Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Јас сум за прво СК да се среди „налицка“ па потоа да се среди ифрастуктурата и поврзаност на внатрешноста со СК. СК сакале или не е слика на МКД. Од тоа нема бегање. Прилеп мене ми изгледа доста среден овие неколку години. Штип, Струмица, Гевгелија исто. Треба малку реални да бидете тоа се сепак мали градчиња и мислам дека е соодветно инвестирано во нив. Тоа што таму никој неќе да инвестира и отвори работни места е затоа што се мали. Нема ни доволно едуцирана работна сила за нешто поголемо ниту пазар.

за жал така размислува и Владата. Само има еден проблем. Бројот на Македонци во сите градови (освен Скопје) се намалува, а бројот на Албанци, Бугари и Роми ненормално се зголемува. Ти свесно сакаш градовите како Битола и Прилеп да згаснат, проблемот е што и владата се движи во таа насока.
Немањето едуцирана работна сила се решава многу лесно и релативно едноставно. Една брза железница Скопје - Велес - Прилеп - Битола во должина од 140 км. Со тоа едицираната работна маса ќе можи од Скопје до Битола да стаса за помалку од 1 час. Небитно тоа.

Бројот на Бугари во И.Македонија во 2002 бил 2000, а во 2012 биле 70000. Бројот на Албанци се зголемува после Кичево и Струга следни се Куманово и Охрид. А бројот на Македонци се намалува. 400 000 Македоци се иселиле после осамостојувањето. До 2020 уште толку ќе се иселат.
До 2020 единствен македонски град ќе остани само пола Скопје со ваков терк на настаните.
Тоа е вистината. Следниот пат кога ќе дојдиш Македонија , прошетај малку и надвор од едната половина на Скопје.
 
За брзата железница се слагам. Тоа треба да се направи.

Неќам да згаснат малите градови, напротив јас сакам затворено Скопје ама ајде тоа е веќе друга приказна. Сметам дека Битола си ја уништија битолчани а другите градови во МКД живеат во рамките на својте можности. Пак ќе кажам светски тренд е да се иде на мега градови и метрополи. Едноставно денес град под 300 000 тешко функционира дали во МКД дали во европа или азија сеедно.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 21:51 ---
Ако за нешто потрошиле 700 милиони, а ние сакаме да го рушиме, тогаш кој е глупиот? :D

Види го нивното види го нашето. Освен белата боја и мала сличност со фасадата јас не гледам некој сличности. Види тој објект каде е граден и како се совпага со околината види го МОБ.
 
Ќе го преземеводството.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 21:25 ---

Таква :гомце::гомце::гомце: може САМО опозицијата да смисли и направи.
Време е да почне да се чисти ѓубрето од државава за да нема проблеми како во Турција

Ako sakas da ja iscistis drzavata od sekoj koj ne razmisluva kako tebe togas si gi osudil na propast site intelektualni umovi koi se nadez za idnite generacii. Bez niv Makedonija ke ostane vo racete na debilite koi ne znaat sto znaci zborot strategija i idnina i koi ke moraat samite da se spravat so predizvicite. No ako imaat nekakov IQ moze ke sfatat deka site koi mozele nesto da storat za nivna korist ili se iselile ili se iselile.
 
Најсмешни ми се некои кога викаат дека ГТЦ бил симбол на градот и споменик на културата :pos: Трговски центар симбол на еден град,па макар тој град е и Скопје..бедно,очајно би било..едно време се инатеа кога искочи веста за рушење на бараките Чичко Стоилко..почнаа со верзии колку тие бараки биле култни за Скопје :icon_lol: абе да пукнеш од смешки.. како стари Скопјани се чекале таму..или како се залапале за прв пат у ГТЦ..и ајде,ГТЦ култно место било :icon_lol:

Уф, не сум те запазила тебе, ама се истуфкаф вака касно...

Мене, пак, многу ми е смешно кога кумановци пукаат од смеа у врска со симболи и споменици на културата во Скопје...што знаеш бе ти за Скопје? За дошљаче нема никакво значење ни ГТЦ ни МТЦ, ни чичко Стоилко ни тетка Стојна. Дај опрај се и прекини да нервираш со плитки размисли-или-како-и-да-го-викаш-тоа-шо-ти-се-дешава-у-главата и заклучоци за нешто со што немаш врска.

Али па, од друга страна, ако те снема, овие страни ќе изгубат маскота, така да седи си тука и шлапетај од време на време, колку за да разбиеш монотонија...
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 23:51 ---
Тоа е де... Ние сме народ што не знае што сака ама важно битно е да се пљука и оговара. Ем ти градат ем не чини. Тие предтоа што ништо не правеа подобри беа. Каков народ таква држава затоа и пропаѓаме. Не е крива владата која и онака ја гласаме веќе неколку пати криви сме ние и нашите навики.

Што ти тебе, дечко? Кој се тие пред тоа што ништо не граделе? Кој ти кажа дека Скопје е од 2009 тука? Си помешал нешто, едно е градење, а друго силување на град. Овие го тераат второво и тоа најбезобразно.

Точно е дека народот овде плука по се, ама ко што самиот постира, се пљукало и тамо преко океанот, у Аустралија. Тоа е човечката природа-даден ни е мозок, мислиме и критикуваме. Со тоа имаш проблем, со критиката?

Друго е проблемов со нашиов народ-тоа што мисли дека разбира нешто. Па му се дешава да мисли дека Спомен куќата на Мајка Тереза е модерно дело, вредно за покажување. Му се дешава да мисли дека брутализмот е комуњарска архитектура. Му се дешава да мисли до толку вон своите можности-што му се дешава да помисли дека може да има постручно мислење од стручњаците. Нашиов народ не може да разбере минимализам и функционализам-ама може да разбере квази-коринтски стубичи, рељефчичи, стилизирани листичи и цветичи - го има тоа у скоро секој амерички филм.

Иначе, ако некад долетам у Мелбурн, една од првите работи што би отишла да ја видам е Federation Square, за мене многу интересен објект-баш ме интересира какво е доживувањето кога стоиш на допирна точка меѓу старото и новото...
 
Сметам дека Битола си ја уништија битолчани а другите градови во МКД живеат во рамките на својте можности. Пак ќе кажам светски тренд е да се иде на мега градови и метрополи. Едноставно денес град под 300 000 тешко функционира дали во МКД дали во европа или азија сеедно.

За ова не се согласувам. Македонија е земја со помалку од 2 000 000 жители, и не може сите градови да имаат повеќе од 300 000 население за да функционираат. Еве Љубљана е со население од околу 200 000 луѓе, но е далеку посредена и попријатна за живот од Скопје и од било кој друг македонски град. Но, во Словенија не е само Љубљана, и Марибор кој е и помал од Битола, е среден исто како и Љубљана, така е со секое населено место во Словенија. Исто е со Швајцарија, Луксембург, Исланд и други држави кои немаат милионски градови.
А што се однесува до битолчани, точно е дека Битола и не е баш мало градче (зборам на ниво на МКд) и секојдневно е посетувана од туристи од Грција, можеби е повеќе посетувана од странци него Скопје, но нема тие што да се лутат и да плукаат по Скопје, зашто Скопје почнува да заликува на град. Вината треба да си ја бараат во нивниот градоначалник за тоа што градот им е цел ископан. Гевгелија, Струмица, Прилеп, Штип... се помали градови од Битола, но се каде каде посредени. А тоа што сега сите почнаа да фураат некој филм као единствено решение за посреќен живот им е или земање бугарски пасош и идење во правец на западна ЕУ, или доселување во Скопје, е друг проблем кој би требало да се реши.
 
Уф, не сум те запазила тебе, ама се истуфкаф вака касно...

Мене, пак, многу ми е смешно кога кумановци пукаат од смеа у врска со симболи и споменици на културата во Скопје...што знаеш бе ти за Скопје? За дошљаче нема никакво значење ни ГТЦ ни МТЦ, ни чичко Стоилко ни тетка Стојна. Дај опрај се и прекини да нервираш со плитки размисли-или-како-и-да-го-викаш-тоа-шо-ти-се-дешава-у-главата и заклучоци за нешто со што немаш врска.

Али па, од друга страна, ако те снема, овие страни ќе изгубат маскота, така да седи си тука и шлапетај од време на време, колку за да разбиеш монотонија...

Mногу си била осеЌајна,се палиш на тач.Што сака нека е,какви сакаш спомени имај од ГТЦ и Стоилко..ја не сум битен,ја сум дошљак и сл. Ама ГТЦ е најобичен трговски,да не кажам скроз дисфункционален,грд,а Стоилко е обична лимена барака..што нема никава вредност ни естетска,ни функционална..за да бидат у најстрог центар.
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 00:53 ---
Глупи Норвежани и они запнале ски скокалница да градат наместо барокна опера. Лаву иди освести ги, да не бидат толку затуцани.

2con5vp.jpg

2rhwcck.jpg

Види го мил на мајка,што споредува со наш МОБ:pos: И мене како мал у маало ме викаа Џордан пошто им лупав банани на помалите копиљаци од мене..ама нити у сурат личев на Џордан,нити сум црн,нити па добар кошаркар бев..ама ме викаа Џордан :icon_lol:
 
Од архитектура и стилови сте почнале за Бугарите и Албанците аман бе аман. Туку мене ме интересира што ќе бидне со ревизијата која почна за проектов..
 
Ова е Royal National Theatre во Лондон, чист комунизам, се чудам како не го направиле во барок сеуште.Изгледа не слушнале дека барокот е сега ИН!

media_43681.jpg
 
За ова не се согласувам. Македонија е земја со помалку од 2 000 000 жители, и не може сите градови да имаат повеќе од 300 000 население за да функционираат. Еве Љубљана е со население од околу 200 000 луѓе, но е далеку посредена и попријатна за живот од Скопје и од било кој друг македонски град. Но, во Словенија не е само Љубљана, и Марибор кој е и помал од Битола, е среден исто како и Љубљана, така е со секое населено место во Словенија. Исто е со Швајцарија, Луксембург, Исланд и други држави кои немаат милионски градови.
А што се однесува до битолчани, точно е дека Битола и не е баш мало градче (зборам на ниво на МКд) и секојдневно е посетуван од туристи од Грција, можеби е повеќе посетуван од странци од Скопје, но нема тие што да се лутат и да плукаат по Скопје, зашто Скопје почнува да заликува на град. Вината треба да си ја бараат во нивниот градоначалник за тоа што градот им е цел ископан. Гевгелија, Струмица, Прилеп, Штип... се помали градови од Битола, но се каде каде посредени. А тоа што сега сите почнаа да фураат некој филм као единствено решение за посреќен живот им е или земање бугарски пасош и идење во правец на западна ЕУ, или доселување во Скопје, е друг проблем кој би требало да се реши.

Те читам од прееска Скопје заликувал на град и метропола. Еве дај ми твоја дефиниција за метропола. Што е критериум за метропола? Барокните градби, бројот на жители? Јас не знам ниту една метропола во Европа во која имаш истурени и превртени контињери од кои корне во радиус од 100 метра на еден од најважните булевари во градот. Ѓубре на секој чекор, искршени тротоари на кои не можеш да пројдеш од испопаркирани коли, огромни кратери по улици кои чат пат се крпат, запрежни коли у сред центар, кучиња скитници во чопори, цигани кои си се уселуваат кај им прдне пошто центар и карпош им се блиску за просење и прават буквално свињарник од градов, секој ден оџи и џамии на секои 5 саата, сообраќајна некултура која е одраз на менталитетот на луѓето кои што живеат тука и се понашаат зад волан ко да некој им го симнал околувратникот и им дал кола, тоа што од другата страна на Вардар можеш комотно да погинеш само ради тоа што збориш македонски или не си муслиман. Ете тоа ти е метрополата Скопје во кратки црти.
 
Ова е Royal National Theatre во Лондон, чист комунизам, се чудам како не го направиле во барок сеуште.Изгледа не слушнале дека барокот е сега ИН!

media_43681.jpg
sto baraat komunisticki gradbi na ostrovoto?
 
Ова е Royal National Theatre во Лондон, чист комунизам, се чудам како не го направиле во барок сеуште.Изгледа не слушнале дека барокот е сега ИН!

media_43681.jpg

Прв пат го гледам..Чудно// зашто ли не го сликаат енглезиве,скоро никогаш не сум го видел по разгледници или видеа за Лондон,во Лондон не сум бил незнам.. веројатно од што е убава зградава па ја нема на ниедна презентација за градот.
Брутализмот не е искучок ни за западна Европа и Америка..го има по негде чат-пат..
 
Ова е Royal National Theatre во Лондон, чист комунизам, се чудам како не го направиле во барок сеуште.Изгледа не слушнале дека барокот е сега ИН!

media_43681.jpg

А какви се другите градби во Лондон?
како на пр.

The War Office in Whitehall
Old_war_office.jpg

Country Hall
County.hall.london.jpg

Admiralty Arch
Admiralty_Arch.jpg

...
 
А какви се другите градби во Лондон?
како на пр.

The War Office in Whitehall
Old_war_office.jpg

Country Hall
County.hall.london.jpg

Admiralty Arch
Admiralty_Arch.jpg

...

Секоја од нив изградена 2011, максимум 2012. :confused: Абре, се шалиш или што???

gade, аман кажи нешто, не можам да издржам веќе, ми се спие!
 
Те читам од прееска Скопје заликувал на град и метропола. Еве дај ми твоја дефиниција за метропола. Што е критериум за метропола? Барокните градби, бројот на жители? Јас не знам ниту една метропола во Европа во која имаш истурени и превртени контињери од кои корне во радиус од 100 метра на еден од најважните булевари во градот. Ѓубре на секој чекор, искршени тротоари на кои не можеш да пројдеш од испопаркирани коли, огромни кратери по улици кои чат пат се крпат, запрежни коли у сред центар, кучиња скитници во чопори, цигани кои си се уселуваат кај им прдне пошто центар и карпош им се блиску за просење и прават буквално свињарник од градов, секој ден оџи и џамии на секои 5 саата, сообраќајна некултура која е одраз на менталитетот на луѓето кои што живеат тука и се понашаат зад волан ко да некој им го симнал околувратникот и им дал кола, тоа што од другата страна на Вардар можеш комотно да погинеш само ради тоа што збориш македонски или не си муслиман. Ете тоа ти е метрополата Скопје во кратки црти.

Јас не реков дека сега Скопје може да се рамни ниту со околните главни градови како што се Атина, Загреб, Љубљана, а камоли со Осло, Берлин, Париз, Брисел, Лондон и други. Но за разлика од пред неколку години, кога Скопје изгледаше само како најнасалена, најзагадена, најдепресивна околина во Македонија, сега веќе заликува на град и + се имаат изградено некои знаменитости, кои секој посетител секако ќе ги забележи. Секако дека треба уште да се средува, во секој поглед.
 
Градовите не ги прават убавите или грдите градби, туку луѓето кои што живеат во градовите и нивниот однос кон јавните добра. Со оглед на тоа дека живееш во Љубљана тоа бар ти треба да го знаеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom