Здраво, да се пофалам земав шарпланинче старо 50 дена и нема шанси од сега да влезе некој во двор одма го гледа и пробува да лае дури и на сенки
Е јас имам друг проблем, незнае да си игра освен да каса веке ми е страв и да го погалам, парче ми ги напраи рацеве, дали ке му помине или да му покажам кој е АЛФА ?
И уште нешто, кога му се даваат калциум таблетите за да не стане као чарли чаплин во нозете.
Играј си постојано со него, немој поради тоа што те гризе, да избегнуваш да си играш.
Најважно е кутрето додека е мало да свати дека ТИ си АЛФА, а најдобро и најлесно може да му се поставиш како Алфа е преку игра.
Значи без покажување на сила или ќотек, туку преку игра
Моментот во играта е тоа што само Алфата во глутницата (или во конкретниот случај семејството) има привилегија да прави што сака и кога сака, или со други зборови само Алфата може да му ја земе играчката / храната на кучето кога и да посака
Ти преку игра ќе му покажеш дека ти си Алфа, ќе му ги зимаш играчките кога и да посакаш, фрлај му топчиња и нека ти ги враќа ... значи најбитно е да има постојана комуникација сопственикот и кучето преку игра, така ќе имаш прекрасен миленик.
И кога му даваш храна ОБАВЕЗНО додека јаде пружи му рака, погали го, брцни ја раката во храната додека јаде ... никако несмее да ти р'жи.
Сите овие трикчиња ќе ти помогнат да станеш Алфа на најлесен и најдобар начин.
И серазбира прочитај ја темата
Алфа статус
А калциум почни да му даваш од 2 месечна возраст, Калциум Мултивит е најдобар, се дозира 1 таблета на 10 килограми телесна тежина.
И серазбира квалитетна исхрана.
Веќе ти честитав за Шарпланинчето, сега останува уште да го видам
Здраво, имам еден проблем со моето куче. Старо е една година, а од 2 месеци го чуваме, незнам точно што раса е овчарско куче е некое, ама проблемот е што кога иде некој он не лае туку си седи ко ништо да не е.
Пред тоа мислевме дека оти е мал уште неможе да се прилагоди, ама веќе една година има, а он многу ретко да лае кога иде некој, ако спие не се ни замара да види кој е. Како да направам за да почне да лае???
Вистински чувар никогаш не лае