Вработување за малолетници

  • Креатор на темата Креатор на темата -Nirvana-
  • Време на започнување Време на започнување
Ја работев 2 дена летоска , у кафиќ, на црно, напет газда, уше по напети гости(у костими и кравати), и то, само као искуство го ценам.
Дое пазарна инспекција, и никад више не ми се јави газдата.
Мислам дека не ни постои више кафичо`.
 
Ја работев 2 дена летоска , у кафиќ, на црно, напет газда, уше по напети гости(у костими и кравати), и то, само као искуство го ценам.
Дое пазарна инспекција, и никад више не ми се јави газдата.
Мислам дека не ни постои више кафичо`.

ти не си малер ти си баксуз другар :)
 
ти не си малер ти си баксуз другар :)

не бра, несмасен сум, две чаши му скршив на газдата, а да останев уше некој ден третата од чело ќе му ја опнев.
 
Јас еве работам во тобако али се уште неам 18 напунето сега у мај ,и дали може да се пријавам зошто ако недај боже дојде ујп па да не ошури.?
Можеш, веќе пишав и погоре од 15 години може да си пријавен, само на пола време мислам, а со 17 не знам на колку време ама може да бидеш пријавен сигурно.
 
Можеш да најдеш. Работа се наоѓа.
Памтам јас кога првпат решив да најдам официјална работа. Седнав на огласине од најдиработа.мк и се јавив во неколку кафулиња кои имаа огласено дека бараат келнери. Сите ме повикаа на разговор.

А на разговор лажам ли лажам, сум имал демек искуство, лојален и вреден, сум работел таму, ваму, ова, она. Одма ме примија. Дневница 500 денари, ехеее, за мене тоа беше богатство.

Ако неможеш преку огласи, прошетај се по центаров, види кои кафулиња имаат помлади келнери/ќи и влези слободно, прашај дали имаат работа за тебе и ќе ти одговорат.
Имам доста пријатели што за 1 ден нашле ваква работа. А еден пријател почна да работи истиот ден хаха, сабајлето прашал дали имаат слободна позиција за келнер, направиле муабет, попладнето почнал втора смена на работа :)

Е сега, за Скопје е полесно, има многу кафулиња, премногу веќе... По другите градови незнам како е, па може да биде малку потешко.

Друг совет е да ги анализираш убаво газдите. Затоа што имам работено во неколку кафулиња, можам да ти кажам отворено дека 85% од газдите се мизерни упувани серковци што сакаат да те експлоатираат максимално за секој денар што ќе ти го дадат. Од вакви бегај одма уште први две недели кога ќе заприметиш ваков однос. Несакаш да ти се одмили работата за 1 месец, како што ми се случи мене после многу краток период.

Парите чувај ги на куп, не ги троши, избегнувај секаков вид непотребни трошоци.
Оддели 200-250 евра за на одмор летоска (над ова сметам дека е непотребен трошок, затоа што и покрај тоа што работам турбо и имам доволно пари да отидам на луксузен одмор, сепак одам вон сезона, се одмарам убаво и поминувам со 200-250 евра трошок)

Другите пари што ќе ти останат инвестирај ги во себе. Ќе осознаеш дека ова ќе ти биде најпаметната инвестиција во животот. Ако не собереш доволно, побарај и од твоите нешто колку можат и уплати си некој ИТ курс во зависност од тоа што те интересира. Има курсеви во Александрија, Семос и така натаму, ова ќе ти се исплати многу на долгорочен план, затоа што ќе стекнеш специфични вештини, односно знаења, кои ќе ти служат понатаму во наоѓање подобра работа, или едноставно продажба на интернет услуги.

позз
 
Јас имам сум малолетен и летово ќе си барам работа во некоја сендвичара :)
 
треба да закажам за лична карта по брза постапка за било каде.. еве пример во близина ми е МекДоналдс па ако има господ да ме примат ќе треба со лична карта.. тоа гајле да го решам треба.. хахаха.. фала ви на сите за советите .. утре треба околу школо тие што се локални кафичи да се распрашам дали има работа за мене.. фала многу уште еднаш на сите! :D
 
ЛУЃЕ...... ми треба мала помош... :)

Малолетен сум, а летово сакам нешто да работам, а не да се досадувам додека дојде вечер... затоа ви се молам ако знаете некое место каде што може да се вработи малолетен... кафич, сендвичара, Mcdonalds или нешто слично ве молам пишете... навистина ми значи :)
 
Јас минатото лето работев во МекДоналдс иако имав само 16 години...бев нормално пријавена и оваа година ќе работев само ете го затворија...
И затоа сакам да ве прашам дали знаете некоја пекара,сендвичара,слаткара или нешто такво за работа....
Фала ви многу однапред :)
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 21:24 ---
Можеш, веќе пишав и погоре од 15 години може да си пријавен, само на пола време мислам, а со 17 не знам на колку време ама може да бидеш пријавен сигурно.
Можеш да бидеш пријавен на 7 ипол саати...
 
Јас минатото лето работев во МекДоналдс иако имав само 16 години...бев нормално пријавена и оваа година ќе работев само ете го затворија...
И затоа сакам да ве прашам дали знаете некоја пекара,сендвичара,слаткара или нешто такво за работа....
Фала ви многу однапред :)
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 21:24 ---

Можеш да бидеш пријавен на 7 ипол саати...

Па така нешто да, али моабетот ми беше дека може да те пријават...
 
Секоја чест! Милев дека не постојат малолетници кои сакаат да работат. Такво ми е опкружувањето, јбг :\
Инаку јас почнав од 17-та година да работам (3та година летен распуст) и работам до ден денес. Работам како Web Designer во www.agvdesign.net
Тоа е наша фирма
http://emkice.mk/
Немам работно време, имам константна плата од 5.000 денари месечно + 10% бонус од веб пакетот што ќе го одбере клиентот. Што повеќе веб страни - толку повеќе бонус за тој месец :)
Овој месец собрав 17.230 ден :). Можам да работам или од дома (што најчесто правам) или да одам на работното место. Газдата е одличен, млад, те разбира и повеќе односот ви е пријателски одошто формален. Тоа е нешто најубаво!
А пред тоа многу барав да работам, де по кафичи, де по пицерии и по било какви услужни дејности. Неможев ич да најдам работа. Среќа, професорот што ми е од школо ургираше и ми ја најде работава. Да не беше он, ја вака ќе барав работи по агенции и форуми.

Да напоменам дека платата ми е редовна и дека сум 4та година.


А како можам да почнам? :)
 
А како можам да почнам? :)


Не почнувај. Како и секое наше претпријатие кое ти ветува многу, на крај испаѓа ништо.
Веќе со месеци го тужиме човекот зошто не не исплатил за 6 месеци.
Наводно многу лоши ствари откривме за фирмата кои нема да ги кажам во јавност, но ако продолжи вака има и статии да напишам по овие порталиве.
 
Значи вака моментално иам 16 години дали би имал некакви шанси да најдам работа на оваа возраст читам многу за работа преку интернет но се тоа ми е некако бледо и мислам дека треба да имам некој за да ме упати во тоа за да би можел да го работам, какви други опции постојат ако воопшто има?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom