Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Да си го барам коментарот од пред неколку години, ваква мизерија од оваа репрезентација наша во фудбал поголема немало и нема да има... Катастрофа, очај дај нека не се брукаат веќе, ќе ги гледаме во Бразил, Албанија Црна Гора и Босна со прстите во уста. Само кога ќе учествува цела Европа на првенство ќе се пласираме.
 
01004343029300vl6.jpg


Без гол 6 години и се разбира, тука е Македонија за да дај гол. Ако не дај против нас, против кој ќе дај? :icon_lol:
 
Треба да се воведе некое правило во ФФМ, ваков беден состав да не смее да се извади на терен. 2 поврзани додавања не направија. Како раштиман оркестар се. Колку и да е контролен натпревар, сепак е официјален на УЕФА и мислам дека нема никаков ефект да составуваш ваков тим каде што никој со никого не се знае, а уште помалку да изиграле некоја минута заедно. Подобро нека ги собере Чеде некој викенд на Филип 2 и нека ги подели по 11 и нека види кој како игра.
Срамота е ова.
 
А убаво си збореше Калински дека многу делел картони овој...Така ни е кога не го слушаме :LOL:
 
Мора да е задоволен Јаневски од ангажманот на играчите во оваа скандинавска турнеја..тамам си помислив некои нови тактики, формации ќе се прават..:unsure: и што сега како ќе се правдаме, пак ли ќе речеме мора да научиме од овој пораз??


Па добро бе селекторе уште колку ќе учиме..народот сака резултати, а вие се мачите една проста, едноставна акција да направите во нападот...од порази не се учи, туку од грешките и самиот момент кога настапуваш со топката или подобро да се изразам толку имате знаење, не е до сила, се нема волја, брзина, а најважно од се е недостатокот на психа..подобро да преземеме некој стил на игра, англиски, германски, шпански..со нашиот џабе се мачиме...поздрав селекторе и да заборавив подобро ќе се радувам на резултат и пораз од 5:4 и тоа преку добра одиграна машка игра, отколку да ве гледам како завршувате со нула голови биланс после одиграниот натпревар..:unsure:
 
01004343029300vl6.jpg


Без гол 6 години и се разбира, тука е Македонија за да дај гол. Ако не дај против нас, против кој ќе дај? :icon_lol:

Кога го видов овој, ми текна на Мартин Далин од Шведска.
Ваљда заради бојата.:D
 
In the meanwhile...

Denmark-Armenia 0-3 :pos:
 
Крајно време е да престрани да експериментира..се надевам со Бугарија ќе се соберат.
Кога можи ѕвездите што освојуваат лига на шампиони да одат за репрезентациите можат и нашите.
Веќе видовме дека на располагање имаме 5-6 добри играчи...све ова е батал
 
Убаво на сите им викам јас како прво треба да играме контролни со Фарски Oстрови со некои такви репрезентации, па потоа со некои подобри.
Катастрофа од игра, една Норвешка неможе да се победи...
Ако се сеќавате нашиот западен сосед ја победи истава репрезентација и тоа среде Осло.
Мислам дека заостануваме во многу сегменти, ништо не е сменето. Од години во години ја гледаме истата лакрдија, секоја година идеме со надеж дека можеме нешто повеќе, но малку сме убедени во тоа.
Се повторува секоја година истата песна... останува да се надеваме дека идат подобри денови за оваа напатена наша Македонска фудбалска репрезентација.
 
Џабе со експериментиве. Со кого бе, со Љамчевски и слични ќе тепаме некого?
Оној Мирко неможем да го смислим више, џабе брзина кога нема две чисти од фудбал. Уствари шо бе, за еден од овие денеска неможем да кажем добар збор.
 
Репрезентацијата до 19 години ќе биде нашиот фудбалски претставник на Медитеранските игри кои од 18. до 28. јуни ќе се одржат во Мерсин, Турција.

На Медитеранските игри, на кои ќе учествуваат македонски спортисти без малку во сите спортиво, фудбалерите ќе се натпреварѕваат во група заедно со селекциите на Либија, Италија и Тунис.

Натпреварите ќе се играат по следниов редослед:
19.6.2013 во 18:00 ч. Македонија У-19 - Либија
21.6.2013 во 18:00 ч. Македонија У-19 - Италија
23.6.2013 во 21:45 ч. Македонија У-19 – Тунис

Селекторот Алексо Мацков за престојното учество ги повика следниве фудбалери:
Шишковски Дамјан - ФК „Работнички“
Алексовски Игор - ФК „Македонија ЃП“
Зајков Ѓоко - ФК „Работнички“
Трајковиќ Стефан - ФК „Луцерн“
Каракамишев Ристе - ФК „Миравци“
Ристевски Филип - ФК „Металург“
Асани Јасир - ФК „Вардар“
Марковски Кире - ФК „Работнички“
Наумоски Јорданчо - ФК „Брондби“
Велковски Дарко - ФК „Работнички“
Бојку Бесмир - ФК „Македонија ЃП“
Митров Михајло - ФК „Металург“
Стоилов Ѓорги - ФК „Хоризонт Турново“
Имери Демир - ФК „Работнички“
Костовски Кристијан - ФК „Македонија ЃП“
Барди Енис - ФК „Албарса“
Сулејманов Талант - ФК „Милано“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom