Здраво на сите,
Имам неколку прашања и ве молам за побрз и секако попрецизен одговор:
1. Вработен сум (со постојан работен однос) имам понуда од странска фирма за дополнителна работа (надвор од работниот однос - приватно), од искуство знам дека во Македонија кога се работи за Македонски фирми тоа може да се регулира со Договор за дело во кој ќе се утврди дали фирмата или јас сам ќе си го платам персоналниот данок од 10%, при што со потврдата од фирмата во УЈП се поднесува годишна даночна пријава - ГДП.
но немам искусто со странкси фирми, дали некој има и/или знае како е процедурата?
2. Дали има ограничувања на нето приходот оставен од дополнителна-повремена дејност (пример максимум 1.000.000 ден и над тоа да мора да се регистрира фирма)?
3. Во продолжение е и моето второ прашање, некаде сретнав дека како физичко лице можам да испраќам фактура на странски фирми при што како даночен број ќе стои мојот матичен број потоа истата таа фактура треба да се приложи во УЈП за пресметка на персоналниот данок - дали е ова точно?
4. Вработен сум (со постојан работен однос) и размислувам да отворам и своја фирма (за работа со странски фирми - ИТ услуги), на форумов најдов дека порано било дозволено да основам фирма која ќе нема вработени, потоа со закон било предвидено да има минимум еден вработен но тој закон наводно паднал на уставен, дали некој ја има најновата информација за ова? т.е дали фирмата треба или не да има вработени?
- Планирам да оснивам фирма на која ќе бидам воедно и управител.
Ви Благодарам
--- надополнето: 15 мај 2013 во 14:35 ---
Здраво на сите,
Уште едно прашање поврзано со основачите/сопственици на фирми:
1. Дали осовачот/сопственик на фирма кој не е вработен во истата и има назначено управител да раководи со фирмата има право над финансиската добивка од фирмата и на кои се даноци подлежи?
Пример: фирмата има 2000евра, дали може да му исплати дел пример 1000евра на сопственикот и по кој основ, и на кои се даноци подлежат фирмата и соспственикот?
2. Дали сопственикот на фирма (споменат погоре) има право и одредени привилегии со плаќање на соодветни даноци да присвои/откупи имот од својата фирма или постапката е иста како и за секој “странец“ што сака да го купи имотот од фирмата.
Пример: Фирмата има дуќан (што не го користи - но тоа не е важно) и сосптевнокот го сака на свое име наместо на име од фирмата.
Логично (барем за мене) е сопственикот на фирмата да има одредени прифивлегии, зошто инаку би основал фирма ако нема корист?
Ви благодарам,