Дрогата е еден од најголемите пороци на денешницава со кој се борат голем број на луѓе, а најголем број од нив битката ја завршуваат прерано односно премногу млади. Како долгогодишен член на Црвениот Крст на Македонија сум имал прилика да работам и да запознаам голем број на зависници од разни опојни дроги и други психотропни сусптанции. Како млад волонтер сум работел на програма со која на зависниците од хероин му држиме советувалишта, за безбедно инјектирање исто така вршиме размена на потрошен материјал за ијектирање, со цел да не се заразуваат со многуте инфективно преносливи болести преку боцкање на цела груга со исти игли, или пак имање на незаштитени сексуални односи, преку кои исто така се пренесуваат многу сексуално преносливи болести. Но никогаш не сум имал прилика да ги запознаам подобро и да ги анализирам зависниците, се до пред некоја година кога дојдов во Скопје и видов дека многу млади, голем дел мој колеги и познанцици се всушност зависнци од марихуана, а дел од нив и на некои други психотропни супстанци. Според мене како личност со цврст карактер, што не пушам ниту цигари, мислам дека најмногу страдам како пасивен пушач околу нив, а нормално е секој да си има по некој порок, па јас знам понекогаш да се напијам по некоја чашака алкохол. Некои велат дека демек ако ти е таква средината или друштвото во кое се наоѓаш лесно можеш да подпаднеш под влијание нивно и ти да почнеш да земаш или да ги правиш работите што тие ги прават. Јас не мислам така, тоа се луѓе со неоформен карактер, слаби личности, со незосреани карактери, а луѓе со цврст карактер, силни личности кои имаат цели во животот никогаш не би подпаднале под ничие влијание за никаква работа во животот. Пред неполна година сватив дека тоа што тие земаат марихуана не е заради забава, туку тоа е зависност, многу нормално е некој ако по 3 пати во дено го прави истото нешто секој ден, апсолутно секој ден е зависност. И покрај многу научни истражувања кои упатуваат кон тоа дека марихуаната има некои лековити својства, не знам со кое право конзументите на оваа билка веруваат дека прават нешто добро за себе и за својот организам со тоа што ја пушат. Тие само ја злоупотребуваат и има битна разлика кога зборуваме за злоупотреба и медицинска употреба. Пред извесен период приметив дека некои од пријателите кога разговараме ми се губат со погледите или едноставно кажано му се блокира мозокот како да не се присутни тука, така да едноставно нема потреба за што да се разговара со нив кога не се способни да перцепираат работи. Тоа не се случува само со еден, со повеќето од нив, кај сите во различен период се такви а се почесто се случува тоа. Исто така нивната непродуктивност е еден знак на нивната зависност и конзумирањето на тоа. Сите тие апсолутно сите привчно мислеа дека со тоа што го прават наводно би имале поголема инспирација и повеќе креативно би размислувале, јас стварно не ги разбирам какви уметници планираат да бидат ако му е потребен некаков стимул во случајов марихуана или нешто друго за да му дојди инспирација или креативен нагон за работа, потполно не се согласувам со нив, напротив инспирацијата и креативноста треба да произлегуваат длабоко од нас од настаните кои сме ги поминале, личностите околу нас кои ги запознаваме и случувањата кои се случуваат околу нас. Според тоа тие се еден тип на луѓе потполно немотивирани, непродуктивни, мрзеливи, по цел ден што спијат и сл. Тоа се гледа и од нивните неуспеси, неполагање испити, неработење ништо, цело време денгубење. Дури се потрудив да му помогнам да му објаснам некои работи околу некои испити и пак ништо значи му кажуваш, му најдуваш материјал се сервирано наџвакано уште да го голтни, да се разбуди и да појди на испит и ми вика „ -Колега јас се успав. - станал во 14, а испито во 9“. Преку тоа исто се потвдува нивната неспособност за меморијата и учењето, проблеми со размислувањето и решавањето на проблемите, затоа понекогаш знаат да бидат и нервозни. И стварно незнам како поинаку да му помогнам нив, се додека се наоѓаат во таква околина што го прави тоа секојдневно, самите не можат да си помогнат како такви слаби несозреани карактери. Единствено некој што би можел да му помогне е соодветно медицинско лице, можеби психолог. Друг начин е да го дознаат тоа нивните родители, но исто тоа е потешко, затоа што додека студираме голем дел од нив се од други градови и се сместени во текот на годината тука во Скопје. Исто така како ефекти кои ги имаат врз мозокот би навел дека имаат често нарушена меморија, кажуваат дека имаат халуцинации, илузии, при ситуации доволно е некој збор да се каже и да си направат разни филмови во главата, па некои од нив се така целовреме во страв, мислат дека некој ги гледа што прават, во каква состојба се наоѓаат, се плашат да не ги види некој, имаат голем страв од полиција и алфи, и често си прават илузии дека ги следи некој инспектор и сл. Колку што имам читано исто така кај нас во земјава голем дел од марихуаната која што ја пушат е прскана со разни отрови, кои му допринесуваат да внесуваат штетни и отровни супстанции во организмот кои предизвикуваат разни заболувања. Моментално нив секојдневно му се горат односно му се сушат мозочните клетки, некои викаат дека со престанување на конзумирање на дрога, мозокот ќе се врати во првобитната состојба, но јас не мислам така, туку мислам дека и марихуаната си има долготрајни ефекти, а тоа би биле потиснување на имунитетот, намалување на плодноста , намален сексуален капацитет, намалена отпорност на обични настинки, зголемен број на клетки во телото кои имаат натприродна структура, проблеми со учењето, недостиг на мотивација, сонливост и тоа што најмногу го гледам кај нив промени на личноста и општото расположение. Дел од овие податоци ги пронајдов на интернет, затоа што ме интересираше што точно се случува. А тоа со промени на личноста и општото расположение е далеку од очигледно кај нив, моментално нив неможе ништо да ги направи среќни, ниту тоа што конзумираат, тоа е премногу краток период, мислам дека тие тоа не го прават за да чуствуваат нешто повеќе или забава туку како што кажуваат за да се чуствуваат привидно нормално, што укажува на нивната зависност. Секојдневно се имаат некои проблеми нервози и сл, тие ги маскираат проблемите со нејзино конзумирање, но тоа е само на одреден период, бегање од проблемите, а потоа кога ќе помине дејството дел од нив посакуваат да пробаат нешто појако од тоа. Според мене подобро би било да се напијаме по некоја чашка алкохол, кој содржи само една супстанција,а тоа е етанол, а марихуаната содржи повеќе од 400 отрови и хемикалии кои предизвикуваат рак, па сега вие изберете, алкохолот ќе се отстрани од телото за неколку часа, а состојките од марихуаната остануваат со месеци можеби и подолго. Мислам дека има премногу да се зборува и дискутира на оваа тема, сепак мислам дека е доволно што се решив да зборувам за проблемите на моите пријатели на кои незнам како може да им се најде лекот. Јас топло им препорачувам на сите, да ги решаваат проблемите со свој мозок, а не да земаат за дроги за да ги избегнуваат проблемите и да станат зависни.