Темата е многу дрско поставена. Мислам дека обидувајќи се да смените некој проблем, не сфаќате дека вие сте проблемот. Не зборувам за сите матуранти генерално. Истото што го "правите" сега, го правевте пред една недела за екстерното тестирање. Собирање петиција, сајбер протести, сајбер глупости. После кога поминаа екстерните се пофаливте дека не било толку лошо, дека ете и се препишувало.
Имало и нефер работи. Секогаш ќе ги има. Лесно е да речиш - еј абе професорот што не чуваше нас не ни дозволи да мрдниме додека во другата училница се скапаа од препишување. Во ред е, се тоа. Но зошто се жалите? Ако сте научиле за оценката што мислите дека ја заслужувате, зошто би препишувале и би му верувале на другиот? Што ако професорот ви дозволил да препишите?
Лесно е да обвинете друг. Сите во глобала обвинуваме други луѓе и работи за нашите неуспеси и им ги препишуваме на овој или оној.
Неправедна државна матура... А тек факултетот? Цел факултет ќе го поминете неправедно, секогаш ќе се случи колегата "да ги имал прашањата", ќе се случува (и тоа често) да слушате реченици од типот "абе само сношти учев и 10ка извадив". А ти си се скапал од учење две недели. Тоа што вие го изнесувате како проблем, постоел и секогаш ќе постои.
Да не мислите зборувам за некои далечни времиња и немам врска, јас полагав матура во 2010. Есејот по англиски го утнав цел, требаше да одбериме производ од Македонија и да го презентираме на некој саем со три причини зошто сме го одбрале тој производ. Јас не го сфатив прашањето така, туку мислев дека треба да напишеме три причини зошто Македонија е убава и ја презентираме негде во странство. Нормално ко локал патриот си пишав за Охрид, најубав град, ваков таков... храната, луѓето. Излегов од полагање и кога ги слушав другите што пишувале, сфатив дека сум ја згрешил темата. Не ми беше мака. Ја имав погодено структурата, внимавав на ракописот, текстовите со подредување и сличните, ги прочитав милион пати (лесно е сега да ги видите истите на матура.гов и да ги решите од дома), како што на следната генерација ќе им изгледа лесен вашиот тест.
Брат ми полагаше оваа година, тој ми го спомна истото прашање за Небиднината, па како сите три одговори можеле да бидат точни. Па можеби тоа е вашето бонус прашање, каде трите одговори ќе ги земат во обзир како точни без разлика а, б, в?
Сите положуваат матура, другар мој излезе од полагање македонски и рече - текстот мој е за на Мотика да го стават. И тој положи, сите положивме.
Така и оваа година, сите ќе положите, голема е веројатноста да имате пониски оцени по Македонски, но доволно добри за да влезете во државна квота на факултетот кој го сакате (нормално, ако сте ги имале сите петки дотогаш).
Додека читавте можеби се прашавте што сум добил англиски со промашен есеј... Затоа и влегов на темава, да се пофалам (и да ве утешам) само не сакав прееска да не бидам директен. 97 перцентили имав, што значи само 5-6 души од цела гимназија имаа повеќе од мене.
And remember...
[/quotТи благодарам за мислењето. Без навреди и тоа се бара. Поздрав .
Побарав од македончињата мислења, а не навреди.