The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас 30% шанси му давам на Мареј, 25% на Федерер и Надал, 15% на Новак и 5% на останатите(пред се Делпо, а после Ферер и Цонга).
Кај женските се освен победа на Серена би било огромно изненадување. Азаренка и Шарапова имаат минимални шанси.

Ти му даваш шанси на Ферер да освои грен слем титула на трева, you are probably kidding me... ?

И ајде дечки навалете на дискусија, се помалку одите Off-Topic, пишувајте квалитетни мислења и да атакуваме на срушување на рекордот по број на испишани мислења од Ролан Гарос 2013 (110 страни).
 
Нема да видам ништо затоа што дома ги имам овие канали а моментално сум во друга ''дома''.(n) И од Блузи кабловска.

На Близу ја имаш „бесплатно“ СК Прајм, со основен пакет. :)
 
Fognini F. (Ita) - Melzer J. (Aut) +
Baghdatis M. (Cyp) - Cilic M. (Cro) 2
Isner J. (Usa) Donskoy E. (Rus) +
Haase R. (Ned) - Youzhny M. (Rus +
Tsonga J-W. (Fra) - Goffin D. (Bel) 1
Becker B. (Ger) - Murray A. (Gbr) 2
Razzano V. (Fra) - Ivanovic A. (Srb) 2
Suarez Navarro C. (Esp) - Dominguez Lino L. (Esp) 1
Што мислите ?
И се извинувам ако мислењево ако не е за во оваа тема, ама пошто читав пред тоа кој како ќе победи има пишувано па за тоа викам да го пишам овде, и воедно да побарам совет. Доколку не е мислењето за овде слободно избришете го, а ако сака некој нека ми пише во ПП доколку мисли дека некој пар обратно ќе излезе и зошто така мисли. Фала :)
 
Има тема „Тенис типови“ во потфорумот, нема да ти е избришано мислењето сеа, нареден пат во неа коментирај :)
 
Со оглед на тоа дека Шкотска во 2014 оди на референдум за независност и дека 3/4 од луѓето се ЗА,ова е веројатно последна година во која "Британец" ќе има посериозна шанса да го освои Вимболдон......барем во догледно време.

Е сега ситуацијата со Енди е многу интересна,на 15 години се сели од Глазгов и оди во Лондон каде што моментално живее,башка има дадено прилично политичка изјава за реферандумов дека на Шкотска нема да и се исплати финансиски нели да се отцепи. Ова може да наговести дека дури и да стане Шкотска независна,тој на Вимболдон нема да продолжи да се натпреварува како Шкот,туку како Британец.

Ама па од друга страна добро се познати изјавите дека сака кој било да освои светско во фудбал само не Англија :icon_lol: и ова видео кога се расплака во Глазгов зборувајќи дека му е тешко што не може повеќе време да е дома
Ќе видиме,јас сакам ако не освои Роже,бар нека освои Енди.
IMG_4563.jpg
 
Штета што немаме пристап до SportKlub Prime, SportKlub 3, SportKlub 4 и SportKlub 5... на сите 6 канали ќе се емитуваат преноси.... сепак најголем дел од нас ќе имаат можност да пратат само 2 меча на СпортКлуб.
 
Како и да ја вртиме работата, дома сигурно немаме 6 телевизори.
Секако ќе се гледа еден меч. Не знам што толку сте запнале за другите програми од Спорт Клуб, кога главните мечеви ќе се на првите нивни два канала.
 
Заебаа работа и Србиве.Цел ден на Спортклуб директни преноси од српските преставници.Очекував јас такво нешто,ама од 12:30 до кај 7-8 само натпреварите на србите изненади.Да не ги даваа Јанкович и Иванович,Багдатис-Чилич и Цонга-Гофан цели натпревари ќе изгледавме.Вака ќе се задоволиме со натпреварите на Федерер,Мари,Надал и Вавринка.(некои дури не можат ни Надал да го гледаат бидејќи ќе го даваат на Прајм :facepalm:).Но се разбира мора и женски тенис да емитува,иако според мене доста е да ги даваат на ТВ само Шарапова и Азаренка.
 
Како и да ја вртиме работата, дома сигурно немаме 6 телевизори.
Секако ќе се гледа еден меч. Не знам што толку сте запнале за другите програми од Спорт Клуб, кога главните мечеви ќе се на првите нивни два канала.

Кој гледа цел меч од првиве кола бе? :D Освен ако не е на тенисерот за кој навиваш или меч како Хјуит-Варвинка? Затоа ќе смениш канал и оп! :D
 
Како и да ја вртиме работата, дома сигурно немаме 6 телевизори.
Секако ќе се гледа еден меч. Не знам што толку сте запнале за другите програми од Спорт Клуб, кога главните мечеви ќе се на првите нивни два канала.

Претежно на првите два (СК, СК+) ќе ги даваат нивните тенисер(к)и, што воопшто не ми се допаѓа. Во Србија ги имаат сите канали, па ако некој сака да ја/го гледа Ивановиќ или Типсаревиќ, ќе си пушти на СК3 и ќе си го изгледа мечот. А не сега јас ќе гледам утре некој женски дуел на нивна тенисерка, а нема да го гледам Чилиќ - Багдатис затоа што ќе оди на СК5 на пример.
Треба да се свесни дека се регионална телевизија и да ги пуштаат потенцијално најдобрите мечеви на денот на првите два канала. Само што тоа нема да се случи.
 
Леле аман бе, само Спорт Клуб имам во моментов, ни +, ни прајм. :facepalm: Глупости, ццц, ми скршија филм сеа.
 
Претежно на првите два (СК, СК+) ќе ги даваат нивните тенисер(к)и, што воопшто не ми се допаѓа. Во Србија ги имаат сите канали, па ако некој сака да ја/го гледа Ивановиќ или Типсаревиќ, ќе си пушти на СК3 и ќе си го изгледа мечот. А не сега јас ќе гледам утре некој женски дуел на нивна тенисерка, а нема да го гледам Чилиќ - Багдатис затоа што ќе оди на СК5 на пример.
Треба да се свесни дека се регионална телевизија и да ги пуштаат потенцијално најдобрите мечеви на денот на првите два канала. Само што тоа нема да се случи.

Прееска најавија во емисијата дека на прв канал за утре ќе се нивните тенисери, а на плусот ќе е прв меч на Федерер од централниот терен, па после други следуваат, ги имаше пишано поназад еден член, така да нема што да се секираме дека ќе пропуштиме некој битен меч од слемот.
Башка тие 3 канали што ги имаат (3,4,5) .. ни 20% од населениот на Србија не ги гледаат, бидејќи не се толку лесно достапни.
 
Ете жените ги заборавив, се знаеш кој е главен фаворит. Е сега единствено ако Stefan-kobe не ја зарече кога пиша дека 110% освојува Серена....

А пази и Рафа го имам на аватар, if you know what I mean. :D
Шала на страна скраја да е ако избаксузирам нешто, ќе си ставам слика од некој марсовец во тој случај, зашто до сеа прилично сум ефективен во баксузирањето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom