Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
за аок вториот проект ако може некој да помогне, да се направи бројач ако у=0 се однесува како 3 бит кружен бројач, ако у=1 се однесува 3 бит џонсонов бројач, а x ако е 0 брои нагоре 1 брои надоле, треба со јк фф и логички порти....не се снаоѓам во табелите баш ми треба помош
 
Некој да сподели искуства за практичниот дел по ДМ2 ? Колку време трае, со каква тежина се задачите и слично....
 
Има некој што е 5-ти проект по АОК или може да помогне во врска со него? :S :D
 
Што те интересира конкретно?
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 17:43 ---
Некој да сподели искуства за практичниот дел по ДМ2 ? Колку време трае, со каква тежина се задачите и слично....

Ако си способен сам да ги решиш задачите од лабораториски, не би требало да имаш проблем со испитот. За времетраење не ме фаќај за збор, ама многу малку време беше. 20 минути мислам.
 
Постои ли уште некој, освен нас, во државава што уште полага?

Фармација мислам дека уште предавања држат.
Ама тука сме, ние,медицина и фармација.
 
Што те интересира конкретно?
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 17:43 ---

не можам никако да ја составам ф-јата како треба да биде за да можам да допрам до минимизација па тек до цртање на колото :D Малку сум тапа по АОК :|
 
Значи влезовите ти се x, y, q1, q2, q3. Не памтам сега x i y кое за што беше, ама еве да претпоставиме дека за x=0 брои нагоре, за x=1 надолу, за у=0 по ред, за y=1 преку едно.
За х=0 и у=0 бројачот ти иде вака: 0-1-2-3-4-5-6-7-0, односно 000-001-010-011-100-101-110-111-000
За х=0 и у=1 имаш 0-2-4-6-0, т.е. 000-010-100-110-000
За х=1 и у=0: 000-111-110-101-100-011-010-001-000
За х=1 и у=1: 000-110-100-010-000
Овие трицифрените бинарни репрезентации уствари ти го претставуваат редоследот на состојби, така што q1q2q3 ти е тековната состојба а q1+q2+q3+ е следната состојба. Сега во табелата треба за сите можни комбинации на x,y,q1,q2,q3, да ги најдеме, q1+,q2+,q3+.
X Y Q1 Q2 Q3 Q1+ Q2+ Q3+
0 0 0 0 0 0 0 1 (за х=0 и у=0, после 000 следи 001)
0 0 0 0 1 0 1 0
.....................
0 0 1 1 1 0 0 0 (после 111, пак следи 000)
0 1 0 0 0 0 1 0 (за х=0 и у=1, после 000 следи 010)
0 0 0 0 1 х х х (тука х х х, затоа што бројачот никад не доаѓа до 001)
..........................................................
И продолжуваш со табелата за сите комбинации (треба да имаш 32 реда)
После тоа треба да најдеш Ј и К, пошто работиш со ЈК флипфлопови. Треба да имаш 6 Карноови мапи за минимизација: Ј1,К1,Ј2,К2,Ј3 и К3. Притоа (Ј1 и К1 зависат од Q1 i Q1+,Ј2 и К2 од Q2 i Q2+,и Ј3 и К3 од Q3 i Q3+. Ќе си погледнеш во табелата на побуди за ЈК флипфлоп како зависат Ј и К од состојбите и ќе ги додадеш Ј1,К1,Ј2,К2,Ј3 и К3 во табелата. После тоа вредностите ги пресликуваш во Карнови мапи и спремен си за минимизација.
 
Добро пкк / мрежи не се наоѓа ни еден колоквиум задачи писмен? Не памтам ич од Јануари шо се падна :unsure:
 
Господ здравје да ти даде за сето ова, фала многу ;)
 
Има некој проект 1? Имам едно прашање. Задачата гласи вака:

1. Да се дизајнира бројач кој во зависност од влезот y брои:
- нормално ( 0, 1, ...,7, 0 ....) за y = 0
- прескокнувајќи еден број (0, 2, 4, 6, 0 ....) за y = 1,
а во зависност од влезот x брои нагоре или надолу:
- нагоре за x = 0
- надолу за x = 1
Мрежата да се реализира со D ff и логички порти по потреба. На влезовите x и y да се стават прекинувачи. На излезите да се стави хексадецимален дисплеј кој ќе ја покажува вредноста.

Прашањето ми е: дали доколу бројачот се наоѓа во еве да речеме 001 состојба и y стане 1, броењето ќе биде 011, 101, 111 или тие ќе бидат недефинирани состојби за y = 1?
 
001 ја немаш во низата така да ќе имаш bbb. Исто и за 011,101 и 111.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom