Има некој проект 1? Имам едно прашање. Задачата гласи вака:
1. Да се дизајнира бројач кој во зависност од влезот y брои:
- нормално ( 0, 1, ...,7, 0 ....) за y = 0
- прескокнувајќи еден број (0, 2, 4, 6, 0 ....) за y = 1,
а во зависност од влезот x брои нагоре или надолу:
- нагоре за x = 0
- надолу за x = 1
Мрежата да се реализира со D ff и логички порти по потреба. На влезовите x и y да се стават прекинувачи. На излезите да се стави хексадецимален дисплеј кој ќе ја покажува вредноста.
Прашањето ми е: дали доколу бројачот се наоѓа во еве да речеме 001 состојба и y стане 1, броењето ќе биде 011, 101, 111 или тие ќе бидат недефинирани состојби за y = 1?