Може ли кај нас самохран родител да посвои дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Бидејќи јас досега немам наидено на искуство кое вели дека некој самохран родител успеал да посвои дете, темава ќе ја искористам јас информативно, а и можеби ќе му се најде на некој друг. Значи дали имате чуено за вакво искуство во нашава земја, јас едно единствено што го чув беше дека на млада вдовица прилично добро ситуирана домот не сакал да и даде дете на посвојување без разлика што не барала бебе, туку дете на било која возраст.

Знам дека двајца родители се секогаш во предност пред еден кога е посвојувањето во прашање, но дали регулативите кај нас ги дискриминираат самохраните родители кои би сакале да имаат дете и да го одгледаат самите, а притоа да имаат услови неопходни за нормален развој на детето?

И второ прашање дали вие би се нафатиле да посвоите дете во својство на самохран родител?

Мислења, искуства?
 
Нека каже некој од правен аспект како стојат работите, но колку што јас имам информација воопшто не е возможно да поднесеш документи како самохран родител за да посвоиш дете. Бараат венчален лист. Освен ако законот не се изменил во последните години ...

Државата самохраните родители почесто знае и да ги заборави дека постојат. Последно што прочитав и ми беше дури смешно од што беше мизерно, е што за секое прво родено дете општината во која живее на мајката и дава 5.000 денари како помош. Еден од документите за да ги земе тие пари е венчален лист. :)
 
Ако државата смета дека си добро финансиски и психички подкован може .
 
Од правен аспект незнам како стојат законите бидејќи со законите јас сум многу на лоши ниво ...

Но од друга гледна точка зошто да не може да се посвои дете? сепак тоа е одлична работа секако доколку родителот има финансиска стабилна можност за тоа да го стори. Тоа е одлично за децата кои чекаат некој да ги посвои да бидат во дом каде што некоја личност ќе им подари сето внимание,љубов и тн. Секако многу би било глупаво од страна на државата ако не смее самохран родител да посвои дете. Но кај нас е малце поинаква сликата за самохран родител на пр. кога некој ќе каже таа е самохрана мајка одма сликата на луѓето им доаѓа дека таа се мачи цел живот за да живеат како да живеат од ден за ден. Затоа повеќето ќе кажат Не но мојот одговор би бил секако доколку самохраниот родител има работа која му гарантира финансиска стабилност и секако јас би рекол и доколку самохраниот родител е стабилна личност.
 
EВе шо најдов тумачете сега :D Немам време. Толку од паузата помина и 10.

2. Услови за посвојување
Член 100-а
Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични
својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45
години.
Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од
посвоеникот.
По исклучок од ставот 1 на овој член како посвоител може да се јави
лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и
посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не
ја надминува горната старосна граница.
Член 100-б
Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето,
детето може да биде посвоено без разлика на старосните граници утврдени
во членот 100-а на овој закон.
Член 100-в
По исклучок, од членот 100-а, ставови 1 и 4 на овој закон, како
посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат
горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето
кое е веќе посвоено.
Член 101
Не може да се посвои сродник во права линија, ниту брат, ниту
сестра.
Член 102
Посвоител не може да биде лице:
а) на кое му е одземено или ограничено родителското право, како и
лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна
казна затвор во траење од над шест месеца,
б) на кое му е ограничена или одземена деловната способност, в) за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе
ја употреби на штета на посвоеникот,
г) кое е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој,
како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност
здравјето и животот на посвоеникот и
д) чија физичка попречност е од таков степен што може оправдано да
се сомнева во можноста да се грижи за детето;
ѓ) ако е постаро од 45 години;
е) зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол;
ж) кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива
заразна болест и
з) ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е
негативно во однос на можноста тие лица да бидат родители.
Член 103
За посвојување е потребна согласност на обата родители на
посвоеникот, односно на неговиот старател, како и на посвоеникот ако е
постар од дванаесет години.
Доколку родителот е малолетен, покрај неговата согласност се зема и
согласност на законскиот застапник.
Не е потребна согласност на родител на кој му е одземена деловната
способност или му е одземено вршењето на родителското право или на
родител на кој повеќе од една година не му се знае престојувалиштето.
 
Тешко,најчесто само оние што се венчани што не можат да имаат деца поради Х-причини таквите најголема шанса можат да посвојат,додека самохран/а родител/ка тешко без разлика дали стабилен/на и финасиски благосостојба бидејќи се може да се случи .
 
Не знам законот теоретски како гласи, но во пракса не дозволуваат. Знам за случај на една познаничка која е одлично ситуирана, вработена, финансиски стабилна, психички и физички здрава, жената бараше да посвои дете, но не и дозволија.
Никогаш не ми било јасно зошто е толку сложена процедурата, домовите се полни со деца, а има еден куп луѓе кои чекаат да посвојат дете со години . Некој да има сознание каде е проблемот?
 
Не знам законот теоретски како гласи, но во пракса не дозволуваат. Знам за случај на една познаничка која е одлично ситуирана, вработена, финансиски стабилна, психички и физички здрава, жената бараше да посвои дете, но не и дозволија.
Никогаш не ми било јасно зошто е толку сложена процедурата, домовите се полни со деца, а има еден куп луѓе кои чекаат да посвојат дете со години . Некој да има сознание каде е проблемот?

По закон е дозволено значи. Во пракса не дозволуваат од неколку причини, меѓу кои нели ако тргниш од самата дефиниција за брак, како заедница на маж и жена за репродукција на деца, и потоа причините кои се однесуваат на израснувањето, одржувањето, воспитувањето на детето, дека тоа е најправилно во ваква заедница каде владее мир и хармонија, љубов од двата родитела, дека само така имаме целосно и правилно растење, воспитување, издржување и слично, со цел демек да се вадат здрави личности кои ќе се прилагодат на барањата од општеството и ќе одговорат на истите кога ќе пораснат. А вака по автоматизам, еден родител, некомплетно семејство од старт, пречка плус да недостига уште од старт претходно наведеново. Вака некако чинам одеа тие работи.
 
По закон е дозволено значи. Во пракса не дозволуваат од неколку причини, меѓу кои нели ако тргниш од самата дефиниција за брак, како заедница на маж и жена за репродукција на деца, и потоа причините кои се однесуваат на израснувањето, одржувањето, воспитувањето на детето, дека тоа е најправилно во ваква заедница каде владее мир и хармонија, љубов од двата родитела, дека само така имаме целосно и правилно растење, воспитување, издржување и слично, со цел демек да се вадат здрави личности кои ќе се прилагодат на барањата од општеството и ќе одговорат на истите кога ќе пораснат. А вака по автоматизам, еден родител, некомплетно семејство од старт, пречка плус да недостига уште од старт претходно наведеново. Вака некако чинам одеа тие работи.

Да, сѐ тоа во ред, но зошто тогаш е толку комплицирана, спора и неефикасна процедурата за посвојување и кога има двајца родители и зошто има еден куп деца во домовите? Нели би им било подобро да имаат макар и еден родител отколку да бидат во дом без ниеден?
 
Законски знам дека може самохран родител да посвојува, но во пракса е поинаку.

Инаку, сметам дека и еден родител, е далеку подобар старател него државата, било каде на светов, а посебно во Р.М.
Можеби дете посвоено од еден родител ќе биде лишено од татковска/мајчина грижа, но ако споредиме, во моментот е лишено од било каква родителска грижа.
Од друга страна, тука ни се самохраните родители, кои имаат биолошки свои деца, и да, потешко е и за родителите, и за децата, но во глобала најголемиот дел имаат нормално детство и нормален живот.

Не постои причина да не се даде дете на самохран родител, освен ако тој самиот нема семејство.
Имено, секогаш треба да се има барем некаков план Б, од аспект дека кога постојат двајца родители, при болест/смрт на едниот, другиот е тука да се грижи за детето. Во овој случај, доволно би било да постојат баба/дедо, брат/сестра, односно посвоителот да има некакво семејство.

Понатаму, со оглед на бројот на сираците, повеќе од дискриминирачки е да одбиеш некого само затоа што не е во брак.
Тука настапува и другиот проблем, кој го дискутиравме во друга тема - државата те дискриминира ако не си во брак. Едноставно те присилува да бидеш.

Доколку едно лице е психички, физички и финансиски стабилно, јас не гледам причина зошто да не посвои дете.
Дури и да има најдобри услови во домот, ништо не може да ја замени родителската грижа, макар и на еден родител.

Подобро (и тоа многу подобро) е еден добар родител, него двајца лоши, или во овој случај, двајца непостоечки.
 
ако не сум во грешка, “бејби“ посвои кога беше соло ?!?!?!!?
 
Законот не вели ништо ниту за оние кои не се самохрани родители, а немаат формирано семејство со деца. По мое тие би требало да (ако немаат пречки според законот, години и психички и физички проблеми) како и самохраните родители и како и двајца родители со деца теоретски да имаат исти стартни права. Дали во пракса предност му се дава на искуството и сигурноста во случај на двајца родители пред другите два случаи (самохран родител и лице без деца), не знам, ваљда.
 
Не би требало да постои дискриминација во однос на брачен статус и според закон не постои, али реалноста е малце поразлична.

При посвојување на дете оставено во дом за деца без родители секогаш ќе се даде предност на брачен пар отколку на самохран родител, без оглед на тоа колку самохраниот родител е психички, физички и финански спремен да одгледува дете. Оваа предност произлегува од оние критериуми кои државата (која пред посвојувањето е одговорна за детето) ги смета за приоритетни - традиционално семејство во кое детето ќе се здобие со традиционални, односно правилни вредности, поголема финансиска сигурност во поглед на здравствена нега, храна, облека, одмор, образование, поголема сигурност во однос на смрт или тешка болест на еден од родителите и нормално, оној критериум кој Македонија го брка многу долго време - јадрото на успешно развиеното општество - совршено семејство од 4 ипол членови а.к.а америчка реклама за било што.
Настрана фактот што државата како заштитник на сите овие деца во периодот пред посвојувањето не исполнува ниту еден од овие критериуми, настрана што условите во кои истите живеат се непогодни услови дури и за канализациски глувци, настрана хаосот и апсолутното заборавање на значењето на зборовите „професионалност“ и „организација“ што е задолжителна пракса при секоја отворена процедура за посвојување, настрана „гласините“ за креаирање аукции за деца под 2 години, за потплати и дебели исплати...ако све ова и успееме да го занемариме во муабетот, пак е нејасно како домовите се повеќе се полнат со деца, а потенцијалните адоптивни родители сепак чекаат и до две години да добијат дете. Единствено нешто што ми паѓа на памет е дека овој сектор е комлетно запоставен, преполн со необразован кадар, кој одозгора на тоа и е мрзлив.
 
Зошто ако законот дозволува самохран родител да посвои дете, нема ни една тужба или јавно презентирање на проблемот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom