Предлог за филм со кратка рецензија

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
Вчера, уствари до сабајле 05:30 ч гледав серија во 3 продолженија "The Lost Room" (2006) и ми се допадна
научно фантастична серија, која на љубителите на ЛОСТ и ХЕРОИ би им се допаднала пошто е во сличен стил
 
G

grande-juve

Гостин
САБОТА 31.1.2009 г. во 20.05 ч. kanal 5
Отпорен на смрт – Death proof (2007 г.)

Каскадерот Мајк е главниот, а и мистериозниот лик во новото издание на добро познатиот Тарантино, лик чија мета се жените. Со својот стар автомобил со најнова опрема социопатот ги уништува жените низ Америка, а тие ќе решат да му се одмаздуваат на свој начин...

Режија- Quentin Tarantino
Главни улоги- Kurt Russell, Rosario Dawson

7.3/10 57,053 votes
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Pride and Glory.

Отсекогаш сум сакал добри полициски филмови овај е еден од нив.Вниманието на филмот е сконцентрирано кон една фамилија на полицајци.Нивниот живот криминалот, корупцијата нивните соништа, успеси и неуспеси.Реално брутален и со емоции, екипата на актерите е одлична.Да не ви го раскажувам гледајте го.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Pride and Glory.

Отсекогаш сум сакал добри полициски филмови овај е еден од нив.Вниманието на филмот е сконцентрирано кон една фамилија на полицајци.Нивниот живот криминалот, корупцијата нивните соништа, успеси и неуспеси.Реално брутален и со емоции, екипата на актерите е одлична.Да не ви го раскажувам гледајте го.
Da ne bidam i jas kako snobovite i da velam: Lele choveche ova e umetnost...Filmot si nema blaga veza,samo edna bleda kopija na We Own The Night (2007),mozele i podobro da go napravat?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Da ne bidam i jas kako snobovite i da velam: Lele choveche ova e umetnost...Filmot si nema blaga veza,samo edna bleda kopija na We Own The Night (2007),mozele i podobro da go napravat?
Секој си има право на сопствено мислење. Мене лично филмот ми е супер, и ретко препорачувам филмови затоа што си имам јас лични строги критериуми.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Секој си има право на сопствено мислење. Мене лично филмот ми е супер, и ретко препорачувам филмови затоа што си имам јас лични строги критериуми.
Да, ама дискутиравме пред некое време за двата филма и сите се сложуваат дека We Own The Night (2007) е многу подобар филм. Pride & Glory е еден од полошите филмови со валкани полицајци што сум ги гледал, имав рецензија да не се повторувам многу. Му дадов 5/10, од кои 4 заради Едвард Нортон.

ЕДИТ:

Еве уствари ја побарав рецензијата:

IOsonoINTERISTA напиша:
Pride and Glory (2008)

Разочарување. Не големо, затоа што читав лоши критики, па очекував дека е лош, ама не до толку. Сигурно најлош филм со Едвард Нортон што сум го гледал. Му давам 5/10, од тие 4 заради Нортон.

Исто така, ова е еден од најлошите филмови за корумпирани полицајци што сум го гледал. Прво, дијалозите во првиот дел од филмот беа ужас. Не се знаеше кој за што зборува од полициско/ганстерски сленг. Очигледно тој што го пишувал сценариото заборавил дека има повеќе од еден карактер во филмот, па сите зборуваат и се однесуваат како еден. Супер.

Понатаму, приказната е изџвакана илјада пати и нема ама баш ништо ново. Се е предвидливо до крај.

Ликовите не се ни допрени подолу од површината. Обид да ни се прикаже некоја поврзаност на семејството пред да отиде се по ѓаволите не ни имаше освен една ко бајаги божиќна вечера. Сите поубави половини во филмот беа само статистки...

Тепачката помеѓу Нортон и Фарел беше толкава глупост што нема зборови да се опише. Ги извадија часовниците и као ај да расчистиме нешто. Бог да чува... Полицаецот што крадеше “смоки“ од продавницата зошто му се може, или глупоста која ја направија двајцата полицајци во истата беше трагичен начин да се приврши филмот некако кон крај а виновниците да бидат фатени. Нити истрага, нити ништо...

Лошо, толку лошо што не ми се верува дека Нортон воопшто прифатил да игра во ваков филм.

Како пример, за филмови слични на овој би ги ставил
We Own the Night (2007) иCop Land (1997, барем тие ми текнуваат во моментов, и се пример како ваквите филмови треба да изгледаат.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Не пропуштајте, за сите што не го гледале и за тие што сакаат повторно да го гледаат, вечерва на МТВ1 во 20:45 часот култниот македонски филм Тетовирање

Режија: Столе Попов Улоги: Мето Јованоски, Кирил Поп Христов, Јовица Михајловски, Александар Чамински ...

Обичен работник зборува јавно против власта на телевизиска програма и заради тоа се наоѓа во затвор иако самиот се обидува да се убеди дека не е заради тоа во затвор туку заради несакана случајна грешка...
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
425

fala za informacijata tetoviranje e eden od najdobrite makedonski filmovi.
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.660
Поени од реакции
729
My Best Friend's Girl, препорачан и претходно ама не е на одмет пак да се спомне. За сите што се љубители на романтични комедии. Сличен филм со Hitch, интересен да се погледне... :)
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Гледај го Stay на Марк Фрост. Филмов е лудило.
Супер е филмов, баш ваков барам да гледам, фала...:pipi:

п.с а ќе ве замолим да ми предложите некој сл филм или нешо ко The Number 23 .

:helou:
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
[zEUs];2175728 напиша:
Супер е филмов, баш ваков барам да гледам, фала...:pipi:

п.с а ќе ве замолим да ми предложите некој сл филм или нешо ко The Number 23 .

:helou:
Мементо ако го немаш гледано, инаку фраеров имат ретка болест што заборава што на неколку минути го губи сеќавањето, која ја здобил додека некој му ја убил жена му, па сега го бара за одмазда...

п.с. малку е тежок за пратење додека сватиш како се движат работите :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако некој е за добар психолошки трилер тогаш најтопло му ги препорачувам да ги гледа The I Inside со Ryan Phillippe и Stay со Naomi Watts, девојката од Mulholland Drive. Филмовиве се прилично комплицирани, така да ќе треба поише да им се нафурате и да ги изанализирате. Исто би ви го препорачал и Five Fingers пак со Ryan Fillippe, сеа не дека е нешто психолошки али кои пресврти се дешаваат у филмов алал вера.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ќе бидам благодарен ако некој ми даде убави предлози за филмови со тематика од втора светска војна. :smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ќе бидам благодарен ако некој ми даде убави предлози за филмови со тематика од втора светска војна. :smir:
The Longest Day (1962)
Where Eagles Dare (1968)
The Great Escape (1963)
Victory (1981)
Cross of Iron (1977)
The Big Red One (1980)
Midway (1976)
Enemy at the Gates (2001)
U-571 (2000)
Pearl Harbor (2001)
Saving Private Ryan (1998)
The Guns of Navarone (1961)

Еве тоа е се што ми падна на памет за сега... Немам време за рецензии ќе напишам за некој од нив деновиве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom