Кој ќе го земите од Копер,Кривокапиќ?

со стомакот,одвај оди кутриот....не зафркавајте.....
Реално вистинските играчи шо вредат во Словенија или играат во странство,или допрва ќе играат како Мачковшек,Доленец итн...е ова се бекови кои требаше да ги бркаат нашите екипи,ама реално далеку се....иако според парите кои ги фрлаат за 3,4 играчи кои лапаат солидна плата а играат малку,или воопшто не играат а уште помалку нешто придонесуваат можат да земат еден ваков бисер...зошто да не?
Сепак за вакви играчи треба да се искешира добра оштета....нешто шо нашите тимови досега не го правеа....се се земаат некакви избркани играчи,играчи кои беа на залез на кариера,или пак играчи кои дошле како анонимуси па напрајле некое име на овие простори,со секоја чест на исклучоците,ги има но не премногу за жал....
На Вардар му требаат екстра класа играчи,играчи кои би направиле некоја разлика со своите игри,се друго веќе го имате...
Не знам шо е муабетот со Русинот и дали е официјално неговото влегување како спонзор..
Ако е,ако навистина носи некои играчи од Русија,единствено шо би било добро за Вардар е некои од играчите на Медведи..
Но познавајќи ги Русите,и какви вложувања имаат тешко дека ќе дозволат некој од нивните клучни играчи да замини од екипата...сакаат цела таа репрезентација да им е на купче,ете го вратија и еден Атман од Минск....

Се знае кои се тие играчи кои вредат,не знам на кои играчи мислат дека ќе ги носат...?
Чипурин е пикериште,но речиси е невозжожно да го пуштат...без него е незамислива играта на Медведи....
Негова замена Евдокимов,грамада од пикер,иако доста тромав,сепак би бркал работа за Вардар,колку да го одмени Столе,нешто шо го прави доста солидно и во Медведи,но и овај тешко дека ќе замини од Русија...
На десен бек играчот околу кој се тепа пола Европа,Шелменко...е ова е десен бек.....
Аслањин,негова замена,лани ќе го земеше Вардар,ама излезе тежок папучар дечково...не е лош играч,иако малку низок за десен бек,повеќе на крило личи...
Од другите тимови можеби и има некои таленти,ама дека можат да купат некој квалитет се сомневам,најверојатно ќе бидат некои вечити таленти....

видовме на шо личи нивната втора екипа,Металург ги шлакаше со 20 ина разлика ...паднат е рускиот ракомет,се шо вреди се зема во Медведи и то е се....
Подобро парите шо ќе ги вложи Русинот да го бапнат на 2 врвни играчи пред се лев и десен бек,отколку да купуваат 7,8 играчи....како Лазовиќ и компанија....
Сепак се ќе зависи од новиот тренер....