Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако веќе зборуваме за искреност.. мислам дека треба да сме искрени дека навивачите на Манчестер се повеќе исплашени од Интер, отколку навивачите на Интер од Манчестер, бидејки нас ни фали едино Валтер Самуел.. а имаме доста замени.. можеби не како него.. но доволни.. а додека вас ви фали половина од одбраната и кога на тоа ке се додадат дека ви фалат и одбрамбените резерви.. тогаш вие сте во голем хаос и паника!! Е сега што има јаки на уста од фан клубов овде од Манчестер тоа е друго.. јас зборувам за оние навивачи на Манчестер кои пред се го разбираат фудбалот.. оние англичаните.. а исто така има и интервју на Фергусон во кое вика доколку бирав тим за пртивник во 1/8 финале тоа сигурно немаше да биде Интер.. е сега ако сеуште се правиш дека не си ич загрижен.. или дека мислиш ние сме повеќе од тебе.. се лажиш бе брат.. тоа е.. вие сте ослабени.. и молете бога да постигнете барем еден гол.. оти секако ке примите.. сакале или не.. насила ако треба.. :toe::smir:

П.С. И веќе потврдено: Валтер Самуел ке го пропушти Манчестер!!
Абе се убаво тоа за вашите резерви бла бла бла....
Не се правам дека не сум загрижен,ама не сум ни песимист. Лани издрживме напаѓачки фудбал од Барселона, а Интер кој во Европа сезонава е далеку понеубедлив од Јунајтед не ме плаши толку многу. Најискрено повеќе сум загрижен од среќата која може да ја има Жозе во вакви натпревари против Јунајтед отколку напаѓачката моќ на Адриано и Ибрата.
И самиот кажа дека и нашите одбранбени резерви се повредени, и нормално дека ке има место за паника. Кој не би паничел во ситуација како нашата. Тоа ти е исто да остане Мурињо без Самуел, Кордоба и Матераци, и да може само да ги игра Киву и Бурдисо. Сигурен сум дека ќе играше Невил ако не беше повреден, место Рафаелчо.
Но со оглед на провоцирачката моќ на Кики и (да бидеме реални) глупавоста на Мунтари, очекувам интересна борба на десната страна, зачинета со доста жар и борба. Сепак ке биде интересен натпревар.
А за интервјуто на Ферги дека не сакал Интер да му се паднат, искрено не очекував да паднеш на тоа. Па зошто не го кажа тоа после ждребката, туку сега 4 дена пред натпревар во кој нема да има тројца стандардни првотимци. Го симнува малце по малце притисокот од играчите и додава фаворитизам на Интер. Веќе видено, не знам само како не го забележа.
А ако нејќе да влезе топката како што мн пати знаела да прави за Интер сезонава, тешко дека и твојот драгоцен господ ке помогне да влезе во гол.
Како и да е ке честитам прв на темава ако поминете ЗАСЛУЖЕНО.
 
Нема ЗАСЛУЖЕНО еден оди еден испаѓа и тоа е тоа. Нокаут средби во кои ќе има многу работа и за судии и дискусии што би било како би било. Јас ќе ви честитам, како и да поминете, заслужено, среќно, дискутабилно... Сеедно е.

Иначе за играта на Интер во Европа годинава, далеку е од споредба тој период кога играа лошо и дома и во групата, и сега кога формата е одлична. За разлика, лани игравме супер во тој дел, но почнавме да паѓаме пред мечот со Ливерпул. Жозе очигледно точно ја темпираше формата.
 
Абе се убаво тоа за вашите резерви бла бла бла....
Не се правам дека не сум загрижен,ама не сум ни песимист. Лани издрживме напаѓачки фудбал од Барселона, а Интер кој во Европа сезонава е далеку понеубедлив од Јунајтед не ме плаши толку многу. Најискрено повеќе сум загрижен од среќата која може да ја има Жозе во вакви натпревари против Јунајтед отколку напаѓачката моќ на Адриано и Ибрата.
И самиот кажа дека и нашите одбранбени резерви се повредени, и нормално дека ке има место за паника. Кој не би паничел во ситуација како нашата. Тоа ти е исто да остане Мурињо без Самуел, Кордоба и Матераци, и да може само да ги игра Киву и Бурдисо. Сигурен сум дека ќе играше Невил ако не беше повреден, место Рафаелчо.
Но со оглед на провоцирачката моќ на Кики и (да бидеме реални) глупавоста на Мунтари, очекувам интересна борба на десната страна, зачинета со доста жар и борба. Сепак ке биде интересен натпревар.
А за интервјуто на Ферги дека не сакал Интер да му се паднат, искрено не очекував да паднеш на тоа. Па зошто не го кажа тоа после ждребката, туку сега 4 дена пред натпревар во кој нема да има тројца стандардни првотимци. Го симнува малце по малце притисокот од играчите и додава фаворитизам на Интер. Веќе видено, не знам само како не го забележа.
А ако нејќе да влезе топката како што мн пати знаела да прави за Интер сезонава, тешко дека и твојот драгоцен господ ке помогне да влезе во гол.
Како и да е ке честитам прв на темава ако поминете ЗАСЛУЖЕНО.

Абре лани игравте против една раскарана Барселона, игравте против екипа која очигледно беше дека нешто не чини кај неа.. па од страна на Рајкард дури беше форсиран Бојан Кркич, а на клупа седеа Деко и Роналдињо!! А тоа дека Жозе имал среќа против Манчестер не се согласувам, бидејки неговиот скор е 6-4-1, што значи не можиш на срека да добиеш 6 натпревари.. можиш само еден.. значи во случајов некој друг бил срекен.. токму Фергусон.. со голот на неговото милениче Флечер кое дава по два голови годишно.. значи среката била на другата страна како што можиш да видиш..
Тоа дека Мунтари е малку глупав и можи да наседни е точно, и затоа мислам дека токму Занети ке биде директен чувар на Роналдо, а не Мунтари..
А дали Фергусон симнува притисок незнам ни јас ни ти.. нити дали се плаши од Интер.. бидејки кога им беше доделен Интер за Манчестер можеа да настапуваат и Видич и останата компанија.. а сега остана само фердинанд.. што значи не е исто.. притисок покрај оној задолжителен на страната на Интер како домаќин има сега и на страната на Фергусон да најде нешто.. да измисли како да се справи со оваа ситуација.. која богами и не е лесна.. Годинава само на еден натпревар на Интер топката не сакала да влези и завршил 0-0, така да мислам немаме проблем со реализацијата.. впрочем сме тим со најмногу постигнати и најмалку примени голови во серија А, така да.. мислам а и убеден сум дека ке постигнеме и против еден ранет и хендикепиран од старт Манчестер..
 
Првата утакмица која ја имаше Мурињо против Јунајтед беше прво коло сезона 2004/2005. Мурињо имаше ОГРОМНА среќа да игра против десеткуван состав на Јунајтед кој во средина играа Џемба2X, Лиам Милер,, Рој Кин беше централен дефанзивец, Гигс играше во напад со Смит. И одвај тепаа Челзи 1-0 со еден пувлив гол на Гудјонсен. Манчестер напаѓаше и напаѓаше, но Жозе е Жозе нели?
Интересно е што сите победи што ги има Мурињо против Ферги беше во фамозната смена на генерации на Јунајтед помеѓу продажбата на Бекам и созревањето на Роналдо во вистински фудбалер и лидер на тимот. Алал нека му е затоа како ги склопи сите играчи во Челзи, затоа не праам муабет.
Потоа иде тоа фамозното четврт финале со Порто против Јунајтед. Сите ја знаеме приказната, да не зборуам џабе.
Тоа ти се веќе две клучни утакмици против Манчестер во кој тој има неверојатна среќа.
Едната почеток на сезона против резервите на Јунајтед а другиот во нокаут натпревар.
Додека таа победа што ја кажуваш ти со голот на Флеч беше во момент кога Челзи водеше со 8-9 поени на врвот. Башка и победата беше чиста како солза. Среќа ја не гледам нигде.
Барса колку и да беше раскарана, покажа дека знае да игра фудбал и они беа единствениот противник кој беше најблиску до куткање на Јунајтед. Колку и да беа раскарани, изиграа машки и последните 10 мин Манчестер се бранеше.
И не знам колку знаеш ама Интер нема тепано во официјален натпревар против Јунајтед, нешто што исто ви оди во прилог за во вторник. Полесна мотивација and shit....
А вие сте тим со најмногу постигнати и најмалце примени голови во Италија, Европа е друга приказна.
 
Смена на генерации? Каква е таа смена на генерации? Заминувањето на Бекам, кое и не се почуствува, и доаѓањето на Роналдо тебе ти е смена на генерација? Звучиш како оној Чомбе од вашиот фан клуб.. е ај така нека биде.. смена на генерации.. додека победуваше Мурињо.. ај сега кажи ми што имаше додека пред Мурињо 2-3 сезони Арсенал газеше се пред себе во Англија.. тогаш каква смена имавте? На фитнес трењери? Немој молимте со тие муабети.. смена на генерации.. а онаа сезона.. не знам колку години имаш.. дали си ја следел.. кога отпаднавте од групата од лига на шампиони завршивте на 4 место.. не отидовте ни во куп на уефа.. тогаш каква смена имавте? Не е тоа смена на генерација.. тоа е се нашол некој во тој момент подобар од вас.. подобри тактички замисли.. подобра организација.. прво Арсенал.. потоа Челзи.. а за пред тоа не паметам оти Англиско првенство не даваа никаде во МКД на ТВ, едноставно даваа Италијанско и Реал - барса дербито.. е дури после оние дуели Арсенал - Манчестер.. оттогаш почна да се дава и да пратиме ние англиско.. смена на генерација.. тикви зелени..
А за дуелот Интер - Манчестер.. на првата утакмица која ја добивте 2-0 тој вашиот голман Шмајхел се скапа од бранење, фати се што можеше да се фати.. и мислам дека време е за реванш.. се е погодено оваа година да се случи тоа.. имате доста повредени, суспендирани, ние го имаме Мурињо, лани бевте шампиони, а шампионот никогаш не ја одбранил титулата... едноставно се е погодено за вие да отпадните.. и мислам дека така ке биде.. е после ке слушаме како викате.. имавте повредени ова она.. и тоа е така.. јас нема да речам немавте.. но тоа е фудбалот.. нема назад.. а ние предолго чекаме за оваа титула за сега да ја испуштиме оваа предност во однос на вас.. на овој ослабен манчестер..
 
Да, Шмајхел самиот го елиминираше Интер, не ми се веруваше што гледав тогаш. Не оди оправдувањето за негативниот скор на Ферги со Мурињо, каде среќа имал, каде смена на генерации... едноставно човекот му наби резултат па сега ќе видиме дали нешто од тоа Ферги ќе врати. Предноста ни е на Меаца заради атмосферата и моменталните проблеми на Манчестер и тоа мора да се искористи. Еве нешто што изјавил Мурињо, од Вечер е, незнам од кај име цитирано:

Мурињо: Ѓаволите го имаат најдобриот контранапад на светот

7F12D1E622121048898CDB3C5DC0FEB6.jpg
Тренерот на италијанскиот првак Интер, Жозе Мурињо пред прва 1/8 финална средба со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони, се обиде да ја нагази топката. Португалскиот стручњак го определи контранападот на Манчестер Јунајтед како најдобар на светот.

- Не сакам моите фудбалери да се чувствуваат под притисок, сакам да се насладуваат на својата игра и првата работа што ќе им ја кажам е да веруваат во своите способности дека можат да победат, изјави Мурињо, кој додава:

- Го знам Јунајтед од 2004 година, тие го имаат најдобриот контранапаѓачки тим на светот и можат да го убијат својот противник во пресвртот од одбрана во напад. Тие го имаат Бербатов, кој има фантастични технички квалитети, Роналдо, Руни, Тевес и Парк, кои можат да направат предност. Нашата концентрација треба да биде насочена кон нив.

Добра вест за Мурињо може да биде дека тренерот Алекс Фергусон не ќе може да смета на одбранбениот играч Џони Еванс. Тој го повреди глуждот пред крајот на саботната средба со Блекбурн. За Фергусон ова е голема главоболка, бидејќи има мошне мал избор на одбранбени играчи. Немања Видиќ е казнет, Весли Барун и Гери Невил со сигурност отпаѓаат, па централната одбранбена двојка ќе ја сочинуваат Рио Фердинанд и Џон О'Шејн.

Натпреварот меѓу Интер и Манчестер Јунајтед ќе се одигра утре во Милано.
 
Смена на генерации? Каква е таа смена на генерации? Заминувањето на Бекам, кое и не се почуствува, и доаѓањето на Роналдо тебе ти е смена на генерација? Звучиш како оној Чомбе од вашиот фан клуб.. е ај така нека биде.. смена на генерации.. додека победуваше Мурињо.. ај сега кажи ми што имаше додека пред Мурињо 2-3 сезони Арсенал газеше се пред себе во Англија.. тогаш каква смена имавте? На фитнес трењери? Немој молимте со тие муабети.. смена на генерации.. а онаа сезона.. не знам колку години имаш.. дали си ја следел.. кога отпаднавте од групата од лига на шампиони завршивте на 4 место.. не отидовте ни во куп на уефа.. тогаш каква смена имавте? Не е тоа смена на генерација.. тоа е се нашол некој во тој момент подобар од вас.. подобри тактички замисли.. подобра организација.. прво Арсенал.. потоа Челзи.. а за пред тоа не паметам оти Англиско првенство не даваа никаде во МКД на ТВ, едноставно даваа Италијанско и Реал - барса дербито.. е дури после оние дуели Арсенал - Манчестер.. оттогаш почна да се дава и да пратиме ние англиско.. смена на генерација.. тикви зелени..
А за дуелот Интер - Манчестер.. на првата утакмица која ја добивте 2-0 тој вашиот голман Шмајхел се скапа од бранење, фати се што можеше да се фати.. и мислам дека време е за реванш.. се е погодено оваа година да се случи тоа.. имате доста повредени, суспендирани, ние го имаме Мурињо, лани бевте шампиони, а шампионот никогаш не ја одбранил титулата... едноставно се е погодено за вие да отпадните.. и мислам дека така ке биде.. е после ке слушаме како викате.. имавте повредени ова она.. и тоа е така.. јас нема да речам немавте.. но тоа е фудбалот.. нема назад.. а ние предолго чекаме за оваа титула за сега да ја испуштиме оваа предност во однос на вас.. на овој ослабен манчестер..
Хех, јао човече не знаев дека и ова можам да го прочитам.
Па се почна од продажбата на Бекам бе, нешто незаменливо на теренот и надвор од него. Се гледа дека не си гледал англиски фудбал и не знам зошто се бламираш кога не знаеш. Секоја акција тргнуваше од Бекам, кога не му одеше на Јунајтед оп Бекам слободен, оп Бекам успешен корнер, оп Бекам пас од 50 метра и асистенција и тн...
Исто пред Мурињо кога Арсенал ја имаше онаа непобедлива сезона беше првата година после неговата продажба, па после дојдоа проблемите со Рио и допинг тестот. И се тоа си зема замав. Значи две сезони Арсенал не газел туку една.
Исто така отпаѓањето од групите беше во тој период,и ти најдобро треба да знаеш дека се случува да отпаднеш од групите(иако тоа беше првпат за Јунајтед во последните 10 години). Твојот скапоцен Интер со глупчото Закерони го прими од Арсенал на Меаца 5-1 и не ги помина групите. Ама ај отидоа Куп на Уефа, нешто за кое сметам дека е натпреварување за ЛУЗЕРИ и позадоволен сум кога скроз ке отпаднат од Европа.

Го видовме Жозе кога се склопи сложувалката, сезона 2006/2007.
И ај сеа како во 6 одд коа им викав на другарите, абе не е фер голманот се уби од бранење затоа не тепавме. Немој молим те со тие муабети.

За другото се сложувам дека сите коцки се наместени за победа на Интер, уште еден факт дека Жозе има среќа кога се во прашање куп натпреварите против Јунајтед.
 
Значи и Рио имал суспензија не било само заминувањето на бекам.. викаш се почнувало од него а.. да.. добар беше.. прецизен центар шут.. но јас не го негирав тоа.. туку ти реков не се почуствува неговото заминување толку многу.. ти иако фан на мачестер мислиш дека се било до него.. јас колку што гледав.. а не ме интересирало англија во минатото.. мислам дека многу повеке патевте кога замина рој кин отколку бекам.. немавте замена за него.. исто така го имавте гигс.. кој беше класа.. го имавте кол и јорк.. а бекам си е бекам.. не беше којзнае колку незаменлив.. освен ако ти не мислиш така.. и јас мислам како фергусон го продаде.. ако беше незаменлив немаше да го продаде на 27-28 год.. незнам колку имаше.. не е ни битно.. исто како и нистелрој.. не беше незаменлив.. го продаде.. зошто не го продаде рој кин кој го играше преку својата 30 година, зошто не го продава Сколс? Гигс? Невил? други се фудбалерите во манчестер кои се незаменлвии.. не бекам манекенот..
За интер кога загуби од Арсенал дома во истата група го победи 0-3 во гости, на таа во милано беше без трењер.. а не закерони.. помошникот ја водеше екипата..
и да ти кажам би играл секоја година во куп на уефа.. отколку како што велиш ти секоја година да не играм никаде.. бидејки никаде ти е подобро од уефа..
 
И ај сеа како во 6 одд коа им викав на другарите, абе не е фер голманот се уби од бранење затоа не тепавме. Немој молим те со тие муабети.

Тоа комплимент беше за голманот не детски муабети. И тука се покажува класа, одличен голман може да те протурка низ многу нокаут средби. Памтам еднаш Толдо кога имаше над 20 одбрани со Валенсија, повеќето ракометни голмани немаат таков просек.

Незнам дали си го гледал натпреварот, ама Шмајхел полуде начисто тогаш. Штета што барем досега немаше ништо на youtube, можеби пред мечов некој носталгичар ќе се сети и ќе извади некој клип од нафталин.
 
Значи и Рио имал суспензија не било само заминувањето на бекам.. викаш се почнувало од него а.. да.. добар беше.. прецизен центар шут.. но јас не го негирав тоа.. туку ти реков не се почуствува неговото заминување толку многу.. ти иако фан на мачестер мислиш дека се било до него.. јас колку што гледав.. а не ме интересирало англија во минатото.. мислам дека многу повеке патевте кога замина рој кин отколку бекам.. немавте замена за него.. исто така го имавте гигс.. кој беше класа.. го имавте кол и јорк.. а бекам си е бекам.. не беше којзнае колку незаменлив.. освен ако ти не мислиш така.. и јас мислам како фергусон го продаде.. ако беше незаменлив немаше да го продаде на 27-28 год.. незнам колку имаше.. не е ни битно.. исто како и нистелрој.. не беше незаменлив.. го продаде.. зошто не го продаде рој кин кој го играше преку својата 30 година, зошто не го продава Сколс? Гигс? Невил? други се фудбалерите во манчестер кои се незаменлвии.. не бекам манекенот..
За интер кога загуби од Арсенал дома во истата група го победи 0-3 во гости, на таа во милано беше без трењер.. а не закерони.. помошникот ја водеше екипата..
и да ти кажам би играл секоја година во куп на уефа.. отколку како што велиш ти секоја година да не играм никаде.. бидејки никаде ти е подобро од уефа..
Исто и патевме од заминувањето на Рој Кин кој ете по некоја коинциденција заборавив да го спомнам, а беше исто во тој период за кој ти зборувам на смена на генерации. И тоа на среде сезона бе бачко. Избркан од Ферги ради неговата изјава на телевизијата на Јунајтед каде ги критикува О Ши,Смит Ричардсон и Флечер дека се играчи кои не заслужуваат да го носат црвениот дрес. Значи на фудбалски план спремниот Кин си замина ради неговата педерска изјава.
Тоа ти е исто сега да го избркаат Занети од Интер, знаеш ли само колку ке страда тимот. Им го нема лидерот,капитенот, оној кој секогаш дава максимум, оној кој е пример за младите, оној кој има искуство за сите 10 останати играчи.
Кол и Јорк си заминаа пред Бекам нив не ни ги спомињам оти нивното заминување не ни се осети ради феноменалниот Руд.
Иначе Бекам беше продаден ради тоа што полека полека мислеше дека станува поголем од самиот клуб, нешто што Ферги не може да го прости и со право. Истата судбина ја доживеа и Нистелрој,Стам. Не беа продадени оти на играчки план беа јаки, нивното его стануваше неподносливо. Бекам беше продаен на 28 години, а сезоната 2002/2003 која му беше последна му беше најдобрата сезона во дресот на црвените ѓаволи. Ферги ризикуваше, и ете по три сезони трпење порази од Венгер и Жозе се врати на голема врата и ја освои првата титула со новата генерација предводена од Роналдо и Руни, а далеку потпомогната од ветераните Гигс,Сколс и Невил кои во секој случај се незаменливи ради нивната скромност,искуство и љубов кон клубот.

Така да ете тоа ти е смена на генерации. Ти да не мислиш наеднаш да се мењаваат 11 играчи, само тоа ли е смена???

Тоа комплимент беше за голманот не детски муабети. И тука се покажува класа, одличен голман може да те протурка низ многу нокаут средби. Памтам еднаш Толдо кога имаше над 20 одбрани со Валенсија, повеќето ракометни голмани немаат таков просек.

Незнам дали си го гледал натпреварот, ама Шмајхел полуде начисто тогаш. Штета што барем досега немаше ништо на youtube, можеби пред мечов некој носталгичар ќе се сети и ќе извади некој клип од нафталин.
Ги имам сите видеа на двд, не се убава снимка ама јеби га. Сега не моќам да ги аплоадирам, здравје кога ке имам асален интернет. Иначе го гледав натпреварот, тоа беше фудбал. А за Шмајхел немам зборови. Таа 1999 година нема никогаш да ја заборавам.:vozbud:
И тогашниот Интер беше многу јак, со Заморано и Салас во шпицот. :)
 
Првата утакмица која ја имаше Мурињо против Јунајтед беше прво коло сезона 2004/2005. Мурињо имаше ОГРОМНА среќа да игра против десеткуван состав на Јунајтед кој во средина играа Џемба2X, Лиам Милер,, Рој Кин беше централен дефанзивец, Гигс играше во напад со Смит. И одвај тепаа Челзи 1-0 со еден пувлив гол на Гудјонсен. Манчестер напаѓаше и напаѓаше, но Жозе е Жозе нели?
Интересно е што сите победи што ги има Мурињо против Ферги беше во фамозната смена на генерации на Јунајтед помеѓу продажбата на Бекам и созревањето на Роналдо во вистински фудбалер и лидер на тимот. Алал нека му е затоа како ги склопи сите играчи во Челзи, затоа не праам муабет.
Потоа иде тоа фамозното четврт финале со Порто против Јунајтед. Сите ја знаеме приказната, да не зборуам џабе.
Тоа ти се веќе две клучни утакмици против Манчестер во кој тој има неверојатна среќа.
Едната почеток на сезона против резервите на Јунајтед а другиот во нокаут натпревар.
Додека таа победа што ја кажуваш ти со голот на Флеч беше во момент кога Челзи водеше со 8-9 поени на врвот. Башка и победата беше чиста како солза. Среќа ја не гледам нигде.
Барса колку и да беше раскарана, покажа дека знае да игра фудбал и они беа единствениот противник кој беше најблиску до куткање на Јунајтед. Колку и да беа раскарани, изиграа машки и последните 10 мин Манчестер се бранеше.
И не знам колку знаеш ама Интер нема тепано во официјален натпревар против Јунајтед, нешто што исто ви оди во прилог за во вторник. Полесна мотивација and shit....
А вие сте тим со најмногу постигнати и најмалце примени голови во Италија, Европа е друга приказна.
Прв натпревар на Мурињо против Манчестер му беше со порто 2003/2004 год со Порто и извлече нерешено на Олд Трафорд:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom