"Брза Помош" - колку е "брза"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување
Ова што го прочитав во „Точка“ (дај некој нека стави линк) е запрепастатувачко.
Прегазен-повреден или недај боже загинат човек лежи половина час на раскрсницата пред собрание чекаиќи ја ПРВАТА ПОМОШ додека нашата полиција го чува.
А на десет метри е градската хирушка болница.Па нели може мајкуму тие лекари од таму да излезат и пешки со десет чекори да одат до таму и да му помогнат на човекот и дадат ПРВА ПОМОШ. Па ако треба и со количка или носила да го пренесат до болницата.
Ова се случило синоќа околу 21 часот. Таксистот кој го прегазил изгледа избегал.
 
Прегазен пешак кај Градска болница: лежел на улица половина час - немало Брза помош
tocka-96815.jpg




Вечерва околу 21.00 часот веднаш до Градската болница во Скопје, се случи тешка сообраќајна несреќа во која пешак беше прегазен од такси возило.

Очевидците за Точка велат дека брзата помош пристигнала дури половина час по несреќата, иако на 10 метри од местото на несреќата е Градската болница. Набрзо по несреќата полицијата пристигнала на терен, додека брзата помош која дошла од Клинички центар пристигнала дури по половина час.

Сеуште нема информации за состојбата на прегазениот пешак. Наша читателка која живее во близина, вели дека на оваа раскрсница секој втор ден се случува по некоја тешка сообраќајна несреќа.

covek-na-ulica-01%20(1).jpg

covek-na-ulica-02.jpg

covek-na-ulica-03.jpg

covek-na-ulica-04.jpg

covek-na-ulica-05.jpg
http://tocka.com.mk/1/96815/pregaze...lezel-na-ulica-polovina-cas-nemalo-brza-pomos
 
Треба некој да им каже, вработените од градска болница не ѕиркаат преку прозор за твоја информација.
 
А на десет метри е градската хирушка болница.Па нели може мајкуму тие лекари од таму да излезат и пешки со десет чекори да одат до таму и да му помогнат на човекот и дадат ПРВА ПОМОШ. Па ако треба и со количка или носила да го пренесат до болницата.
Ова се случило синоќа околу 21 часот. Таксистот кој го прегазил изгледа избегал.

Обратете се за ова кај последните 2-3 министра за здравство кои им забранија на докторите да напуштат работно место и не смеат да мрднат бидејќи е еден доктор дежурен на цела клиника. Убаво пиша Illumious овде. И на крај краева, зошто мислите дека лекарот воопшто видел дека надвор се случува такво нешто, што ако имал пациенти и немал време да гледа низ прозор што се случува надвор?
И зошто ниеднаш не се постави прашањето што правеле луѓето што биле на место на настанот? Си ги држеле мевоите? Што не го кренале човекот кога виделе дека не доаѓа никој и да го однесат во болницата која, нели, е на десет чекори од таму? Што не отишол некој до ургентната служба да побара носилка? Или само докторите се нехумани кога им е забрането да излезат и најверојатно не ни знаеле што се случува, а минувачите кои со закон се обврзани да застанат, применат прва помош и повикаат брза помош не правеле ништо освен терање сеир?
 
Тука е во прашање јавната свест, тука треба било кој случаен минувач, пешки или со автомобил да застане да прииде и да се викне брза помош.
 
Човек лежи полумртов на земја, хах чекај ќе го сликам :vozbud: :facepalm:
 
А што е најтрагично полициско возило седи пола час до човекот .... ја знам дека се глупи цајканиве ама овај на сликава е дебил
 
Гледав коментари шо не го кренале и не го однесат. Тетин ми падна од орев и заради тоа што го поместија роднините и комшиите после паѓањето остана инвалид цел живот. Треба стручно медицинско лице да види тоа. Не е тек така работата. За брзата помош, си имам на мене осетено како е. Среќа на крај со врски ме средија иначе не сакаа да ме пипнат иако многу крварев.
 
Дада, докторите се виновни, а овие што се утепаа од сликање за ексклузивна вест на нивните бедни портали, наместо да помогнат и да извршат притисок на брзата помош се цвекиња за мирисање. Лешинари !!!
 
А колку реално брзо може да пристигне брза помош?
Дали се запрашале овие што сликаат?
Во целиот тој скопски метеж и половина час би рекол дека е чудо.
 
А колку реално брзо може да пристигне брза помош?
Дали се запрашале овие што сликаат?
Во целиот тој скопски метеж и половина час би рекол дека е чудо.

Од Клинички Центар до местово во 21 часот во вторник најмногу 10мин.

Патем наместо да помогнат они сликаат, е неможам да го сфатам тоа. Граѓанска обврска е да застанеш со возилото на повредено лице и да го превезеш до болница, тоа треба да е устав за секој човек! А не да си минат покрај тело на улица, абе страшно што нема да види човек.
 
Од Клинички Центар до местово во 21 часот во вторник најмногу 10мин.

Патем наместо да помогнат они сликаат, е неможам да го сфатам тоа. Граѓанска обврска е да застанеш со возилото на повредено лице и да го превезеш до болница, тоа треба да е устав за секој човек! А не да си минат покрај тело на улица, абе страшно што нема да види човек.

Од Клинички до местово има 5 минути со семафори, со ротациони уште помалку...
 
Гледав коментари шо не го кренале и не го однесат. Тетин ми падна од орев и заради тоа што го поместија роднините и комшиите после паѓањето остана инвалид цел живот. Треба стручно медицинско лице да види тоа. Не е тек така работата. За брзата помош, си имам на мене осетено како е. Среќа на крај со врски ме средија иначе не сакаа да ме пипнат иако многу крварев.

Така е се согласувам дека не треба повреден човек да се поместува од положбата во која се наоѓа, за да не се направи поголема штета, во случајот како што кажуваш ти останал инвалид. Ама пак градска болница е на 10 метри од раскрсницата. Можело било кое медицинско лице да излезе со носилка и да го внесат човекот внатре за да го прегледа лекар. Значи не мора тоа медицинско лице да е лекар. На некој од порталиве кои ја пренесуваа оваа вест (не се сеќавам на кој беше) прочитав дека брзата помош била викната веднаш од кога се случила несреќата, но и требало 20 или 30 минути да стигне. Зар градска болница нема брза помош? А во брзата помош, колку што јас знам, во тимот мора да има еден лекар. Тој лекар кај бил, спиел? Па требало пола саат да го разбудат за да може да интервенира? Дај не зезајте луѓе. Нема оправдување за вакви нечовечки гестови, ни кај лекарите, ни кај обичните граѓани.
 
нели беше забрането на форумов да се пренесуваат вести од Точка.:unsure:
Абре јас ниту точка ниту запирка ти знам,откако почнав само Кајгана да лапам,
но сега по грешка неа прво сум ја пуштил,оти и на прво место ја даваат по ова новото,
па то треба да се забрани бре,види имало и Таратур и трчи Види и некои други.
------------------------------
дајте вест, што стана со човекот и „таксистот“ од кога има дозвола (ако ја има).
 
Чудна ситуација, прво и основно како што спомнаа и други погоре голема грешка е случаен минувач да проба да го помести телово на било кој начин поради влошување на состојбата. Кога ја видов сторијава се ставив во ситуација јас да бидам случаен минувач и да го видам телото на сред раскрсница што би направил. Би се доближил да видам дали е во свесна состојба и да викнам брза помош телефонски ОДМА, и да останам на местото додека не дојдат докториве, не гледам дека еден обичен минувач може и треба да стори нешто повеќе од ова. Здравството може да го окривуваме ако стварно им требало пола саат да дојдат... па во најмала рака да викнат луѓе од градска болница не би им требало повеќе од 5 мин пешки да дојдат, ова може да е кикс од случајните минувачи, но може и на дел од лекарските екипи. Да не ме сфатите погрешно имам огромен респект кон медицинската професија, но со погрешно поставено здравство може да се направат грешки. И друго, полицаецов што стои со телово може е од сам почеток тука, може и некој викнал полиција телефонски, така да неможе што друго да направи еден случаен минувач повеќе, ако се доближиш џандаров ќе ти рече се е под контрола не се мешај :)
Главниот акцент паѓа зошто бил потребен толкав период за да дојде лекарската екипа... дали од презафатеност или лоша комуникација итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom