EX-YU филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување
Не е многу популарен но одличен српски хорор со сите нишани, ТТ синдром. Одлична приказна и многу крв.
Инаку србите се закон за црн хумор, мојот омилен жарн. Секој втор филм од поновиве, барем од тие подобрите е црн хумор. Затоа многу ги сакам српските филмови. А и хуморот им е сличен на нашиот. Особено омилен автор на сценарија ми е Душан Ковачевиќ (Ко то тамо пева, Маратонците, Балкански шпиун...)
 
Кад порастем бичу кенгур, Ми нисмо анџели 2 и 3, Сиви камион црвене боје, Лепа села лепо горе...ви препорачувам една убава српска драма ''Клопка'' интересна приказна за едно обично семејство типично за нашето поднебје, мажот градежен инжинер и неговата жена медицинска сестра... нивното дете тешко се разболува и неможат да најдат пари за лекување и почнуваат проблемите...доволно кажано да не го прераскажувам, погледнете го мислам дека ќе ви се допадне...
 
Еден другар ми бара српски воени или мафијашки филмови ако ви текнува во моментов пишете:)
 
Ране, Црни бомбандер, Лепе села лепо горе - ми се омилените филмови што сум ги гледал воопшто.
 
Вчера ги гледав Турнеја и Београдски Фантом,останава до 5 сабајле ама не зажалив,супер филмови,вредат да се погледнат!
 
Пред некој ден го гледав Шишање и ми се допадна.
Србиве имаат добри филмови без разлика дали се поранешни или нови.
 
Погледнете го Монтевидео-Бог те видео филм во режија на Драган Бјелогрлич со сите најаки србски глумци.Се работи за зачетокот на футбалот во Србија 1930 година.Филмот е по вистинска приказна.Може слободно да се стави во топ 5 најдобри србски филмови на сите времиња.
http://www.youtube.com/watch?v=TZOrgK0cp6k
 
Словенка

Многу добар словенечки филм за девојка од провинција која го продава своето тело за студирање, престој и адаптирање во „големата“ Љубљана.
Девојката е растргната помеѓу школувањето, клиентите и долговите и филмот многу убаво го опишува овој немир и внатрешна противречност. Тема која долго се обработува во литературата и филмот, но исто така и никогаш неможе да се исцрпи.
Главната актерка (Нина Иванишин) е извонредна во улогата, а филмот беспрекорно го опишува она вистинското словенечко општество... и она кое е видливо и она не толку...

Филмот е од 2009 година, но мене дури сега ми се падна во рака. Филм кој треба да се изгледа, посебно оние југоносталгичарски филмомани.
 
Ране го сместувате до најјаките ЈУ-филмови... до воениве драми,па и комедите како Мртав ладан... ај ви се молам/
 
Мртав ладан
ми нисмо анџели
професионалац
ко то тамо пева
Би ги додал:

Сиви камион црвене боје
Лепа села лепо горе
Мртав ладан
Црна мачка бели мачор
Кордон
Професионалац
и многу други.
 
1.Lepa sela lepo gore
2.Mi nismo andjeli 2
3.Pljachka treceg rajha
4.Mrtav ladan
5.Sivi kamion crvene boje
6. Ivkova slava
7.Mi nismo andjeli 3
 
Вчера ги гледав Турнеја и Београдски Фантом,останава до 5 сабајле ама не зажалив,супер филмови,вредат да се погледнат!
Го глеав филмов пред некој ден и искрено нез како не заспав.... Некако ептен досаден ми беше.
Добар е само делот кога ги праќаат Хрватите у минско поле и им пее тој типот Кукавица од Цеца :ROFLMAO:
Само ради тој дел и го симнав филмот мислев нешо поише акција е али слабо.....
Иначе доста добри филмови имаат снимено србите. Членката над мене наброја неколку од нив, супер комедии. За разлика од нас доста вложуваат во филмот и резултатите се очекувани :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom