Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
За 2000 денешни евра што можеш да купиш од технолгоија да незборам најверојатно опрема за цел стан.

па и не си баш во право.во тогашни времиња ВРВ на технологијата беше колор телевизор и да, беше три (3) плати.ај сеа ти купи ВРВ телевизор за три плати односно за 300-350 евра? и да, не прашај како три плати 350 евра, зборам за Прилеп и гревовите од луѓето тука.второ
велиш ќе опремиш комплетна опрема за 2000евра за цел стан? да, ама најтешкото ѓубре од техника, за квалитет нема шанси да збориме, знам, кај другарот сервисер електроничар до ден денес му носат нишки и горење тв кои се стари и по 30 години и слика имаат вода да му носат кинескиве срања, е тоа е квалитет и тоа трае 30 години и тоа е платено по 3-4 плати тогашни.
kooperativa
можеме и за тоа да продискутираме. дека секоја држава има и треба да има по некој голи оток, има, немој да мислиш и дека нема, така и се чува држава, не со виножитни педерски шетања по плоштади. дека и во тоа време имаше легачовци кои само лапаа плата имаше, да, ама ова денешново е неспоредливо колку ли само сега ги има, им нема број. ова денес само ти дава право да си прокукаш јавно и ништо повеќе ебати демоНкратијата ебати. а во некои случаеви и тоа право го немаш, мислиш денес не лежат затвор само за два три збора погрешни? колку ли си само во заблуда:)
само погледни ги документите колку администрација тогаш ни беа на грб во цела југославија а колку ни се сега само во Македонија, направи една математика и ќе ти стане јасно што ти зборувам:)
 
Во почетокот на 80ти еден телевизор беше 3 солидни плати и не се наогаше лесно. Еден сандак за длабоко замрзнување окулу 10 плати и се чекаше со месеци за него.
Една телефонска линија окулу 6 плати е за оваа се чекаше и до година дена.
Ај да си бидам сам на себе контраадвокат може е поради напредок на технологија...на пример во 1998 солиден десктоп беше 2000 марки=1000 евра корегирана за инфлација тоа е окулу 2000 денешни евра. За 2000 денешни евра што можеш да купиш од технолгоија да незборам најверојатно опрема за цел стан.

Абе остај се, за 2 000 евра цел стан, за 3 000 цела куќа, за 5 000 три коли увезени ќе возиш ама од таа 1998 година стари, а за 10 илјади ехааа.

Арно ама 1 000 евра семестар, 100-150 евра парно, струја у зима ако се грееш место парно 250-300 евра, бензин месечно 100-150 евра, кафе у град 1.5 евра, пиво 2 евра, или секое излагање 20 евра минимум, итн. Да не зборам за здравството.

Но, сето ова, и да е како што велиш ти, не е напредок бе пријателе на нашата ни држава и лидерите, туку напредок на науката и технологијата. Кој ти вели дека ако беше цела СФРЈ немаше да го имаш истото ова?

Џабе везеш батка.

Неспоредливи се двата система, оти тој првиот прокламираше некои други морални вредности, а не акумулација на капиталот, со што ти сакаш да споредиш, со ова денес, кое е на сметка пак на човечкото достоинство.

Она што е ко бел ден јасно, е тоа што луѓето тогаш биле посреќни, послободни и она што е најбитно не им било уништено човечкото достоинство.

Сега ниту се среќни, ниту се чувствуваат слободни, ниту имаат достоинство, и покрај твоите 2 000 евра со кои опремуваат цел стан.

Види мајката, чудно, но вистинито.

Цело време го тупите со Голи Оток. Па тоа е сосема нормално, за секоја држава, да оние кои се спротивставуваат на нејзиното уредување, се неподобни за истата.

Оди сега излези и зборувај против власта да те видам?

Имаш уште еден клучен аспект, а тоа е дека 22 милиони луѓе се колнеле во Тито, и биле задоволни од неговата творба, ама од срце, не затоа што мораат.

Колку се денес задоволни од политичките лидери?
 
Во почетокот на 80ти еден телевизор беше 3 солидни плати и не се наогаше лесно. Еден сандак за длабоко замрзнување окулу 10 плати и се чекаше со месеци за него.
Една телефонска линија окулу 6 плати е за оваа се чекаше и до година дена.
Ај да си бидам сам на себе контраадвокат може е поради напредок на технологија...на пример во 1998 солиден десктоп беше 2000 марки=1000 евра корегирана за инфлација тоа е окулу 2000 денешни евра. За 2000 денешни евра што можеш да купиш од технолгоија да незборам најверојатно опрема за цел стан.
Споредбава ти е што си ме мајко родила.И мобилните беа луксуз кога излегоа,па сега за ич пари се продаваат.Технологијата напредува,и со тоа продуктите поефтинуваат.Не се чуди за 10 години едно кило пиперки да е поскапо од рандом мобилен телефон.Иначе збориш коли ова она,од кои пола се бугарски купени за 2000-3000 евра.Иди купи денес стан да те видам.Со 300 евра плата цел живот да штедиш треба за еден стан од 60 квадрати да купиш,а и тоа е прашање.Колку знам такви фраери со јаки коли а дома уште живеат со баби и дедовци.
 
Во почетокот на 80ти еден телевизор беше 3 солидни плати и не се наогаше лесно. Еден сандак за длабоко замрзнување окулу 10 плати и се чекаше со месеци за него.
Една телефонска линија окулу 6 плати е за оваа се чекаше и до година дена.
Ај да си бидам сам на себе контраадвокат може е поради напредок на технологија...на пример во 1998 солиден десктоп беше 2000 марки=1000 евра корегирана за инфлација тоа е окулу 2000 денешни евра. За 2000 денешни евра што можеш да купиш од технолгоија да незборам најверојатно опрема за цел стан.

За Русија кажуваш во почеток на 80 десети?
 
OK, и поентата на постов е..?

Sent from my Nexus
 
OK, и поентата на постов е..?

Sent from my Nexus

Сака да ти каже дека технологијата е дојдена до тоа ниво што модерни работи можеш да си купиш за џабе.Али за тоа за храна,струја,вода и разни сметки ти иде цела плата,а за идење на одмор и заштеда со која во иднина би купил некоја недвижнина би можел да си дозволиш на оној свет.И дека сега се живее подобро отколку во СФРЈ.
 
И дека сега се живее подобро отколку во СФРЈ.

Али за тоа за храна,струја,вода и разни сметки ти иде цела плата,а за идење на одмор и заштеда со која во иднина би купил некоја недвижнина би можел да си дозволиш на оној свет.

:rolleyes::rolleyes::rolleyes:

И патем не би рекол дека модерни работи можат да се купат за џабе.

Sent from my Nexus
 
Капиштец Скопје 2013 година. Кај мене од балкон се гледаат моментално окулу 100 коли би рекол дека само една бела буба е постара од 10-15 години ама изгледа во добра возна состојба ваљда газдата сака стари буби... од каршија има 20-30 нови згради изградени во последните 10 години. Фотка да не треба?

Да бе да затоа никнат згради во Скопје како печурки и секој има по 2 коли. Кај мене неможе да ги собере колите пред зграда од 80-ти го дуплираа капацитето на паркнигот воведоа зонско и пак место не се наоѓа за паркирање..

Ако кај тебе пред зграда е така не значи дека секаде е и дека секој има по 2 коли. 90% од луѓето што ги знам,а никој од нив не е нешто сиромав немаат повеќе од 1 кола.
Како пречурки никнуваат згради во Скопје,а во остатокот од земјата не остана живо пиле....
Ќе никнуваат згради кога цела "провинција" се пресели во Скопје.
 
kooperativa
можеме и за тоа да продискутираме. дека секоја држава има и треба да има по некој голи оток, има, немој да мислиш и дека нема, така и се чува држава, не со виножитни педерски шетања по плоштади. дека и во тоа време имаше легачовци кои само лапаа плата имаше, да, ама ова денешново е неспоредливо колку ли само сега ги има, им нема број. ова денес само ти дава право да си прокукаш јавно и ништо повеќе ебати демоНкратијата ебати. а во некои случаеви и тоа право го немаш, мислиш денес не лежат затвор само за два три збора погрешни? колку ли си само во заблуда:)
само погледни ги документите колку администрација тогаш ни беа на грб во цела југославија а колку ни се сега само во Македонија, направи една математика и ќе ти стане јасно што ти зборувам:)
првите два болда, ти изгледа не ме прочита фино или не си ме разбрал. тој систем го поддржуваше легачењето, мрзливоста, а кога од такви родители ќе се воспитува дете детето сигурно нема да биде работник!!! тоа се последиците што ги спомнав и што е денес реалност. никаде не реков дека денес има помалку мрзливци, напротив беше потенцирано дека ги има но дека сегашниов систем некако не дава тоа да се развива многу. али сите, вклучувајќи и тебе и мене би сакале да најдеме работа каде нема да мораме многу на многу да се потиме.
а за последниот болд, ДА тврдам дека тогаш полесно се заглавуваше на голи оток него сега. и ДА, секоја држава треба да има нешто такво заради државните интереси, но во македонија тоа некако е невозможно да постои, сепак педа земја сме и нема баш простор за затвор за такви персони. така да “не сум во никава заблуда“!
 
Како изгледаа одморите во 1970-1980.
Се пали мала кола Фичо Југо Застава по некој Москвич или Лада или стара Западно Европска кола која некој гастарбајтер ја донел од Германија. Се зема приколка онака најобична или онаа со шатор. Се товари се патлиџани пиперки јајца сирење (во мало фрижидерче) се туто комплето. Се оди во Грција обично некаде до прв крак или на страна...и се оди најчесто во див капм (идеа некој и во приватен) и се отвара шатор и се седи 10-15 дена во основа се купува само вода и се проебуваат 2-3 плати за 4 члено семејство. Во основа ништо поразлично од логорување или народен збег.
Одмор на јадран во главно Црна Гора за деца 10-15 дена во камп се седи во шатор или некој бунгалов ако платиш екстра со 10 деца во соба. Се јаде во голема менза. Во пракса исто како во војска...такви услови.
Денес за 300-400 евра имаш хотелско студио за тие денови плус може и доручек. Во 1980 ако си одел на Крф е како да си бил на Хаваи. На одмор со Авион? 95% од популацијата имале видено авион само на ТВ. Јас незнам сега кој не бил со авион на 1000-2000 км далечен одмор. Сега за 300 евра се зема авионски одмор во Италија...тогаш 30 часа пат со воз во 1 праве 30 назад до Трст купување 10 кила фармерки за да се извади пат. Во Италија на одмор во СФРЈ може ако таткоти е член на ЦК или некој директор.Гледам на Групер одмор во хотел со пат за еден со пат за 100 евра. Или 30% од просечна плата...Хмммм незнам дека беше ова можно во СФРЈ.
Добро ај и авиоиндустријата и туризмот напреднала исто како телефоните телевизорите фрижидерите колите шпоретите компјутерите...така да може не е реална споредба.
Знеа некој колку беа цените на авиокартите во 1970? И од каде доаѓа терминот Џет-Сет?
 
Јас пошто сум со годините малце побајата од повеќето мислам дека треба да се разбере поимот „поубаво“. Можеби немало повеќе пари, луксуз, скапи коли, брендирани производи ама ИМАЛО многу помалце политичари, попови-политичари, фризерки-политичари... Имало редовна плата, чувство да си корисен во општеството и дека прионесуваш па макар и како ѕидар, ред и поредок, почит (и тоа од онаа селската со која се персира на повозрасен нпр.)....
Немало големи јазови помеѓу општествениет слоеви како сега мал процент на хипербогати, малце поголем процент на средна класа и огромен број сиромашни...
Основната теза била да нема големи разлики за да нема простор за незадоволство. Подоброто живеење не било врзано со високи плати туку со урамнотеженост на богатствата и ментален мир... Најголемиот адут бил врзан со „корејски систем на управување“ со кој со повторување на изреки и пароли од типот братство-единство и сл. успешно се одржувала менталната свест дека националноста и религијата се споредни елементи. Во време на комунизмот и социјализмот религијата се поистоветува со табу-тема и со самото тоа еднаквоста е многу поизразена, омразата е закопана таму некаде а кој што прави по дома никого не засега...
Не е мит, се живеело поубаво, во смисла порастеретено, порелаксирано во егзистенцијална смисла и порелаксирано во секоја смисла....
Не мислам дека Тито бил семоќен, не го сакам нешто посебно но факт е дека имал каризма, дека умеел да каже „не“, дека бил почитуван и сакан. Тоа е голем успех за секој човек камоли државник...
 
Како изгледаа одморите во 1970-1980.
Се пали мала кола Фичо Југо Застава по некој Москвич или Лада или стара Западно Европска кола која некој гастарбајтер ја донел од Германија....

Во СФРЈ постоеа авто салони и преставништва на Ситроен, Рено, БМВ, Волксваген... Татко ми во 1963 зеде кола од Цитроен во Београд, во 1983 го молев да земеме БМВ 315 од салон во Скопје, комшијата наш возеше Голф нов земен во СФРЈ.
На одмори се одеше кој Охрид кој Јадран Трст беше шопинг цел, а Грција и не беше популарна, во 80 десетите се одеше и во Буггарија постоеа работнички одморалишта, со работнички хотели и кампови, замисли денес некој работник од фимата да може да појде на море или езеро со се фамилија во хотело од фирмата со симболични цени и плаќања на рати со задршка на плата !!?? Замисли детео го праќаш организирано на море , во хотел??!! со една плата. Замисли ти даваат 13 ста плата негде пред нова година а К15 негде септембар, таман за зимници и школски години. Замисли одиш на доктор овде или во Сараево или во Љубљана или во Београд или во Сплит... само со книшка, без картони без пари, добиваш рецепта и одиш во аптека и земаш лекиови ни картонче ни пари да не ти побараат, замисли со авто стоп да патуваш и спиеш по пат на паркинг или во парк во некој друг град друга држава бези да помислиш дали си безбеден, замисли одиш со друштво на риби и не се плашиш дали ќе те легнат на земја и застрелаат, излегуваш од дома и не заклучуваш, замисли кога најголем страм и и скандал беше да фатат директор во кражба, замисли се запишуваш на факултет без партиципации и плаќања на иљадници евра за школовање, замисли како работник со 2-3 деца да добиеш стан од претпријатието, замисли да не те интересира ни кој е градоначалник ни кој е министер за труд или здравство или пратеник, замисли имаш пасош со кој без виза патуваш каде сакаш и кога сакаш, замисли контејнери по кои ни ѓупците не пребаруваа за парче леб или облека, замисли улици без демонстранти, без протести на стечајци, бранители, припадници на некои обесправени групи, замисли деца кои цело лето се надвор до касно навечер играат фудбал, ракомет возат точаци а родителите не се грижат дали се пијанат или дрогираат или некој манијак ги демне, замисли сигурност кога се шеташ навечер со жена и дете по пусти улици, замисли кога државата во која живееш никој не ја условува што да прави и како да прави, замисли вработување и сигурна плата, имам земано плата, земам 20 работни дена однмор, поминувано на јадран 2 недели по роднини уште 2 недели се враќам на работа ме чека веќе следната плата. Гледам немаш живеено ни секунд во таа држава и систем, а и сегашниот не ти е познат, ние пред 2-3 години имавме најголем број на академски граѓани вработени на договор за ископ на земја, имавме правници, машински инженери, економисти.... кои копаа за 400 денари дневница 3 месеци во годината. Тие не се луѓето кои сега патуваат на твоите летувања по Хаваи ма ни на базен не можат да си дозволат да одат. Денес имаме многу богати и многу сиромашни, во време на СФРЈ (кога бев мал) и јас и синот на директорот возевме пони точак (неговиот имаше и ретровизор) во зрели години и јас имав стан и директорот мој имаше стан во заедничка куќа (дури и речиси иста квадратура) е тој си купи Голф јас тогаш Лада возев. 90% летувања ми беа на Јадран, макарска ривиера, 2 пати грција и неколку пати Охрид. Се со една плата. Денес ти треба една плата да протуркаш најосновни работи во месец, сметки и храна, и уште една ако имаш дете студент или сакаш да појдеш на одмор.
Денес тој директор е можеби најбогатиот чоек во Македонија со синџитр на аптеки и иљадници квадрати во станови деловни простории и имоти и овде и во странство, летува на малдиви сејшели. Парите и тогаш и сега беа исти, само што тогаш се распределуваа да има за сите за пристоен живот, денес одат по џепови на криминалци и современи аги и паши.
 
Во СФРЈ постоеа авто салони и преставништва на Ситроен, Рено, БМВ, Волксваген... Татко ми во 1963 зеде кола од Цитроен во Београд, во 1983 го молев да земеме БМВ 315 од салон во Скопје, комшијата наш возеше Голф нов земен во СФРЈ.
Текст лаже слики не лажат... који коли бе повеќе од народ кола немаше...

gradskabolnica.jpg

Staro%20Skopje-pela.jpg

36741547.jpg

Skopje-bul-makedonija.jpg

skopje.bmp

30ljki9.jpg

pogled-na-partizanska-vo-70tite.jpg

Каде се колите во СФРЈ? :eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom