Вработување за малолетници

Член од
24 јануари 2011
Мислења
33
Поени од реакции
6
Малолетниците веќе на 16 или 17 години се спремни да најдат работа (меѓу кои сум и јас) .. Заинтересиран сум да најдам работа напоредно со школо , за да се собере некоја паричка за летово за одмор со друштво , бидејќи моите не се во најсјајна финансиска состојба .. Па прашањето ми беше дали некој ги знае условите за вакво вработување односно што е потребно (лична карта,ограничување во години ...) , такви работни места.. чекам одговори :))
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997

Според законот од 15 години можеш да бидеш пријавен и да работиш, што значи ти можеш ама секако доколку успееш да најдеш работа во оваа наша држава... Види пријави се по агенциите за вработување еве на пр. Партнер се наоѓа кај Хард Рок кај што беше зимското, односно до МТВ тука. Иначе браво и :cuc: што знаеш да ги цениш работите, па со среќа и работиче да најдеш иако е навистина тешко ова време да се најде работа посебно ако во меѓу време имаш и обврски како школо и т.н
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Исто така, според законот (мислам дека беше вака) малолетниците кои работат (нели, со најмалку 15 години) не смеат да имаат полно работно време, односно смеат да работат дневно по 4 часа максимум. Така да законски можеш да работиш, секако по 4 часа дневно максимум, но и тоа не се почитува некогаш.

Како места за работа прв избор ти се кафичите, односно, мислам дека младите (т.е. 15-18 години) најчесто сакаат да работат таму (можеби грешам). Исто така, ако можеш некако да влезеш, избор ти е и МкДоналдс (имам познаничка која има работено таму, ама не знам како дошла до таму). Истата имаше работено и во МОБ (знаеш, од оние девојките кои помагаат во сместување на гледачите и ги контролираат да не прават галама :D).
 
Хахахахах... Во Македонија НЕКОГАШ ? Работава кај нас е НЕКОГАШ СЕ почитува(ама само некогаш). Шала на страна убави совети му даде, да најдеш некој кафич таман ќе имаш време после школо плус не е многу тешко...
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Секоја чест! Милев дека не постојат малолетници кои сакаат да работат. Такво ми е опкружувањето, јбг :\
Инаку јас почнав од 17-та година да работам (3та година летен распуст) и работам до ден денес. Работам како Web Designer во www.agvdesign.net
Тоа е наша фирма
http://emkice.mk/
Немам работно време, имам константна плата од 5.000 денари месечно + 10% бонус од веб пакетот што ќе го одбере клиентот. Што повеќе веб страни - толку повеќе бонус за тој месец :)
Овој месец собрав 17.230 ден :). Можам да работам или од дома (што најчесто правам) или да одам на работното место. Газдата е одличен, млад, те разбира и повеќе односот ви е пријателски одошто формален. Тоа е нешто најубаво!
А пред тоа многу барав да работам, де по кафичи, де по пицерии и по било какви услужни дејности. Неможев ич да најдам работа. Среќа, професорот што ми е од школо ургираше и ми ја најде работава. Да не беше он, ја вака ќе барав работи по агенции и форуми.

Да напоменам дека платата ми е редовна и дека сум 4та година.
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Jaс ти препорачувам да започнеш да учиш занает, во кој ќе зимаш некоја си просечна плата, + ќе го учиш занаетот. Ја моментално работам дома , лого дизајнер и зимам просечно по 12илјади денари месечно но не е сигурно секогаш, зависи кога-како, но никогаш не е доцна да фатиш илустратор или фотошоп и да го изучиш :) Во случај ако не одиш на факултет, ти препорачувам да изучуваш занает, пример : месар, електричар, водо-инсталатор и.т.н. За потоа да извадиш еден бугарски пасош и да одиш во странство :)
 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
Па вака сестра ми лани сакаше да најде работа ова време, иако беше малолетна, и најде(продавачка во пекара). Значи газдата кај што работи ја осигура, таа го замоли дали може смените да ги прави напоредно со школо и еве ја уште работи таму, а и со школото не и оди лошо, само малце повеќе ќе се трудиш и то е то. Во сето тоа имаше само една мала компликација што парите од банка не може таа да си ги вади туку мајка ми се додека не наполни 18 год. Инаку немој да чекаш од агенција за вработување и такви срања да ти помогнат за работа зашто и летото ќе ти помине чекајќи. Прошетај малку низ град и сигурно ќе најдеш, па уште да имаш некое минимално искуство уште од сега спакувај си ги куферите ;) ;) ;) .
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
33
Поени од реакции
6
Јас сум економист по струка ( 2 година еве ја завршувам во Борис,а имам 16 ипол , во август 17 , ваљда имам шанси :D )
е сега,мене ми одговара МекДоналдс,кафич,некоја услужна дејност.. Не знам само сега во мисла се стаив за лого дизајнер и веб дизајнер нешто од дома да почнам да учам и со професорката по информатика во школо да се подучувам, па може нешто ќе се најде.. :D
е сеа прашањево ми е дали лична карта треба да вадам за МекДоналдс,кафич,веб ваму таму за пријавување или за платата?
у секој случај се трудам да ја најдам работата,платата нема до толку да ми биде битна,да се зема нешто е најбитно :)
И СЕКАКО , ФАЛА МНОГУ ЗА СОВЕТИТЕ! :D
 
Ако работодавачот ти дава договор за работа, во договорот е баран бројот на лична карта и број на трансакциска сметка. Али по кафичиве не верувам дека даваат договор. Парите ти ги даваат у кеш (лично искуство од два кафичи што работев по еден месец у лето) и тоа на ден. Се разбира бакшишот ти иде у твој џеб, али мора да го пријавиш претходно.

За МекДоналдс мислам дека прават договор, кој најчесто трае месец дена како што слушав. Али како и да е - мора да имаш лична карта за да легално ти уплатуваат на трансакциска сметка во банка (логички поврзи - како ќе ти имаш трансакциска ако немаш лична? :) )
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Кај има такви работи ?
 
Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Да те пријави некој како легално вработен не очекувај. На верувам дека има работодавец на кој му треба 16 годишен средношколец што може да доаѓа на работа пред/после училиште. Е сега најмногу шанси имаш да се пикнеш негде како келнер/шанкер во некое локално кафуле или пак на дневница по некој магацин/дуќан да истовараш роба. Со среќа во потрагата :)
 
Нема да ти плаќа Пензинско-инвалидско ебаго, али пари како ВОЛОНТЕР смееш да примаш :) Ти си волонтираш и се се рачунаш како во не стален работен однос...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас сум економист по струка ( 2 година еве ја завршувам во Борис,а имам 16 ипол , во август 17 , ваљда имам шанси :D )
е сега,мене ми одговара МекДоналдс,кафич,некоја услужна дејност.. Не знам само сега во мисла се стаив за лого дизајнер и веб дизајнер нешто од дома да почнам да учам и со професорката по информатика во школо да се подучувам, па може нешто ќе се најде.. :D
е сеа прашањево ми е дали лична карта треба да вадам за МекДоналдс,кафич,веб ваму таму за пријавување или за платата?
у секој случај се трудам да ја најдам работата,платата нема до толку да ми биде битна,да се зема нешто е најбитно :)
И СЕКАКО , ФАЛА МНОГУ ЗА СОВЕТИТЕ! :D
Јас имам завршено во Борис, па никому ништо, ако бараш работа со средно :)
Бидејќи си малолетен, не можат да те пријават (значи легално да работиш) во кафич, од причина што се служи алкохол таму. Да не зборувам ако работиш втора смена, малолетни луѓе - според закон, во 11 треба да се дома.

МкДоналдс, продавнички, тобако... нема да ти претставува проблем, ако на некој баш толку и му треба човек - 4-5 саати во денот.
Во секој случај не се откажувај.

Јас во средно работев, ама во овој случај само девојчиња бараа, се акав по маркети и презентирав прашаци, омекнувачи... :) Хонорарно беше, ама кога работев, капеше по некој денар.

Со среќа!
--- надополнето: 9 март 2013 во 15:24 ---
Да те пријави некој како легално вработен не очекувај. На верувам дека има работодавец на кој му треба 16 годишен средношколец што може да доаѓа на работа пред/после училиште. Е сега најмногу шанси имаш да се пикнеш негде како келнер/шанкер во некое локално кафуле или пак на дневница по некој магацин/дуќан да истовараш роба. Со среќа во потрагата :)
Другарче пред некоја година (уште бевме малолетни) го пријавија во ВИП на пола раб. време, лепеше кутии со телефони (нели, кога купуваш телефон е спакуван и има едно залепено дека не е отворана кутијата предходно).
Не беше баш лесна работа, ама преживеа :)
Исто мислам дека и Милка нешто правеа, организираа, не памтам веќе, знам дека во 3та средно од клас две девојчиња правеа нешто во врска со Милка :)
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
92
Поени од реакции
53
Најголема шанса е интернетот. Еве веќе 7 месеци вадам нешто околу 10 илијадарки месечно, па паралелно со школово ми е доволно.
Не гледај само да се тупнеш во кафич или перална, биди open minded
 
Член од
20 февруари 2009
Мислења
103
Поени од реакции
73
Јас еве работам во тобако али се уште неам 18 напунето сега у мај ,и дали може да се пријавам зошто ако недај боже дојде ујп па да не ошури.?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom