Можеш да најдеш. Работа се наоѓа.
Памтам јас кога првпат решив да најдам официјална работа. Седнав на огласине од најдиработа.мк и се јавив во неколку кафулиња кои имаа огласено дека бараат келнери. Сите ме повикаа на разговор.
А на разговор лажам ли лажам, сум имал демек искуство, лојален и вреден, сум работел таму, ваму, ова, она. Одма ме примија. Дневница 500 денари, ехеее, за мене тоа беше богатство.
Ако неможеш преку огласи, прошетај се по центаров, види кои кафулиња имаат помлади келнери/ќи и влези слободно, прашај дали имаат работа за тебе и ќе ти одговорат.
Имам доста пријатели што за 1 ден нашле ваква работа. А еден пријател почна да работи истиот ден хаха, сабајлето прашал дали имаат слободна позиција за келнер, направиле муабет, попладнето почнал втора смена на работа
Е сега, за Скопје е полесно, има многу кафулиња, премногу веќе... По другите градови незнам како е, па може да биде малку потешко.
Друг совет е да ги анализираш убаво газдите. Затоа што имам работено во неколку кафулиња, можам да ти кажам отворено дека 85% од газдите се мизерни упувани серковци што сакаат да те експлоатираат максимално за секој денар што ќе ти го дадат. Од вакви бегај одма уште први две недели кога ќе заприметиш ваков однос. Несакаш да ти се одмили работата за 1 месец, како што ми се случи мене после многу краток период.
Парите чувај ги на куп, не ги троши, избегнувај секаков вид непотребни трошоци.
Оддели 200-250 евра за на одмор летоска (над ова сметам дека е непотребен трошок, затоа што и покрај тоа што работам турбо и имам доволно пари да отидам на луксузен одмор, сепак одам вон сезона, се одмарам убаво и поминувам со 200-250 евра трошок)
Другите пари што ќе ти останат инвестирај ги во себе. Ќе осознаеш дека ова ќе ти биде најпаметната инвестиција во животот. Ако не собереш доволно, побарај и од твоите нешто колку можат и уплати си некој ИТ курс во зависност од тоа што те интересира. Има курсеви во Александрија, Семос и така натаму, ова ќе ти се исплати многу на долгорочен план, затоа што ќе стекнеш специфични вештини, односно знаења, кои ќе ти служат понатаму во наоѓање подобра работа, или едноставно продажба на интернет услуги.
позз