Тоше Проески - неколку чудни работи ве молам споделете мислење

  • Креатор на темата Креатор на темата dzimialeksov
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа е тоа, што толку прост народ имаме наместо да се фокусира на темата, тој се фокусира на единствената грешка во правописот и се прави смешен и интересен.

Која тема бе црна несреќо? Од легни си поспиј, не се бламирај срамота е...
 
Епа тоа е тоа, што толку прост народ имаме наместо да се фокусира на темата, тој се фокусира на единствената грешка во правописот и се прави смешен и интересен.

Ај пошто ти си многу паметниот, прекини да ги игнорираш постовите кои не ти идат у прилог на теоријата. Како овој подоле.

Јас се откажувам (за да мислиш дека победи како претходно со тој шо си го закопал)
Ѕвер! :cuc:

Онака чисто формално, освен песни од Тоше, имаш слушано нешто со слична предвидувачка тематика?
1. Текстовите кои ги напиша Тоше ја престакжуваат иднината (Тоше не е автор на тие текстови)
2. Цреша комплетно ја отслукува иднината (Песната не ти била негова)
3. Oстанува my little one како последен аргумент.
 
Значи вака луѓе. Коментарите како: остај те го на мира, помири се, не треси глупости и сл. не се добредојдени така да неморате воопшто да трошите време за коментирање на истите. Темава ја отворив за луѓе кои имаат малку време за размислување и согледување на неколку неразјаснети работи. Да почнам вака: по занимање сум музичар, пејач и баш пред некој ден додека вежбав ми дојде ненадејна песна, цреша од нашиот Тоше. Пееќи ја забележав неколку чудни морничави работи кои дури сега кога ги пишувам буквално се наежив.. Наоколу се ширеа гласини дека Тоше е убиен дека Тоше ја предвиде смртта и сл. Ајде малку да подискутираме, не смее загубата на еден таков човек да остане неразјаснета. Додека власта троши пари на негови споменици наместо да вложи во истрага народот останува со збунета глава. Секако тој ( ние ) ќе зборуваме цел живот, секој со свое мислење, но ова е нешто кое е неразјаснето и е страмота некој да не прави будала. Се уште не е откриена ниту причината ( Причината беше пребрзо возење на возачот кој возеше нова кола со јака технологија и не успеа да забележи влечак НА АВТОПАТ ?! ) Ве молам луѓе доста е. Тоше се возеше во Туорег а не во фиќо. Каде е логиката ? Едноставно не постои не е можно... Како и да е да се фокусирам на темата.
Погледнете го следното:

кога мора да одам им реков
се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива

Да појаснам. Тоше беше добро познат по неговата хуманост па логички е зошто го копирав овој дел. Но што е морничаво тука ? " КОГА МОРАМ ДА ОДАМ ИМ РЕКОВ. " - Каде ?

се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива

Сите ние сме познати по својата лакомост, па вели нека земе што му треба секој но црешата да ја најдам жива. На што е симбол црешата ? Се вратив во 2ро одд. кога цртавме дрва на училиште ( така наречена грозд техника ако добро се сеќавам ) и на секоја гранка пишувавме член од фамилијата. Можеби црешата е само симбол на фамилијата ? Но зошто тоше би сакал ова да го каже на прикриен начин ?

Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами

Токму на овој дел се мрднав. Колку пати сум ја пеел и никогаш не сум обрнал доволно внимание. Сите ние добро знаеме дека Тоше не е со нас. Сите ние добро знаеме дека се уште е мистерија како го загуби животот. Прочитајте го делот:

"кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами" и анализирајте.

Дали навистина неговиот живот е продаден, од луѓето кои добро ги знаеме, кои немаат совест и чест. РАЗМИСЛЕТЕ. КОЈ ПЛОВИ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ СОСЕМ МИРНО И БЕЗ СРАМ ?

Само ветерот гласот го слуша
ко ехо се врати пак в душа

Дали Тоше пробуваќи да ни проговори преку песна се разочарал бидејќи не успеал ? Дали никој не го слушна она што сакал да го каже, па сето тоа останало кај него без да биде чуено ?

убава песна не сака баш секој
и на славеј камен фрла некој

Има ли потреба да разјаснам ? Ја растури естрадата на балканот србите и хрватите коси корнеа по неговиот глас. Морничаво. Колку коментари сум прочитал и сте прочитале каде луѓето велат не требаше да се родиш на балканот. Зошто ? Заради тоа што можеби токму тука владее најголемата мафија ? Зошто вели убава песна не сака баш секој ? И на славеј камен фрла некој ?
Но кој...

Не е небо ова што ви нудат
не е сонце ко злато што свети
ако можат би го продале Бога
а на нив само еден ќе им суди

Доколу прочитавте до овде се тогаш би ви било едноставно според мое мислење да го сватите ова и да се огорчите од луѓето, односно од НЕ-ЛУЃЕТО. Дали овој стих се конкретизира на неговото "убиство" ? Дали им се обраќа на луѓето кои му ја скроија судбината ? Дали им вели дека парите не се небо и сонце ? Болно... Ако можат би го продале Бога - Токму така, таквите луѓе .... немам зборови јасно е.
Но да НИВ ЕДЕН ЌЕ ИМ СУДИ.

И уште едно нешто.
Знам дека ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ е песната која го наежи секој кој ја слушна зато што е од последниот албум и морам да признаам дека е најдепресивната песна што некогаш ја имам слушнато. Знам дека за оваа песна се дискутирало многу но, ако прочитавте се нагоре ова уште толку ќе го разгори пламенот.

Да можам бар да се разбудам
во свет на љубовта без стари долгови

Долгови ?

и тие сеништа
во чекор што ме демнеат

Сеништата се само симбол на луѓето кои го демнеа доволно долго за да го спроведат својот план ?
Ако го погледнете неговиот последен албум многу од песните се депресивни и чудни за разлика од претходните. Зошто ? Тоше беше цар за балади да но секогаш имаше неколку песни кои го топлат срцето. Скоро и да нема такви во последниот албум...
Погледнете ги песните. Има Илјадници луѓе кои сеуште трагаат по одговорот на оваа мистерија чест ми е да бидам еден од нив. Чест ми е да се борам против неправдата, па така го поздравувам секој кој што стигна до овде со читање. Споделете мислење и борете се против неправдата во оваа држава затоа што е вгнездена од корени...
ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ...

Creepy

Има нешто чудно во се ова и у тоа никој не може да ме разубеди.
Само жално е како има мн луѓе, од кои се изненадувам дека повеќето се млади, како може така лесно да им се перат мозоците.
Има нешто чудно во неговата смрт и мн работи неразјаснети...само за жал... вистината отиде со неговото заминување....:(
 
Мене ме интересира што се случи со Сотир Лалевски?
Зошто Сотир го снема од нашата музичка сцена, тивко и ненадејно, без објаснување, без збогум, без трага и глас, исто како никогаш и да не постоел? Кој му кумуваше на неговото мистериозно исчезнување?

И немојте ве молам со тие површни објаснувања, демек типот сфатил дека не го бива и затоа си се тргнал, на тоа можат да паднат само некои испрани мозоци, неспособни да ја согледаат целата слика, неспособни да ја осознаат вистината скриена позади сите тие матни и нечесни игри.
Неспорно е дека дечкото поседуваше вонсериски талент, извонредни вокални способности, ангелски лик, чудесен шарм, необична харизма која ги маѓепсуваше широките народни маси.

Кому му пречеше сето тоа? Кој го прогони Сотка од нашата естрада, кој ја згасна неговата музичка ѕвезда, кој го осиромаши нашето естрадно небо, небо на кое се`уште треперат многу квази ѕвезди кои никогаш нема да блеснат како Сотир?

Низ градов едно време се вртеа муабети дека позади сето тоа стои една личност позната во музичките кругови под псевдонимот Џеј Џеј. Имено дотичниот Џеј Џеј изреволтиран од фактот што Соте не сакал да потпише договор со неговата продукција, решил да го искористи своето влијание и моќ и користејќи се со ниски удари и сопки, успеал да ја згасне Сотировата кариера уште на самиот изгрев. "Aко не можам јас да го имам Сотир во моето јато, никој нема да го има" - наводно тоа биле неговите зборови.
Јас не знам колку има вистина во ова, но затоа барам од одговорните институции да си ја завршат совесно работата и да го откријат виновникот.

Крајно време е вистината да исплива на површина, крајно време е да се исправи суровата неправда која му беше нанесена на Сотир!
 
Ај пошто ти си многу паметниот, прекини да ги игнорираш постовите кои не ти идат у прилог на теоријата. Како овој подоле.

Ај прочитај го сам како прво и после пишувај ми мене. Зошто би го игнорирал и зошто да не ми ИДЕ У ПРИЛОГ ? од можни три аргументи кој сам си ги постави првите два ги поништи а на третиот замижи. значи ?
 
Мене ме интересира што се случи со Сотир Лалевски?
Зошто Сотир го снема од нашата музичка сцена, тивко и ненадејно, без објаснување, без збогум, без трага и глас, исто како никогаш и да не постоел? Кој му кумуваше на неговото мистериозно исчезнување?

И немојте ве молам со тие површни објаснувања, демек типот сфатил дека не го бива и затоа си се тргнал, на тоа можат да паднат само некои испрани мозоци, неспособни да ја согледаат целата слика, неспособни да ја осознаат вистината скриена позади сите тие матни и нечесни игри.
Неспорно е дека дечкото поседуваше вонсериски талент, извонредни вокални способности, ангелски лик, чудесен шарм, необична харизма која ги маѓепсуваше широките народни маси.

Кому му пречеше сето тоа? Кој го прогони Сотка од нашата естрада, кој ја згасна неговата музичка ѕвезда, кој го осиромаши нашето естрадно небо, небо на кое се`уште треперат многу квази ѕвезди кои никогаш нема да блеснат како Сотир?

Низ градов едно време се вртеа муабети дека позади сето тоа стои една личност позната во музичките кругови под псевдонимот Џеј Џеј. Имено дотичниот Џеј Џеј изреволтиран од фактот што Соте не сакал да потпише договор со неговата продукција, решил да го искористи своето влијание и моќ и користејќи се со ниски удари и сопки, успеал да ја згасне Сотировата кариера уште на самиот изгрев. "Aко не можам јас да го имам Сотир во моето јато, никој нема да го има" - наводно тоа биле неговите зборови.
Јас не знам колку има вистина во ова, но затоа барам од одговорните институции да си завршат совесно работата и да го откријат виновникот.

Крајно време е вистината да исплива на површина, крајно време е да се исправи суровата неправда која му беше нанесена на Сотир!

Ахахахахха ѕвер, најсмешно нешто што го имам прочитано неделава. Како не те мрзеше романов да го напишеш. Се смеам ко мрдната.
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 15:13 ---
Ај прочитај го сам како прво и после пишувај ми мене. Зошто би го игнорирал и зошто да не ми ИДЕ У ПРИЛОГ ? од можни три аргументи кој сам си ги постави првите два ги поништи а на третиот замижи. значи ?

И чекај сеа уствари главниот сргумент се сведе на My little one? На една песна? Абе ајде.
 
Ахахахахха ѕвер, најсмешно нешто што го имам прочитано неделава. Како не те мрзеше романов да го напишеш. Се смеам ко мрдната.
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 15:13 ---

И чекај сеа уствари главниот сргумент се сведе на My little one? На една песна? Абе ајде.

Исто како и другиот пак немаш што да одговориш. Ако ја разбуричкаш темава ќе најдиш и подетални информации за сите песни, а ако сакаш да дискутираш со тоа што ќе ја прочиташ темата ...
И колку што не се смееш за романот погоре тоа чудно едно... Ако се смееш за туѓото мислење, за кое што пишувало на интернет порталите, тогаш ти си мрдната ...
 
Дечак ај без вреѓање.
Јас да најдам и подетални информации не за многу песни, туку за СИТЕ песни, пак сум сигурна дека теоријава ти е срање. Ти рекоа 100 пати дека текстот на песните не го има напишано Тоше. Се нервирам со вакви луѓе кои се прават негови фанови, а вадат бесмислени некакви си заговори.
 
Во пола песни на Alice In Chains се зборува за смрт, па Лејн умира 10 години од кога ги напишал.
Горе убаво те прашаа, човек што би знаел дека ќе го убијат ќе земе песни да пее за да се спаси? Дај малце уозбили се. Ќе држеше вода да пишеш дека е сомнително и не веруваш дека е несреќен случај, али склопката се ебе со ова што го пишуваш дека он ЗНАЕЛ дека ќе го убијат, па ајде песнички ќе си пејам, може преку нив ќе се спасам.
На 90% од аргументите немаш одговорено, се фаќаш за My Little One само, да чудна е ама секогаш луѓето после некој настан интерпретираат некоја песна или порака како што им одговара, слична глупост како со нумерологијата кога ќе фатат да го дрват стапот.
 
Добро е шо го утепаа тоа србите. Со такви композитори само маките му ги скратија.
 
Теоријава вришти

Аха направи два концерти во Белград, мора да го убиеме

Многу ми е жал за авторот на темава познавам и други ко него, за жал не може да им се помогне, ќе си бидат такви цел живот
 
Добро, што е мистериозно во сообраќајка предизвикана од уморен возач и зачукуење во шлепер со 190 км/х?
 
Добро, што е мистериозно во сообраќајка предизвикана од уморен возач и зачукуење во шлепер со 190 км/х?

Како на шоферо и на лила не му стана ништо а тој загина на лице место.
Божја работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom