Ај некој правник ако може да ми помогне:
Имам склучено договор со Близу на една година од кој ми остануваат 4 месеци. Во договорот се повикуваат на некаков анекс каде се запишани пеналите доколку сакам предвремено да го прекинам договорот меѓутоа јас таков анекс никогаш немам потпишано. Со оглед на тоа, дали можам да го раскинам договорот со што ќе ги избегнам пеналите?
Инаку сакав да го раскинам и по цена на пенали меѓутоа ми рекоа дека без разлика дали остануваат еден или шест месеци од договорот, треба да платам некои 6.500 денари што е крајно безобразно и сулудо.
Не можиш да го раскиниш предвреме договорот,сите тие компании (било кабловски или мобилни) во тие договори определени на време се штитат од евентално откажување на договорот од страна на клиентот....
Обично не го ставаат како класичен анекс,туку во оригиналниот договор вметнуваат "мал дел"околу предвремено ракиснување на договор...
И јас го имам истиот проблем,со Тотал Тв....договорот ми заврши во мај...и поднесувам барање за раскин на договор(да си соберат и антени и се и нека се гонат у ТЛПМ)....
И чекам да дојдат тие монтерите да си ја соберат опремата и шо се случува?
Се јавува една теткица од Скопје и ми вика...
ГОСПОДИНЕ НЕ МОЖИТЕ ДА ГО РАСКИНИТЕ ДОГОВОРОТ...
Како викам јас?
завршен ми е договорот,и тетката ми одговара
А не,не,не....имавте неплатен долг 1500 денари и сега автоматски ви го продлживме договорот до август
Како бе викам јас,си го платив тоа шо должам.... и оваа ми вика
Ако сте платиле господине,ова ви е казна зошто редовно не сте плаќале...и по казна своеволно ми бапнаа уште 3 месеци договор,ова никаде го нема...
Ако сакате да го раскините договорот треба да платите пенали од 6500 денари(исто како во твојот случај)...
Детално го прочешлав договорот,никаде не пишуваше колку би изнесувала евентуалната казна доколку од моја страна се раскини договорот(како шо пишува во договорите со мобилните оператори)...пишеше просто
СТРАНКИТЕ МОЖАТ СПОГОДБЕНО И ПРЕДВРЕМЕ ДА ГО РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ...(е сега нека си толкува секој како му е мило)...
И врти сучи наместо договор од 24 месеци си добив договор од 27 месеци...
А лани по нивна вина два месеци немав телевизија,сто пати се јавив ми викаа
ДО ВАС Е ПРОБЛЕМОТ,АНТЕНАТА ВАКА ТАКА... и излезе дека е до нив маката...
И викам
а зошто не ги сметате тие 2 месеци во договорот?не знаеше шо да одговори сестрата...
море мрш таму...
Море ме убедуваше да не се исклучувам,имаме ова,имаме она..кога и кажав дека имам dreambox и гледам се и сешто,дури будала ме напрај
ми вика џабе имате,кога ништо не отвора сателитот...и и викам
Е ДОБРО ТИ ЗНАЕШ ШО ГЛЕДАМ ЈАС НА ТВ... и фино лепо си спуштив слушалка кога видов со какви лопужи сум фатил работа....
Мој совет чекај си уште 4 месеци,џабе не се расправај со капиталисти,ако сакаш да го раскиниш предвреме договорот мора да ги платиш тие пенали.нема друг начин...
Ум за друг пат,не се исплаќа да се потпишуваат договори врзани со време...ај со мобилните некако можеби имаш некој ќар,ќе лапниш некој телефон по некоја повластена цена,овде не добиваш многу..сликата горе долу иста,тие дигитални шо ги нудат се срање,за разлика од цената шо ја плаќаат луѓето....