Мешаш две работи кои во коренот се исти,а во насоката се различни.Ние меѓу себе може колку сакаме да се критикуваме и исмеваме за македонштината,ама не би чуствувале навреда.
Но доколку ја навреди македонштината некој припадник на друг етнос,тогаш баш ке не заболе.
Премногу си наивен за да веруваш во ова што го кажуваш.. ама ај..
реков дека мешаш баби и жаби...
Еве последните примери од паролите и палењето на знамето на фудбалските натпревари,сигурно сваќаш на што мислам.На такви работи верувам дека никој од Македонците кои реално се чуствуваат така не би останале рамнодушни.
Епа сеа одма да ти кажам.. мене баш ме заболе дали го палеле македонското знаме албанцине на фудбалски натпревар или не, и обратно... Неписмена багра, јали македонска, јали албанска .. не ме тангира... Реално јас се чувствувам така, а верувам дека има и многу други што се чувствуваат така, јали македонци, јали албанци...Да се „палеа“ американцине на тоа шо пола свет знамето им го пали кај ќе стигне и кога ќе стигне, до сега не рогови, него се живо и диво ќе срамнеа со земја.. ама ај тоа е веќе друга тема...
Така да тоа „Реално“ треба малку пореално да го согледаш....
И знам дека нема да сфатиш, но ти како сакаш..„
Нацијата, национализмот и патриотизмот се измислени категории и поими, не се природно дадени еднаш - засекогаш. Некад биле полезни и извршиле силно влијание при формирање на нациите-држави т.е. на модерните држави онакви кавки што ги познаваме денес. Тоа се детски болести во денешно време, што не значи дека некаде на земјинава топка не можат сеуште да вродат со плод. Денес се смешни и непотребни и создаваат само дополнителни проблеми и тегоби на светов што неконтролирано се движи напред без да се преиспита.“
А ти реков:
Наравоучение: секој е философ за она што не го познава, а мисли дека го знае само затоа што има одреден несуштински дел од сегашноста на која и припаѓа
така да.. то ти е то... а ти како сакаш.. никој ништо со сила не те тера...
Впрочем убо рекле римјаните (Цицерон) некад... „Summum jus, summa saepe injuria - Најголемото право предизвикува најголема неправда“, така и со национализмов т.е. патриотизмот и правата поврзани со ова.... помисли се малку на ова, па нека не те чуди тогаш со кое право албанците си земаат да палат македонско знаме на фудбалси натпревар, и да скандираат Голема Албанија, а од дрга страна, со кое право па ние бараме историски национален континуитет од пред Александар, барок и неокласицизам, голема македонија и сл исл.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 00:38 ---
Поточно кажано од генерација во генерација сме се повеќе разгалени.Па кој имал повеќе ние или комитите,ние или партизаните.Гладни,жедни се бореле за да створат пристојно место под сонцето за мене и тебе.
Оф како мешаш баби и жаби... цццц....
Да ти дојдам сеа тебе дома, и да ти ставам пиштол на чело и да ти праам финти со руски рулет, ќе мислиш на тоа како да преживееш и да ме совладаш или на тоа колкав патриот си?
Едно е нагон за преживување (тоа и животните го имаат), а друго е патриотизам, национализам.
Тука со животните сме исти.. имаме нагон за преживување, а за патриотизам и национализам секој може од дома од пред РС да филозофира за тоа колкав патриот е и што е тоа патриотизам, а што национализам.
А животните немаат сенс за дом, за заедница, за општество и држава.. така да сеа ти види и преиспитај се што е што...
Трпеле се,дури и животите ги дале, а ние со што им се оддолжуваме.А како би стекнал повеќе,ако се пишеш друга националност,од тоа што си.
А ти со што им се оддолжуваш на претците? Со тоа што им попуваш на другите какви патриоти и националисти треба да бидат и им држиш предавања за тоа што е национализам, а што патриотизам?
Ако си добар патриот и националист, онда биди верен кон „претците твои“ и излези на улица и на транспарент исплукај го бароков и неокласицизмов што се фура по Скопјево, оти твоите претци појма немале што е едното, а што другото (и тоа во време кога и едното и другото веќе во светот си создале основа и се пишувале во определена литература, за која, на жалост, нашите претци биле тотално неписмени дека сето тоа воопшто некој го запишал), а сега некој на голема врата ти ја деформира националната свест и културната наобразба за која што токму тие „претци“ за кои што ти зборуваш се бореле да ја добиеш.