N
Nessa Alcarin
Гостин
Зошто? Не му се погодила дрогата? Зошто земал и вторпат?Затоа што поентата ми беше околу изборот. Ко што пиша членот претходно дека да си наркоман не било избор. И мајло пробал првпат и типкава. Ама таа продолжила со тоа. Затоа сакав да слушнам одговор ЗОШТО продолжила. Мајло речиси сигурно можам да претпоставам зошто НЕ продолжил.
Луѓето се програмирани да се сметаат за неуништливи. Јас со сигурност тврдам дека секој што земал прв, втор, трет и т.н. во себе си мислел дека може да прекине кога ќе посака, притоа занемарувајќи ги физичките последици што ги создава супстанцата. И не е избор, да кажеш „Јас од денес ќе се дрогирам и нема да сопрам се додека не умрам“. Се случува, може на секој да му се случи.

. Обично се почнува од тревка, и тоа бесплатна понудена тревка. Ја добиваш потоа и втор пат, па и трет. Понатаму стануваш купувач. Филингот да се проба посилното, и да се стекне уште понеобично искуство избива на виделина. И тогаш првиот грам се добива обично бесплатно. Дури има податок дека, првиот грам хероин и не е грам, туку е повеќе. Даден е со поусул во стилот-Еве земи повеќе, тоа што ќе остани ќе го вратиш. Но НИКОГАШ, ама НИКОГАШ не се случило некој да врати. И потоа по автоматизам ти викаат Welcome to the club. Кај нас се шверцува нечист хероин, мешан со пудра, гипс, триста слични супстанции кои во внатрешноста на организмот прават пуздер.