NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Има шанси Филаделфија Лен да го земе ?
Гледав на еден сајт на 5то место се искачил, тенка работа. Ќе си земеме некој Европеец на крајот.

Тешко. Лен за жал почна многу да се искачува. Може дури и како прв од Кливленд да биде избран.
--- надополнето: 24 јуни 2013 во 09:13 ---
7 пм кај нив, односно 1 после полноќ кај нас.
На тв не ми се верува негде да има, ама стрим сигурно.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 19:49 ---
Што е со шпекулацијата дека Рондо и Док се срчкале нешто и дека дури дошло до работ на тепачка?
Веројатно е претерано од страна на медиумите, ама сигурно не е без некаква основа...

Со години ги има тие шпекулации. Веројатно се барем делумно вистина, ама не мислам дека нешто особено значење имаат. Рондо е познат како доста проблематичен.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Колку треба да е лош драфтов за тие што се повредени играчи да бидат кандидати за прв пик... :tapp:
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
113
Поени од реакции
48
Да се надевам дека Milwaukee Bucks ќе успеат да ги земат J.R.Smith и Chris Copeland. + Да го трејдуваат Jennings за Eric Gordon, и да дадат pick за Paul Pierce.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Кливленд со сите сили пробуваат да го трејдаат првиот пик, ама никој нејќе да го земе :pos:
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
sho slusham neshto aldridge za deandre trejd diskutirale... teshko da se sluchi no ako aldridge saka da bega ( a i go izjavil toa) mozno e ... verojatno ke treba da go dodademe i bledsoe iako ne gledam kade bi igral pokraj lillard.

kako i da e bullsi mozat da ponudat kade kade podobri igraci za aldridge
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Можеби малку задоцнив но еве на кратко запознавање со идните НБА играчи (ќе ги опфатам поважните 15-20 нема смисла со сите да се замараме):

Nerlens Noel - Одличен атлет, и извонреден блокер, но доста слаб за висок играч а и има повреда на предни вкрстени лигаменти. Можеби малку пониска верзија на Marcus Camby.
Ben McLemore - Одличен атлет и шутер, теоретски огромен потенцијал, но доста ниска интелигенција и не верувам дека нешто посебно ќе излезе од него
Victor Oladipo - Одличен атлет, многу трудољубив играч со неверојатна желба за надигрување, но реално има многу за учење. Многу потсеќа на Tony Allen.
Alex Len - Украинец со висок потенцијал, може да игра подеднакво добро и напад и одбрана, но понекогаш делува доста пасивен на натпреварите и има повреда на стапалото.
Anthony Bennett - Недоволно висок за крилен центар, но доста силен и со одличен офанзивен репертоар. Има тело кое е многу ризично за здебелување. Исто има повреда.
Otto Porter - Нема слаба страна но во ништо посебно не се истакнува. Често споредуван со Tayshon Prince.
Trey Burke - Одличен плејмејкер, играч на годината во NCAA. Релативно низок и не е извонреден атлет заради што има скептици. Помалку потсеќа на Chris Paul и Mike Conley.
Michael Carter-Williams - Висок плејмејкер, одличен додавач, кој може да биде добар одбранбен играч, но нема шут
CJ McCollum - бек шутер кој нема висина за бек шутер. Споредбите варираат од Jamal Crawford до Damien Lillard. Во напад сигурно ќе биде добар, но во одбрана ќе има сериозни проблеми.
Cody Zeller - Најдобар атлет од високите играчи на драфтот (чудно за белец), но има кратки раце заради што има доста скептици.
Steven Adams - Центар од нов зеланд со одлични физички предиспозиции, но скоро никакви вештини. Сигурно ќе му требаат неколку години пред да влезе во ротацијата на НБА тим.
Sergey Karasev - Одличен шутер, еден од најдобрите млади играчи во Европа, најдобар стрелец во доста силната руска лига на 19 години. Ме потсеќа по малку на Стојаковиќ и Туркоглу.
Lucas Nogueira - Центар од Бразил. Доста висок и одличен блокер, но слично како Ноел, доста слаб за центар. Игра во Шпанија.
Dennis Shroeder - Германски плејмејкер со одличен потенцијал. Го споредуваат со Рондо.
Kentavius Caldwell-Pope - Одличен шутер. Влечи споредби со Nick Young заради што премногу солираше во NCAA.
Kelly Olynyk - Одлична пост игра, но слаби физички предиспозиции. Го споредуват со Spencer Hawes.
Giannis Adetokunbo - Грк со нигериско потекло. Огромен потенцијал, но многу далеку од комплетен играч. Многу неискусен, со оглед дека има играно само во грчка втора лига.
Shabazz Muhammad - Најдобро рангираниот регрут од средно, доста слабо котира заради еден куп контроверзии со себичниот карактер, фактот што лажеше за возраста и сл.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
По тоа што го гледам/слушам мислам дека првиве седум се одвојуваат од другите и веројатно им се загарантирани првите 7-10 места.

Така некако, ама во драфтот секогаш има некои изненадувања.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Така некако, ама во драфтот секогаш има некои изненадувања.
Па добро, секој ГМ си има своја замисла каков тип на играч му треба и сака да драфтува и сигурно у први 10 ке има некој што не е проектиран ни за лотарија :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Ако случајно го следите драфтот во живо или не ви се спие...

Најдобриот НБА новинар последниве години секогаш ги знае пиковите пред да бидат објавени и ги кажува на твитер:

https://twitter.com/WojYahooNBA

Навистина немам поим како успева.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.882
Wow, сериозни шпекулации дека Бостон и Бруклин се многу блиску да се договорат за трејд кој ќе ги испрати Гарнет и Пирс во Бруклин. Ова е навистина шокантно ако се оствари...
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Има некое асално стримче? Нешто гледам по фб зборат дека на спортклуб ке давале, ама не ми се верува, не ни има во програмата...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.811
Поени од реакции
2.608
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom