ни јадела), ако најдам време до недела, ќе пробам да го направам :) :)
 
Ова делува вкусно, до сега не сум го правела (а ни јадела), ако најдам време до недела, ќе пробам да го направам :) :)

Ти од Македонија си?Како е можно пинџур да не си јадела?
 
Ти од Македонија си?Како е можно пинџур да не си јадела?

Сум јадела, но не баш ваков.
Оној мојон е зимски :)

Се зезам, никогаш не сум правела, но според сликите не е она што татко ми ми го прави :)
 
Ајмо пинџур
9093764562_88a4cae720_b.jpg

со мала измена на рецептот, не ставив обичен патлиџан, само пиперки и модар, затоа е зелен пинџурот.
Edit: бидејќи добив критика, еве слика кај што повеќе ѕирка пинџурот :P
9091868483_5967c4c943_b.jpg
 
Ајмо пинџур
9093764562_88a4cae720_b.jpg

со мала измена на рецептот, не ставив обичен патлиџан, само пиперки и модар, затоа е зелен пинџурот.

Девојко, со сета почит кон тебе, ова се убаво декорирано, ама јас не го гледам кај ти е пинџурчето овде... Саде маслинки, магдонос и кашкавалче... Да извадеше у едно тањирче и да видевме дека стварно имаш пинџурче...:)
 
Done ;)
 
Јас не сум љубител на толчен пинџур воопшто, не ја сакам како прво текстурата на јадењево, а да не зборувам за аромата од толчениот лук. И не ни го јадам, ама ич. Затоа си правам една алтернативна верзија од истите состојки кои се наведени во рецептов, кој јас си го викам ПРЖЕН ПИНЏУР и оди вака...

Чушките (читај пиперки) ги пребришувам убаво со крпа, затоа што не треба да се мијат. Моите ми се од двор, така да знам дека немаат штетни хемикалии и затоа не ги мијам. Ако не знаете каде се растени чушките, измијте ги пред готвење, потоа пребришете ги убаво со крпа. Ги чистам од семките и дршките и ги сецкам обично на коцки, но вие можете на кругови, полукругови, како ви одговара. Црвените патлиџани ги лупам и ситно ги сецкам или рендам и во нив ставам зачини, сол, бибер, некогаш и вегета. По овие две постапки, уклучувам рингла и во тенџере ги ставам чушките и зејтин да почнат да се пржат. Додека се пржат, го лупам и сецкам модриот патлиџан на коцки. Модриов го оставам на крај да го обработам, затоа што ако го излупам и исецкам пред време, ќе ми потемне од воздухот и му се менува вкусот. Кога чушките се позапржени, го додавам модриот патлиџан. Овде модриов го „пие“ цел зејтин кој сте го ставиле претходно, но нема потреба да додавате уште, оти кога ќе се испржи убаво, пак ќе го пушти назад. Мешајте често, оти ќе ви загори. Од кога зејтинчето пак ќе се „врати“ во тенџерето, го додавате црвениот патлиџан и оставате да испари течноста од него, со повремено мешање. Некаде 5 минути пред да го тргнете од оган тенџерето, може да додадете чешниња лук, сецкани или цели, но јас не му додавам, оти не јадам лук. И тоа е тоа. Најмногу ако изгубите саат време, во целосна подготовка на рецептов. Истото ова може да го направите и без модар патлиџан и лук, на крај само ќе додадете јајца. Соодносот чушки - модар патлиџан - црвени патлиџани треба да ви биде 2:1:1.

Acid денес ми донесоа дигитален апарат, како да знаеле дека синоќа ме „караше“ оти фотографиите не ми чинеле.
Еве ги сликите од новото апаратче. :)
ncpg.jpg

vl07.jpg

6fo1.jpg
 
Јас не сум љубител на толчен пинџур воопшто, не ја сакам како прво текстурата на јадењево, а да не зборувам за аромата од толчениот лук. И не ни го јадам, ама ич. Затоа си правам една алтернативна верзија од истите состојки кои се наведени во рецептов, кој јас си го викам ПРЖЕН ПИНЏУР и оди вака...
Ја ова го знам како летна манџа :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom