Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Големиот успех на машката ракометна репрезентација во квалификациите за ЕП во Данска им донесе награда на нашите најдобри ракометари од 30 000 евра.
Ваква одлука денеска донесе УО на РФМ кој најави дека парите на сметките на играчите ќе бидат уплатени до крајот на овој месец. Наградата е според правилникот на РФМ и ако се исполни ветенот за првпат ќе бидат навреме исплатени.
На денешната седница беше потврдено дека Ивица Обрван и понатаму ќе биде селектор на националниот тим. Во претходниот, Обрван останува според договорот со клаузула дека со пласман на ЕП, тој автоматски му се продолжува.
Македонија во неделата со победата над Португалија се пласираше на ЕП во Данска, а ждрепката за групите ќе биде одредена в петок. Нашиот национален тим е во третиот барабан.
Управниот одбор не го прифати извештајот на женската репрезентација Гино Стрезовски. Претседателот Мукаетов настапот во баражот против Шпанија го оцени како незадоволителен и најави дека за статусот на Стрезовски ќе се расправа по завршувањето на Медитеранските
игри во Мерсин. http://www.sitel.com.mk/rakometarite-nagradeni-so-30-000-evra
 
Знаете дека Данска е домаќин на првенството така?

Стварно не ми е јасно како може да сакате Данска да ни се падне. Тие се веројатно и први фаворити за злато...

Јас вака би ги групирал репрезентациите по јачина:

1 група
Данска, Шпанија, Хрватска, Франција

2 група
Шведска, Унгарија, Полска, Србија, Исланд

3 група
Русија, Македонија

4 група
Чешка, Белорусија, Црна Гора, Австрија, Норвешка

Со тоа што треба да сфатиме дека во модерниот ракомет секој може секого да победи во една утакмица. Освен првата група која се одвојува значително, другите и не се толку далеку еднио од други. Не треба ниту да се преценат оние појаки од нас ниту да се потценат оние кои се за нијанса послаби.
 
Што е толку AMAZING во голов? Поглуп и полесен гол немам видено... Ако тоа го прави amazing, тогаш океј :)


Од трибини изгледаше прилично интересно. Самиот гол се разбира не туку како се стигна до него. Темелков многу спретно, практично сам си ја подаде топката префрлајќи ја преку голманот во трк со една рака, пред да излезе сам пред голот.
 
Знаете дека Данска е домаќин на првенството така?

Стварно не ми е јасно како може да сакате Данска да ни се падне. Тие се веројатно и први фаворити за злато...

Јас вака би ги групирал репрезентациите по јачина:

1 група
Данска, Шпанија, Хрватска, Франција

2 група
Шведска, Унгарија, Полска, Србија, Исланд

3 група
Русија, Македонија

4 група
Чешка, Белорусија, Црна Гора, Австрија, Норвешка

Со тоа што треба да сфатиме дека во модерниот ракомет секој може секого да победи во една утакмица. Освен првата група која се одвојува значително, другите и не се толку далеку еднио од други. Не треба ниту да се преценат оние појаки од нас ниту да се потценат оние кои се за нијанса послаби.

(y)
И да се каже дека од прватга група не можеме ниедна да победиме ако збориме релано, ќе треба од тие репрезетанции да им се погоди лош ден и да не потценат за да ги победимеинаку со играта што ја играме невозможно е да ги тепаме.
Ни треба некоја свежина во репрезентацијата некој нов играч приемр Нелоски би го фрлил у оган ова Европско , и во играта ни треба свежина промена некоја, за да се приближме малце кон овие првите 4 репрезетнации.
 
И фактот дека другите репрезентации играат и по мали градови а не само во главниот град,што кај нив прави огромна разлика кога ќе се земе дека најголемите сали им се по 10К+ а играат во сали за по 3-4К
 
добро, ептен мали делови од трибините не беа пополнети..
 
Исполнета беше.
Другар што беше ми рече дека не била исполнета, 100% неисполнетост била во најбитниот натпревар со пола гратиси, не ме зезај, па и уште дупло повеќе ќе сме имале...
 
не беше цела исполнета,цели ќошеви беа празни а имаше и рандом столчиња без никој на нив.
 
Ок де, нека била 95% исполнета. Официјално сите билети биле продадени/подарени. И дај кажете кај даваат гратиси да си обезбедам и јас за следниот меч :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom