Како застапник на христијанството, тврдам дека ова не се однесува на христијанството. Напротив, христијанството учи дека човековото срце е поизмамливо од сè и дека е страшно болно, така што ако го следиме, само повеќе и повеќе ќе се изгубиме.
„Поизмамливо од сè е срцето и е страшно болно,“ (Еремија 17:9, Библијата)
Исто така Исус поучувал дека:
„„Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, зашто од внатрешноста, од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”“ (Исус Христос, ев. Марко 7:20-23, Библијата)
Христијанството повикува на будно и разумско трагање по вистината. Најголемата заповед е:
„Љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’“ (Исус Христос ев. Марко 12:30, Библијата)
Апостол Петар во воведот на своето второ писмо вели:
„Возљубени, ова е веќе второ послание, што ви го пишувам, и во двете го разбудувам, преку напомнување, вашиот чист разум,“ (2 Петрово 3:1, Библијата)
Христијанството не вели така. Исус јасно рекол:
„Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (Исус Христос, ев. Јован 14:6, Библијата)
„Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее.“ (Исус Христос, ев. Јован 11:25, Библијата)
„Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (Исус Христос, ев. Јован 3:18, Библијата)