Секогаш кога ќе видам било каква вест за револуција, гинење луѓе, репресија ми текнува на човеков. Ако не можеш да ги натераш со озбилно да разберат колку се глупи, плесни им го во фаца со хумор.
Светов заликува на реално шоу во кое никој ништо не научил (освен ова Канаѓаниве, чудо од земја и менталитет), политичари мамата тепаат луѓе без никакав милост, народ без памет, радикализам, луѓе како пиончиња гинат. И нема крај. На светов му треба битка со трета страна која нема врска со човечка раса за да ги смири нервите од самоуништување. Немојте да мислите дека сум оф топик со ова мислење, баш сум на темата. Масата треба да каже како сака да живее, ама јбг, од теории на заговор оди крени глава.
Инаку во однос на тоа дека протестиве се исценирани. Дури и да се подбуцнати, можеш да бутнеш пет души да скршат некое стакло или да превртат кола, ама не може да натераш илјадници луѓе да го прават тоа, ако не се бесни заради нешто.