Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Дај барем другиов брат да го земеме у репрезентација, таман у средина игра :X3:
 
Да да добри се дресовите. А не приметив, имаат ли рис на нив? :гик:
 
Не ја гледав утакмицава со мерак, ама едно нешто ми остана во очи. Новите дресови:drk: must have:love:

Зар имаа дресовите рисови...
Инаку Качаниклиќ, какво играчиште човече.
 
Има некоја причина зошто Фазли упорно го викаат за репрезентација? :confused: Колку што знам не се браќа со Кире Лазаров?
 
Ееее Хасани Хасани, тркало едно !
Ама не си ти крив, криви се тие шо те викат за репрезентација.


Е ај искрено кажи кој изигра нешто денеска освен Пачовски, абе вакви дрва прв пат гледам да играат со топка. Да беа швеѓаните малце по сконцентрирани петарда ќе пукнеше
 
Има некоја причина зошто Фазли упорно го викаат за репрезентација? :confused: Колку што знам не се браќа со Кире Лазаров?

Па има како нема, одкога направи трансфер у втора лига у Холандија игра редовно, даваше и голови, а и најверојатно изборија пласман у прва лига со клубот.
 
Е ај искрено кажи кој изигра нешто денеска освен Пачовски, абе вакви дрва прв пат гледам да играат со топка. Да беа швеѓаните малце по сконцентрирани петарда ќе пукнеше

Искрено сум задоволен од одбраната, зашто за прв пат јас гледам одбрана која што е максимално пожртвувана.. па срамота е какви се сите голови оваа кампања во квалификациите што ги примивме, чисти грешки на одбраната.
Денеска за прв пат беа солидни и покрај многуте дозволени шанси, се бореа до крај што е најбитно во фудбалот.
 
Искрено сум задоволен од одбраната, зашто за прв пат јас гледам одбрана која што е максимално пожртвувана.. па срамота е какви се сите голови оваа кампања во квалификациите што ги примивме, чисти грешки на одбраната.
Денеска за прв пат беа солидни и покрај многуте дозволени шанси, се бореа до крај што е најбитно во фудбалот.


Левиот бек е тиња
 
Е ај искрено кажи кој изигра нешто денеска освен Пачовски, абе вакви дрва прв пат гледам да играат со топка. Да беа швеѓаните малце по сконцентрирани петарда ќе пукнеше

Ристовски не беше лош иако по неговата страна падна голот, шо не успеа убо да го затвори Ибра.
Новески и Шиков беа доста солидни.
Средината Тасевски од време на време ќе напраеше нешто и толку.
Ибраими добар беше ама немаше помош од никој друг во нападот и неможеше сам да напрај нешто зато шуткаше.
А за Хасани, не му е прв пат да му бегат онака топките ко ќе треба да ги застани. Во никој случај не треба да биди во репрезентацијата оти има поквалитетни играчи од него.
 
Ја незнам само што беше финтата со Фетаи како ДМ??? Ај сфаќам Тасевски и Хасани на претходните натпревари кога немавме многу избор и кога неможевме да експериментираме со дебитанти на такви важни натпревари, башка колку-толку нив поблиска им е таа позиција дека они играат како офанзивен играч за врска и како крило, ама сега со ФЕТАИ??? Чиста глупост беше тоа, само го избламира играчот, ниту пак можеше да се очекува нешто поасално да одигра... Ако веќе немаше играч за врска таму да стави (за што самиот Чеде си е крив, мораше да го повика Стојков или Алими или Станков или било кој, ама он само на Глигоров се реши да остане), требаше подобро со дефанзивец (Мојсов) на таа позиција да стартува (со оглед на тоа што ни треба дефанзивен играч за врска на таа точка) него со класичен напаѓач! Дај шо не проба и со Пачовски како централен везен ако не... А откако го стави Мојсов се виде колку само далеку подобро играше него Фетаи...

И (ако планирате да речете „па мораше Фетаи, рамковен договор тука мора да се почитува), па и да беше до тоа - можеше Алими да го проба, цела сезона стандардно на Кипар игра (со оглед на алтернативите кои ги имаме за играчите за врска кои играат пред одбраната немаме многу други опции како него кои играат редовно во некоја асална лига, Глигоров на пример што исто игра во Кипар не е стандарден во својот тим ама од што немаме асални опции па со него играме), или пак Хусмани од Словенија, па и Муарем или Таири (кога на пример неможеше да се повикаат играчи од нашето првенство оти имаа натпревари), ако ништо друго барем се млади и играат редовно за своите клубови, боље него Фетаи кој ни е млад (па да речеш има надеж за во иднина да се развие или да ни затреба) ни игра во поасална лига него нив, (игра во втора Турска лига, тоа не е ништо подобро него првата Азербејџанска или Албанска лига, а посебно не подобро од Кипарската) и пред се на кого тоа воопшто не му е позиција..
 
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го повика интернационалецот Даниел Ивановски, фудбалер од одбраната за дуелот со Норвешка во вторник во Осло.

Ивановски, кој е поранешен фудбалер на Силекс и на Вардар во Мјалби игра од 2006 година кога замина од таборот на црвено-црните. Своевремено важеше за еден од најдобрите прволигашки дефанзивци, па во периодот 2005-2006 заигра и на два меча за најсилната репрезентација. Сега по седум години повторно има шанса да го облече црвено-жолтиот дрес.
Македонската селекција за вториот дуел од скандинавската турнеја ќе претрпи сериозни рокади, затоа што младите Стефан Ристовски (стартер) и Александар Трајковски (влезе како резерва) кои играа во Малме против Шведска (0-1) нема да бидат во конкуренција поради обврски кон младата репрезентација, додека поради повреда сигурно нема да настапи Ванче Шиков, неизвесни се и Даниел Георгиевски, кој мора да мирува и Дарко Тасевски, а поштеден ќе биде и Николче Новески.
За дуелот во Осло против Норвежаните во конкуренција за тимот се Величе Шумуликоски, кој поради клупски обврски го прошути првиот меч со Шведска, Бобан Грнчаров, Душан Савиќ и Адис Јаховиќ.

 

Добро бе, сме имале играч во Шведска прва лига и упорно Мојсов кој беше 2години без изигран натпревар сме го викале во репрезентација?!:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom