Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 31.094
- Поени од реакции
- 50.796
Марко Матераци најверојатно ќе треба да се оперира одкако ја скрши јабилчницата (или како се викаат таа коска)..
Мурињо сепак најде нешто позитивно во натпреварот со Бремен. Новите позиции за Кварезма и Мансини. Мансини ќе добие нова улогаа, полу шпиц а Кварезма како втор шпиц![]()
Вчера уште во првото полувреме го приметив тоа, али викам ај да не пишам па да ме демантираат . Значи премногу очигледна беше промената со која Мур излезе на теренот, Кварезма и Манчини ротираа, или едниот беше на позиција плеј/полушпиц, или другиот, во ниеден момент поставеноста не беше како во оние денови кога Мур играше типична 4-3-3 . Тоа бар нас треба да не радува со оглед дека и Мансини и Кварезма се доста креативни, далеку повеќе од Станкович кој игра на позиција зад напаѓачите, иначе му симнувам капа на тој играч, бар се труди максимално, нешто што останатите знаат да го ескивираат во некои мечеви, како оној вчерашниот .
Факт е дека Мурињо на мечот со Вердер експериментираше со играта, бар не е тврдоглав како претходниот тренер, а види дека нешто не чини, прави промена за доброто на тимот, веќе сме сведоци дека ја смени тактиката и начинот на игра во последните 6 меча, ефектот е очигледен ( погоре и Чекич истото го спомна ) .
Вчера Мансини и Кварезма играа на нови позиции, истите и немаа долго време настапено, истото важи и за Адри кој 2 недели не беше во составот на Интер, може и затоа само во првиот дел играа на некое ниво кога Вердер немаа ниедна шанса, освен удар со глава на Пизаро по изведен коренр . Како и да е, ке оди кон подобро работава, и убеден сум дека и Мансини и Кварезма успешно ке бидат имплементирани во новиот систем на Мурињо и заедно со Ибра ке газат се пред себе, во Калчото веќе почнаа .