К
Кои се тие родители-сатанисти, кои детето би го однеле на крштевка, при Христа?
Нема што родителите да го носат. Ако тој/таа е доволно возрасен за да го запознае Христос и да поверува во Него, тогаш тој/таа сигурно веќе знае да оди, а дури и да е инвалид, тој сигурно е во комуникација со некои од Црквата кои би можеле да му помогнат со крштевањето.
.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 01:28 ---
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 01:28 ---
.
Инаку сеа видов дека праите муабет за секуларноста на Македонија. Македонија само де јуре е секуларна, а де факто власта ја фаворизира и се побратимува со МПЦ. Власта за МПЦ е мајка, за Католиците, ИВЗ, евреите и Методистите е маќеа, а за сите останати верски заедници е баба рога
Кажете ми колку е тоа секуларна нашата држава, кога власта и подарува бесплатни земјишта на МПЦ? (а покрај неа им дава и џамии на ИВЗ само за да не креваат востание.) Останатите верски заедници, не само што ги попречува дури и со свои пари да си изградат објекти, туку едноставно не им дава маркица за изградба на верски објект со образложение дека во инфраструктурата на оваа општина не е предвидено тоа.
Кажете ми колку е тоа секуларна нашата држава, кога власта ја стави богословијата на МПЦ под буџетска капа и лукаво ја вметнаа во Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, ко бајаги придружна членка, ама со сите права на конститутивна членка. Ем сите да ги плаќаме поповите, ем тие да ни решаваат за високото образование, за научни проекти, за избор на професори. Следно е уште по еден владика да стават во секој факултет и да не вратат во средниот век кога свештениците го држеле општеството во интелектуален мрак.
Каква е таа секуларна држава каде што агенти на одредена верска заедница (поповите на МПЦ) ја отвараат студентската година? Оова се случуваше неколку години по ред на првата средба со бруцошите во салата Борис Трајковски. Ако некаде е НАЈПОТРЕБНА секуларноста, тоа е Универзитетот, тоа се студентите.
Далеку сме ние од вистинска секуларност, ама морам да признам и многу ме радува што во последно време гледам едно отрезнување особено кај помладите, почнуваат да сфаќаат, да ги прошируваат видиците, да се ослободуваат од традиционални суеверија и стравови, да размислуваат со свои глави. Верувам дека социјалните мрежи допринесоа за ова, како прозорец преку кој можат да ѕирнат и надвор, да прочитаат разлчни ставови, да споредат, да критикуваат. Има надеж за Македонија. Сакам да сум оптимист