Најстариот човек на светот почина на 116 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Николина
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Јапонецот Џироемон Кимура, кој беше признаен од Гинисовата книга на светски рекорди како најстариот жив човек на светот и најстар маж воопшто, почина од природна смрт на 116 години. Кимура од Кјотанго, Јапонија, е роден на 19 април, 1897 година. Почина во една локална болница каде се лекуваше од пневмонија.
Според Гинис, Кимура беше првиот маж што доживеал старост од 116 години. Кимура стана најстариот маж воопшто на 28 декември, 2012 година кога имаше 115 години и 253 дена, надминувајќи го светскиот рекорд на Кристијан Мортенсен, дански имигрант во САД кој живееше од 1882 до 1998 година.

Титулата најстар жив човек сега ја држи Јапонката Мисао Окава од Осака која има 115 години. Окава, родена на 5 март, 1989 година, е признена како најстарата жена на светот.
"Џироемон Кимура беше исклучителен човек", изјави Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на светски рекорди. "Како единствениот маж што доживеал 116 години и најстар човек за кој можеше да се потврди датумот на раѓање, за него навистина има посебно место во светската историја."
Градот Кјотанго соопшти дека погребот на Кимура ќе се одржи утре.
"Господин Кимура од секогаш бил и секогаш ќе биде богатство на нашиот град, нашата земја и нашиот свет", изјави градоначалникот Јасуши Накајама.


gty_jiroemon_kimura_jef_130419_wblog.jpg
 
Што нема видено во животот човечето. Лесна му земја.
 
Нека ми прости господ гревовите али ме насмеа сликата кога ја видов :pos:
 
Нека ми прости господ гревовите али ме насмеа сликата кога ја видов :pos:
AAAAAA... сакам уште малку
три века живот...старт во 19 век... го истрчал цел 20 век...стигнал на целта во 21 век
кој животен маратон луѓе, на колку наредни олимпијци ова ќе им биде
недостижен сон во натпреварот наречен живот. Титулата останува кај овој.
 
а од кај знае кога е роден?
 
Ај еднаш нека одлуча кој е најстар човек, оти вакви вести скоро секоја недела излегуваат и што е најтрагично наредниот на 117 че умри.
 
Абе ајде гледај го каков е... се спасил човеков. Залепен за кревет во пелена и го хранат со кашички... Подобро 70 години на нозе него 150 во кревет. ебем ти живот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom