Големиот успех на машката ракометна репрезентација во квалификациите за ЕП во Данска им донесе награда на нашите најдобри ракометари од 30 000 евра.
Ваква одлука денеска донесе УО на РФМ кој најави дека парите на сметките на играчите ќе бидат уплатени до крајот на овој месец. Наградата е според правилникот на РФМ и ако се исполни ветенот за првпат ќе бидат навреме исплатени.
На денешната седница беше потврдено дека Ивица Обрван и понатаму ќе биде селектор на националниот тим. Во претходниот, Обрван останува според договорот со клаузула дека со пласман на ЕП, тој автоматски му се продолжува.
Македонија во неделата со победата над Португалија се пласираше на ЕП во Данска, а ждрепката за групите ќе биде одредена в петок. Нашиот национален тим е во третиот барабан.
Управниот одбор не го прифати извештајот на женската репрезентација Гино Стрезовски. Претседателот Мукаетов настапот во баражот против Шпанија го оцени како незадоволителен и најави дека за статусот на Стрезовски ќе се расправа по завршувањето на Медитеранските
игри во Мерсин. http://www.sitel.com.mk/rakometarite-nagradeni-so-30-000-evra