По прашање кој е јасно - сите

Како? Е тоа е добро прашање, гледам фрчат семинари на оваа тема а верувам дека и оние кои ги држат се дунстери. По повеќе од 15 години од стариот закон појма немаа ни за него а не па за новиот
Ако начинот не е дефиниран со други подзаконски акти тогаш веројатно останува на сила Уредбата за канцелариско и архивско работење (ако не грешам од 96-та) и стариот правилникот, а со тоа и заодлжителните елементи се точно дефинирани.
Стариот закон и подзаконските акти предвидуваа водење на хартиена архива (без забрана за електронска нормално како оригинална/изворна), а мислам дека истата каков закон и да донесат ќе продолжи да се води по старо. Едноставно немаме капацитет да донесеме квалитетни прописи за водење на електронски архиви ... тоа е малку повеќе изнад „нашите“ познавања, можности и пред се желби
Ако грешам и некој има сознанија за нови уредби и правилници ве молам куцнете 2-3 реда па ќе продолжиме со разговорот.
Интересен извадок од новиот закон кој го објаснува мојот коментар дека немаме познавања:
Член 15
Имателот на електронски архивски материјал во аналоген формат, е должен да направи дигитална копија за секој електронски документ.