Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
22 септември 2011
Мислења
65
Поени од реакции
41
Здраво, да се пофалам земав шарпланинче старо 50 дена и нема шанси од сега да влезе некој во двор одма го гледа и пробува да лае дури и на сенки :)
Е јас имам друг проблем, незнае да си игра освен да каса веке ми е страв и да го погалам, парче ми ги напраи рацеве, дали ке му помине или да му покажам кој е АЛФА ?
И уште нешто, кога му се даваат калциум таблетите за да не стане као чарли чаплин во нозете.
 
L

Lu

Гостин

Играј си постојано со него, немој поради тоа што те гризе, да избегнуваш да си играш.
Најважно е кутрето додека е мало да свати дека ТИ си АЛФА, а најдобро и најлесно може да му се поставиш како Алфа е преку игра.
Значи без покажување на сила или ќотек, туку преку игра :)

Моментот во играта е тоа што само Алфата во глутницата (или во конкретниот случај семејството) има привилегија да прави што сака и кога сака, или со други зборови само Алфата може да му ја земе играчката / храната на кучето кога и да посака ;)
Ти преку игра ќе му покажеш дека ти си Алфа, ќе му ги зимаш играчките кога и да посакаш, фрлај му топчиња и нека ти ги враќа ... значи најбитно е да има постојана комуникација сопственикот и кучето преку игра, така ќе имаш прекрасен миленик.
И кога му даваш храна ОБАВЕЗНО додека јаде пружи му рака, погали го, брцни ја раката во храната додека јаде ... никако несмее да ти р'жи.
Сите овие трикчиња ќе ти помогнат да станеш Алфа на најлесен и најдобар начин.
И серазбира прочитај ја темата Алфа статус :)

А калциум почни да му даваш од 2 месечна возраст, Калциум Мултивит е најдобар, се дозира 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
И серазбира квалитетна исхрана.

Веќе ти честитав за Шарпланинчето, сега останува уште да го видам :)

Здраво, имам еден проблем со моето куче. Старо е една година, а од 2 месеци го чуваме, незнам точно што раса е овчарско куче е некое, ама проблемот е што кога иде некој он не лае туку си седи ко ништо да не е.
Пред тоа мислевме дека оти е мал уште неможе да се прилагоди, ама веќе една година има, а он многу ретко да лае кога иде некој, ако спие не се ни замара да види кој е. Како да направам за да почне да лае???
Вистински чувар никогаш не лае ;)
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.278
Дали некој чува Beagle раса, да кажи искуства. :)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.042
Поени од реакции
36.426
Имам Cane Corso женско , сеа на 6ти јуни ќе прави 10 месеци. Некој што знае да ми каже на колкава возраст може да се пари? Имам еден другар има машко 18 месеци е неговото и планираме да ги спариме но незнам се плашам да не е уште мало 10 месеци.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Имам Cane Corso женско , сеа на 6ти јуни ќе прави 10 месеци. Некој што знае да ми каже на колкава возраст може да се пари? Имам еден другар има машко 18 месеци е неговото и планираме да ги спариме но незнам се плашам да не е уште мало 10 месеци.
Кога и беше првиот циклус? Ако веќе планираш да ја париш почекај да созрее, значи на второ терање, а на трето уште поубаво.
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Ми треба точна адреса каде што вршат ренген на кучиња... Итно ми е...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ми треба точна адреса каде што вршат ренген на кучиња... Итно ми е...
Имаш во автокоманда ренген,во самата амбуланта како и на факултетот.
Адреса: Лазар Поп Трајков 5-7, населба Автокоманда Скопје
телефон:
(02) 3115 756;
телефон 2: (02) 3216794
И ветеринарен центар кај Доктор Диме.
Ул. Антон Панов 22 Скопје​
тел.: 02 3178 611​
моб.: 070/ 23 43 23

--- надополнето: 3 јуни 2013 во 20:40 ---
-pocetnik-
Убаво кутре,само не ми се свиѓа тоа што има бааги голем стоп,ќе те заебаваат за тоа на изложби,не смее да има стоп шарпланинецот.
Кој му се родитли?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Ај една препорака од вас за маска.Имавме од оние пластичните(гумени)маски ама ја изгубивме,а и како и да е веќе беше мала.Е сега сакам да прашам пошто пак ќе купувам каква да земам?Од оние платнените или пак ваква?Како е најдобро?И некој добар чешел за добро вадење влакна,ми се свиѓа еден многу е добар ама немам во моментов 3000 да дадам за тоа,па некој добар предлог ама поевтина варијанта?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Кој е тој чешел од 3000 денари?
 
L

Lu

Гостин
Кој е тој чешел од 3000 денари?
Веројатно мисли на Фурминатор :)
Ај една препорака од вас за маска.Имавме од оние пластичните(гумени)маски ама ја изгубивме,а и како и да е веќе беше мала.Е сега сакам да прашам пошто пак ќе купувам каква да земам?Од оние платнените или пак ваква?Како е најдобро?И некој добар чешел за добро вадење влакна,ми се свиѓа еден многу е добар ама немам во моментов 3000 да дадам за тоа,па некој добар предлог ама поевтина варијанта?
Јас имам платнена од Trixie ... задоволна сум од маската :)
Имам Cane Corso женско , сеа на 6ти јуни ќе прави 10 месеци. Некој што знае да ми каже на колкава возраст може да се пари? Имам еден другар има машко 18 месеци е неговото и планираме да ги спариме но незнам се плашам да не е уште мало 10 месеци.
Јас би те советувала, најрано парење на женката да биде на 1,6 година.
Пред 1,6 година година не би ти препорачала да ја париш, бидејќи сеуште се развива телото.
Значи парење за женка најрано на 1,6 година или трет циклус.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Ако станува збор за фурминаторот ако го чувам може да се договориме за поповолна цена од горе пишаната ;)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Да на фурминатор мислев,ми понудија од кај мене тука од еден пет шоп нешто слично на тој за упола цена,па не знам колку е добар,ќе размислам.Само заборавив од која фирма ми рекоа.
Епа и јас гледав такви маски,тогаш таква ќе земам,фала
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
62
Поени од реакции
9
Пит Бул кога го добива максималниот загриз и лаеж на колку месеци ? Не ми е за давење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom