Николина
Teacher
- Член од
- 14 август 2010
- Мислења
- 5.509
- Поени од реакции
- 5.821
Јапонецот Џироемон Кимура, кој беше признаен од Гинисовата книга на светски рекорди како најстариот жив човек на светот и најстар маж воопшто, почина од природна смрт на 116 години. Кимура од Кјотанго, Јапонија, е роден на 19 април, 1897 година. Почина во една локална болница каде се лекуваше од пневмонија.
Според Гинис, Кимура беше првиот маж што доживеал старост од 116 години. Кимура стана најстариот маж воопшто на 28 декември, 2012 година кога имаше 115 години и 253 дена, надминувајќи го светскиот рекорд на Кристијан Мортенсен, дански имигрант во САД кој живееше од 1882 до 1998 година.
Титулата најстар жив човек сега ја држи Јапонката Мисао Окава од Осака која има 115 години. Окава, родена на 5 март, 1989 година, е признена како најстарата жена на светот.
"Џироемон Кимура беше исклучителен човек", изјави Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на светски рекорди. "Како единствениот маж што доживеал 116 години и најстар човек за кој можеше да се потврди датумот на раѓање, за него навистина има посебно место во светската историја."
Градот Кјотанго соопшти дека погребот на Кимура ќе се одржи утре.
"Господин Кимура од секогаш бил и секогаш ќе биде богатство на нашиот град, нашата земја и нашиот свет", изјави градоначалникот Јасуши Накајама.