- Член од
- 15 јуни 2007
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 21
Мислам оти ке ти се промени фацата кога ке го видиш Манчестер исфрлен од ЛШ во Март! Ајт гитла таму..
За утакмицава.. доста веќе со тој Чиву во средината, подобро би играл со формација 4-3-3 отколку онаа нашата 4-3-1-2 со Чиву и Занети во средината! Ке почнам од голманот.. кажав јас порано овој голман ич не ми се допаѓа.. првиот гол топката му помина на 10 цм до него.. Вториот гол.. правецот беше сменет.. ама овој си ја наведна главата не се ни проба барем рефлексно да реагира.. никогаш не сум го сакал.. па ако сака нека брани и по 10 пенали во сезона.. за мене Толдо е подобро решение..
Максвел.. овој е добар во офанзива.. брз е.. ама прави грешки во дефанзива.. како онаа при првиот гол слична грешка направи лани со Рома кога водевме 0-1, му да јаде на Пизаро топката на нога.. т.с. ја изгуби.. а во случајов стои на позиција лев бек, а со глава ја враќа топкава на 11 метри! Катастрофа.. И уште мислам дека е низок и дека Чиву е далеку подобро решение на левата бековска позиција.. кога би сакале една стабилна одбрана..
За Бурдисо знаеме дека е киксер.. а кога не и иде на целата одбрана Бурдисо најлесно се вклопува во сивилото.. Маикон не знаеше дали назад да помага дали да оди напред.. и требаше да игра Матераци.. да имаме еден висок.. третиот гол го промивме со глава.. не можи Кордоба, Максвел и Бурдисо да ги добиваат воздушните дуели.. така да онаа наша најдобра одбрана која јас мислам дека ја имаме .. тоа е.. Маикон, Кордоба, Самуел и Чиву! Првиот гол грешка на Максвел, вториот како порачан, одбиена топка, и кога на тоа ке додадеш лизгав терен, врнежливо време.. тешко беше враќањето во игра..
Време е и Виеира да се врати во средниот ред, Креспо да си седни на клупа, Адриано да игра прва постава.. бил дебел, бил бавен.. каков и да е.. има силен шут, ако шутира од далеку можи да даде гол, снажен е и подобро игра со глава од Креспо.. Лошо за нас што Милан намали на -6, добро е што барем Јуве игра со некој посилен противник, па можно е да останиме на -4, -3, а за да дојде на -1 ке треба добро да се помачи, и за крај добра вест е што на ваков терен, на вакво време, кога бркавме резултат не дојде до некоја повреда.. на некој од оние клучни играчи како Златан, Дејан, Маикон.. утакмицата е минато.. наредната слушнав овие на ОБН брбореа нешто Златан немало да игра со Сампдориа.. добил па не добил жолт картон.. има некој повеке информации за тоа или нема..?
Da sigurno nema da igra . Duman izgleda deka si skijal deneska mnogu.