Добро, со сиот ум мислиш дека не е во ред да ги имаме на едно место и поинаквите размислувања и видувања од вообичаените? Па нели се бориме за едно демократство општество и слобода на говорот? Зошто тука на форумов ми наметнуваш цензура?
Ништо не ти наметнувам. Интернетот ти дава можност да се бламираш колку сакаш.
Понакво мислење е поинакво мислење. Ти тука ни пласираш “информации“ од владини медиуми и ни ги претставуваш како факти. До вчера истите тие медиуми даваа емисии за готвење и за пингвини. Самото тоа што решиле да известат од настанот, макар и со анти-кампања, е прогрес.
Друго, 2-3 дена напнуваш со информации за дезинформации во врска со протестите (како сликата од маратонот и слично). Се е тоа во ред. Илјадници луѓе имаат фотошоп и си прават што сакаат. Дали тоа значи дека во Турција нема протести? Дали ако постираш монтирана слика од полиција како тепа, значи дека нема 1000 други слики на кои полицијата навистина тепа? Дали нема водени топови, солзавци и портокалови хемикалии? Дали не лажат комуњарите?
Види, патетично делуваат вашите обиди да го минимизирате она што се случува. Има неколку кристално чисти факти кои мора да се издвојат:
- Има прекумерна (прекумерна е мал збор) употреба на сила.
- Имаше медиумски мрак - директен показател на тоталитарно владеење.
- Имаше исклучување на интернет и блокирање сајтови за комуникација.
И сите овие работи не се доволни во вашиот ментален склоп да се дистанцирате. Да бидеме искрени, вашата поддршка за Ердоган нема врска со политичка ситуација, опозиција, НВО сектор, платеници и што ти ја знам... вие поддржувате по дифолт секој што е припадник на вашата идеологија. Вашата визија за светот е тоталитарен религиозен систем во кој нема место за индивидуални слободи и во кој државата се меша во најситни детали, како кој што ќе носи, јаде и пие. Тоа е вашата визија за светот и јас мислам дека сте ноторни идиоти. И ве сожалувам. Не сте во состојба повеќе да разликувате добро од лошо, слобода од ропство. Секуларизмот за вас е непријател иако токму поради секуларизмот ги уживате сите права како и ова што го практицираш во моментов: да си пишеш на јавен форум се што сакаш без да се плашиш од последици. А сепак посакуваш систем во кој ќе те тераат како добиток.
Како што викаат една слика 1000 зборови, оваа жена на сликава за мене ја претставува слободата и правото на секој да живее онака како што си милува:
Ова е мојот свет, а вашиот е свет на нинџи и мумии, домашни робови кои никогаш нема да го кренат гласот и да застанат гордо за своите убедувања, како девојката на сликава.
А за тоа кој победува на избори не е ништо спорно. Еве Ердоган може да ја реши кризата многу едноставно - наместо со пендреци и солзавци, да си даде оставка и да се распишат избори. Па нека си победи штом има 70% поддршка. Нема потреба да тепа народ.