Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Всушност локалните избори го дадоа резултатот.

Да, посебно во општината каде најголем дел од проектов го зима своето место.
Порасипана плоча од муабетот: "Овие барем прават нешто, другите само крадеа" не постои. Ама се е во склоп на Македоскиот кукавички ген. Седи си мирно, било и полошо. Така и било кога другите краделе. Сите си ќутеле. Впрочем, како што и се ќути за целиот кичерај што се реди низ Скопје во обид да се смени целосно колективната свест.
 
Не може ни да се наброи што се е направено последниве 7-8 години.
за секое дете,бесплатни книги,
Не е се од последните години. Ова е од едно друго време, од друга влада. Сега се продолжи со извесни проблеми пред некоја година. Не ги испечатија за 2-3 различни класови па децата цела година учеа од диктирано во тетратки. Сепак се продолжи со бесплатните учебници.
во секое школо има компјутер за секое дете
Во секое школо не видов компјутер. Немаше кога одев на родителска оти најверојатно немаше ни зашто да стои и да фаќа место. Која е реална потреба од компјутер на секоја маса?
бесплатно здравство,
здравството беше бесплатно уште од Титово време. Инаку недајбоже некому да затреба некоја интервенција.
Секаде нешто се гради реновира
каде и што се гради и реновира. Неколку кружни текови, паркчиња во средина и по една биста?
Еве школото во мојата населба е сеуште во бараки од земјотресот па до скоро кога врнеше ставаа леѓени. Амбуланата исто е во барака од земјотресот, со никакви услови.
 
Си видел или нашол некаде податок колку само нови апарати има купено за потребите на здраството.
Секаде нешто се гради реновира,во секое школо има компјутер за секое дете,бесплатни книги,бесплатно здравство,индустриски зони.....................
Не може ни да се наброи што се е направено последниве 7-8 години
А опозицијата освен еден реновиран проширен пат Скопје-Тетово-Гостивар не памтам да има нешто друго направено.А заборавив да пишам дека само крадеа и сси ги полнеа чебовите со народни пари.
Доста ве лажат,тргнете го оглавот и гледајте со свои очи и мислете со своја глава.

Кааааааааааааааааааде бе со вакви мислења бе?

Каде се реновира се и се гради бе? Точно, се нешто се фалат, прават, градат, џа, бу, но кај се резултатите од тоа бе? Колку нови патишта имаат направено? Што е со железницата? Гасификација? Кај им се тие толку најавувани економски зони со стотици нови фабрики? Колку има отворено до сеа, 10?

Се гради, ако глеаш Сител, кај што на вестите се најавува, секој ден, цитирам: Нова фабрика од областа на автомобилската индустрија/металургијата/електрониката е пред потпишување на договор за соработка...

Ма немој да ме јебеш! „Нова фабрика...“. Жими таквото фабрика. Да има нешто конкретно ОДМА ќе излетаат со име, како што беше случајот со Субатра Рој или тој од Катар.

Па она со учеството во „Јужен тек“ чинам дека е најголемата лага што ја исфорсираа минатиов период. Сеа оној од Гаспром упорно вика нема да има крак за Македонија, нашиов министер вика: Не од март ќе потпишеме, не од мај, не од октомври...

Да не ја тупиме многу со офтопик, темава е сепак за Скопје 2014, но морам уште ова. Здравството било добро. ОЗБИЛНО? ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА БИЛО ДОБРО?

:pos:

Не дај Боже да ти бидне нешто па да мораш да се влечкаш по нашиве болници, не дај Боже. Не познавам човек кој се пофалил од нашево здравство, а имал искуство со него. Џабе е тоа млатење празна слама на Тодоров!

Ако тие во минатото биле лоши, зошто се споредувате со нив?

И за болдов, следи поговорката: Магарето му вика на зајакот: „Глеај колкави уши имаш.“

Аман мислете со своја глава бе луѓе, не бидете зауздни и да гледате само напред, во еден правец, како што ви пропагираат. :(
 
Нормално дека има провинцијалци кој завршиле факултети со ист успех, можеби и помал од некој скопјани, но се снашле некако и истите провинцијалци работат според струката шо ја завршиле, а пак некои скопјани работат нешто сосема трето.... шо нема врска со тоа шо го учеле и на што изгубиле еден прериод од животот исклучиво на то. И не реков дека тоа е оправдано, сепак треба повеќе да се ценат способноста и знаењето, а не партиската книшка...
Јас инаку не чувствувам гнев кон обичните скопјани, ниту ве мразам, луѓе како луѓе, не сте вие криви за то шо живејте подобро од луѓето од провинциите... тоа е поврзано со моменталната политика.. Но, и провинцијалците не се криви за то што во огромен број земаат бг пасоши и одат во ЕУ, или пак се преселуваат во Ск по подобар живот... гледај малку реално.

Гледајќи ги колегите на факс, не би рекол дека баш се запуштени тие што доаѓаат од другите градови да студираат во Скопје.
 
Мислев на опозицијата,која никако и никаде не може да се вклопи и ништо не им одговара.
Што се однесува до интелектуалните умови сватија дека не се на вистинскиот пат па се вклопија во средината и го прифатија мислењето на повеќето.

Muabetot ne mi bese za intelektualnite umovi kako arhitektite i umetnicite, muabetot mi bese za onie od tipot na visokoobrazovni kadri kako doktori, farmacevti, inzenjeri, znaes, onoj kadar koj e vitalen kolku tolku da ne bideme drzava vo klinicka smrt. Takvitte kadri si odat i ne se vrakaat, i poleka stanuvame zemja na penzioneri koi ne mozat nisto da storat ponatamu i abdali cija brojka se poveke i poveke se zgolemuva.
 
Неможам да поверувам дека реплицирате со сиот ум :)
Локалните избори точно кажаа кој е мнозинство и на каде иде земјата со какви размислувања, кои се новите сили и со каква љубов застануваат во одбрана на проектите. Критичка мисла оддамна не се прифаќа кај нас. Повлечете се, оставете ги да уживаат во сопствените дела и размислувања. Нема простор ни за дискусија, ни за поправање на нештата. Нека идат до крај во секој сегмент, слободно. Власта и народот се слика прилика, тоа не треба да не вреѓа. На кој не му се допаѓа нека си иде, за да не ве најдат виновни после завршување на претставата :)
 
Најлесно е да се рече остави. Од оставање се што е клучно и стратешко е во рацете на странци, а народот работи за леб. Како е тргната рабтоава за едно 10 години, а можеби и порано и она малку капитал што останало ќе го немаме. Утешно ќе биде тоа што најмногу ќе наебат тие во администрација.
 
Лекција по економија, експлотација и модерно ропство... 51% - the cheap way to keep in control

Лекција по економија, експлотација и модерно ропство... 51% - the cheap way to keep in control

Точно така.
Луѓево не се свесни што ги чека допрва.
Затоа треба во устав треба да се напиши дека нема да се земаат кредити. Ама не верувам дека некој ги има the guts да го направи тоа.

Него FARANG сте се модернизирале вие таму рок слушате, не сте повеќе на џубокс.:D:D:D
 
Најлесно е да се рече остави. Од оставање се што е клучно и стратешко е во рацете на странци, а народот работи за леб. Како е тргната рабтоава за едно 10 години, а можеби и порано и она малку капитал што останало ќе го немаме. Утешно ќе биде тоа што најмногу ќе наебат тие во администрација.

Ние сме апатично и цинично општество, исполитизирано и поделено, неорганизирано и самобендисано, неписмено и себично. Ние ниту имаме сила да промениме нешто, а како што гледаме немаме ни желба. И таа се губи со тек на време. Особено со резултати од 95%, се што си посакал да промениш, го оставаш нека го изеде времето.
Никад нема да се сменат кај нас работите во тоа сум убедена. Почни од 93та година со приватизацијата, ни еден масовен штрајк, ни еден. Потоа продолжи со децентрализацијата и заврши со денешниов криминал и копаничариве, споменичариве или како и да сакаш наречи ги. Кога на вакви силни потреси не се обединивме, за гтц барок во никој случај. Плус на 95% од населението и гтц со форма на шоља да им го направиш ќе речат ДА.
Крени раце не се нервирај. Не вреди дел од мозокот да користиш за на некој ваков лик да му објаснуваш твое мислење. Не вреди. Тоа е исто како на дарди да му објаснуваш за меѓуетнички односи, на реален за став околу името, на лион за економија, итн.
 
Ајде леа, чаша Тга и опушти се...

--- надополнето: 10 јуни 2013 во 13:16 ---
Точно така.
Луѓево не се свесни што ги чека допрва.
Затоа треба во устав треба да се напиши дека нема да се земаат кредити. Ама не верувам дека некој ги има the guts да го направи тоа.

Него FARANG сте се модернизирале вие таму рок слушате, не сте повеќе на џубокс.:D:D:D

Ма нек си тера и џубоксот, јас сум за повеќе избор
 
Побрзо и полесно ќе преобратиш ѓавол во ангел.
Доказ за тоа е лично татко ми(комуњар со тапија).Опозицијата му вденала дека ништо не чини и не можеш да го убедиш во спротивното.Заглавил како расипано цд и постојано повторува едно исто.
 
Добро бе, темата е Ск2014... Што потреба да пишуваш дали татко ти е комуњар или не?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom