Па види сега вака, оваа партија шо е сега на власт вложува во Скопје, тоа се забележува по новите фасади, споменици, нови градби.... На некој му се допаѓа тоа, на некој не, сепак тоа е ствар на вкус, исто како шо некој иако е роден и живее во Лондон, сепак појќе му се допаѓа да речиме архитектурата во некој Индиски град, но фактот е дека за било кој скопјанец оваа влада одговара, во Скопје барем се вложува, платите се неколку пати поголеми од било кое друго место во Македонија, во Скопје се одржуваат најважните културни настани... со еден збор се приметува разлика во животниот стандард помеѓу луѓето во Скопје и луѓето од "провинциите" во Македонија. Така, кај нас "провинцијалците" се појавува некој вид на завист кон скопјани, па еден просечен провинцијалец си мисли, оти да можи некој од Скопје да работи како обичен келнер и да зема + 15 000 плата месечно, а јас пак за истата работа да земам - 6000 плата, си мисли зошто еден скопјанец да можи да живее во град каде што се вложува (нема да кажам дали новите градби изгледаат лошо или не, но лично мене сето то ми заликува помалку на Дизниленд, односно на место кое е интересно за мали деца во предшколска возраст, и им се радуваат на градбите), а ние да шетаме во градови со асфалт ставен уште од времето на Тито..... секако, постои можноста секој да се пресели во Скопје, но постои и можноста да се земе бугарски пасош и да се оди во една вистинска европска метропола каде пасошот ти отвара можност да живееш и работиш таму..... искрено, некој да сака сега да се пресели во Скопје, му требаат најмалку 500 евра во старт, а отприлика толку требаат и за земање бугарски пасош.... така некои се доселуваат во Скопје (тоа е оправдано) а се повеќе земаат бг пасош и одат во Еу (и тоа оправдано)......
Да не бидам ептен офтопик, иако мене лично не ми се допаѓа новото Скопје, на некои им се допаѓа, исто според СителТВ има и многу странци кои и се восхитуваат на новата скопска архитетура.... тоа значи дека се работи за личен вкус.... Но, фактот е дека во Скопје сепак многу се вложува, и има разлика помеѓу животот на еден скопјанец и животот на еден провинцијалец.... тоа е добро исклучиво за граѓаните на Скопје.... а се сложувам дека другите градови изумираат и дека постепено се зголемува бројот на бугари кој одат надвор од Македонија, дека се зголемува бројот на албанци кој остануваат во Македонија..... до 2020 год, може се да се случи, но никој не може да ги обвинува и да ги мрази од дното на душата тие што зеле бугарски пасош...
Од една страна го поддржувам Скопје 2014 поради подобриот живот на Скопјани како и за вложувањето на изгледот на Скопје како град, а од друга страна не го поддржувам Скопје 2014 оти ние од провинциите сме на некој начин приморани да одиме некаде надвор или да се преселиме во Ск.