A
Alexander Nevsky
Гостин
реков не го гледав натпреварот знам губеше интер,чудно ибра не им збрцал некој погодок3-1 изгуби , Ибра играше од почеток до крај:smir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
реков не го гледав натпреварот знам губеше интер,чудно ибра не им збрцал некој погодок3-1 изгуби , Ибра играше од почеток до крај:smir:
Збрца 90 минутареков не го гледав натпреварот знам губеше интер,чудно ибра не им збрцал некој погодок
Збрца 90 минута![]()
Добро е што влегува во шанси. Направи асистенција но одигра и доста добро...Незнам, мене општо како играч ми делува пропаднат.Пред некоја утакмица зицер промаши, претходно исто така, кога ќе прими топка незнае што да прави со неа, далеку е зад Адриано па и колку да биде аут од форма.
Досега едниствено добро нешто на Креспо беше асистенцијата против Каљари![]()
Никој не ти рече ништо лошо. Јас како што сватив тапкањето беше за голот збрцан во девееста минута и немоќноста да се направи нешто предходно...хех ок де не ја гледав утакмицата не мислев ништо лошо да искоментирам....ццц
Мислам дека и Матераци е повреден. А грешката на Муриљо беше што не го врати Киву туку го остави Бурдисо покрај Кордоба...Вчера како што напишав игравме со катастрофална средина, се виде дека многу ни недостигаше или Мунтари или Виеира.. не можам веќе да ја гледам средината со Чиву или пак Бурдисо во неа.. поубаво е да играме со две крила Манчини и Кваресма.. отколку со средина таква.. па ако сака нека не им оди ама ич на овие двајцата.. Само едно ме чуди.. зошто Мурињо воопшто не го става Матераци, на овие натпревари со послаби противници.. можеби не е којзнае колку добар.. бавен е.. ама барем е доста висок.. добар е во воздушните дуели.. и ако се прашувам јас подобар е од Бурдисо.. !!
Така да ако не планира Мурињо да игра со онаа формација со која планираше од почеток 4-3-3, тогаш за оваа со која нас ни оди 4-3-1-2 ни требаат уште барем 1-2 играчи од средината на теренот.. оти очигледно ако еден е суспендиран како некни Мунтари.. овој Виеира по обичај една игра три паузира.. тогаш немаме доволно играчи на средината..
Среда играме со Рома, Златко е суспендиран за со Сампдориа викендов.. така да среда би требало да игра 90 мин, е сега со кого ке видиме.. мислам дека нема да го стави Адриано од почеток, мислам дека ке игра со Сампдориа Адриано цели 90 мин.. и тоа ке биде прва утакмица, првенствена како ке играме без Златко.. па да видиме што ке биде.. дали ке можат Адриано и Креспо да играат заедно.. односно дали ке бидат ефикасни..
Имав слично мислење додека не почна Занети да праќа топовски удари од 20 метри.. Можеби треба малку и тоа да се искористи. Покрај дефанзивните квалитети располага и со добар шут, знае да се загради и да тргне сам кон противничкиот гол. И покрај своите години можеби после Маикон е кондиционо најспремниот играч во ИНтер...Па многумина од вас нема да се согласат, али сепак стојам на мислењето дека нашиот среден ред без Занети, со уште еден фудбалер од типот на Камбиасо или Мунтари ке биде далеку поопасен.. Еве сега имаме куп утакмица, можи Мурињо да го проба средниот ред без Занети со образложение дека го одмора за всабота, или пак да го префрли на десен бек, а да го одмора Маикон.. и да излезиме со една формација да речиме 4-3-3 со Кваресма, Ибра и Манчини во напад, во средината Мунтари, Камбиасо и уште еден, знаеме дека Станкович многу се троши на еден натпревар, па можи тоа да биде Хименез... да видиме како ке оди тој среден ред без капитенот во него.. а не се сомневам дека Рома ке излези со најдобриот состав.. така да не треба да го потцениме натпреваров..
Не е брат само Каљари... Последно е многу послободен со шутот.. ако не се лажам лани со Рома во купот даде гол од над 16 метри...Не зезај, топовски удар нема... Да бидеме реални... Збориш за 2-3 шута у серија што ги имаше, против Каљари мислам, ама далеку се од топовски.
Околу градењето нема збор, еден од најдобрите во тоа. Топка не губи... Кондициски секогаш добро спремен, не за џабе му е прекарот Трактор![]()
Абе ако е до Морати ич нему не му се верува , ама имаме играчи.Ништо нема да земеме сега, на крај на сезона очекувам некој поголем трансфер. Морати изјави дека ништо нема да се носи овој преоден рок, така да сезонава ќе си ја завршиме со она што го имаме во моментов. Мурињо има добар избор на играчи, мора да освои некоја титула...