Си видел или нашол некаде податок колку само нови апарати има купено за потребите на здраството.
Секаде нешто се гради реновира,во секое школо има компјутер за секое дете,бесплатни книги,бесплатно здравство,индустриски зони.....................
Не може ни да се наброи што се е направено последниве 7-8 години
А опозицијата освен еден реновиран проширен пат Скопје-Тетово-Гостивар не памтам да има нешто друго направено.А заборавив да пишам дека само крадеа и сси ги полнеа чебовите со народни пари.
Доста ве лажат,тргнете го оглавот и гледајте со свои очи и мислете со своја глава.
Кааааааааааааааааааде бе со вакви мислења бе?
Каде се реновира се и се гради бе? Точно, се нешто се фалат, прават, градат, џа, бу, но кај се резултатите од тоа бе? Колку нови патишта имаат направено? Што е со железницата? Гасификација? Кај им се тие толку најавувани економски зони со стотици нови фабрики? Колку има отворено до сеа, 10?
Се гради, ако глеаш Сител, кај што на вестите се најавува, секој ден, цитирам:
Нова фабрика од областа на автомобилската индустрија/металургијата/електрониката е пред потпишување на договор за соработка...
Ма немој да ме јебеш! „Нова фабрика...“. Жими таквото фабрика. Да има нешто конкретно ОДМА ќе излетаат со име, како што беше случајот со Субатра Рој или тој од Катар.
Па она со учеството во „Јужен тек“ чинам дека е најголемата лага што ја исфорсираа минатиов период. Сеа оној од Гаспром упорно вика нема да има крак за Македонија, нашиов министер вика: Не од март ќе потпишеме, не од мај, не од октомври...
Да не ја тупиме многу со офтопик, темава е сепак за Скопје 2014, но морам уште ова. Здравството било добро. ОЗБИЛНО? ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА БИЛО ДОБРО?
Не дај Боже да ти бидне нешто па да мораш да се влечкаш по нашиве болници, не дај Боже. Не познавам човек кој се пофалил од нашево здравство, а имал искуство со него. Џабе е тоа млатење празна слама на Тодоров!
Ако тие во минатото биле лоши, зошто се споредувате со нив?
И за болдов, следи поговорката: Магарето му вика на зајакот: „Глеај колкави уши имаш.“
Аман мислете со своја глава бе луѓе, не бидете зауздни и да гледате само напред, во еден правец, како што ви пропагираат.
