Пред некое време читав интересна пресуда на европскиот суд за човекови права ама сега е доцна да барам по папирите па ке се обидам да го раскажам случајот.
Девојка од Англија добива некоја болест на јајниците и истите треба со операција итно да се одстранат со што веке не ке може да има свое дете.
Единствена можност е додека не се извадени јајниците да се земат јајце клетки од неа и истите да се оплодат со сперма од партнерот и така да се ,,замрзнат,, се додека не помине операцијата и девојката не оздрави како би можело ембријонот да се вметне во неа и истата да си роди дете.
Партнерот (не се во брак) се согласува и така е направено односно се замрзнати ембриони.
Подоцна одкако јајниците се извадени а ембрионите сеуте не се вметнати во девојката се случува раскин на врската и партнерот бара од болницата ембрионите да се уништат на што девојката не се согласува бидејќи тоа и е последната можност да има биолошки свое дете.
Аргументите на партнерот се дека тој не сака да биде татко а аргументите на девојката се дека тој претходно се согласил да биде татко и на неа тоа и е последна шанса.
Судот во Англија пресудува дека ембрионите треба да се уништат бидејќи за раѓање на дете треба да има согласност од двајцата родители.
Девојката поднесува тужба до европскиот суд........................
Што мислите, кој е во право, кој тука треба да избере?