- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
I disagree strongly with what you say, but I will defend to the death your right to say it.Според мене ова е една од најглупите теми на форумов.
Секој абортус носи со себе некоја страшна приказна.
Ниту една девојка не абортира од што сака, туку согласно нејзините размислувања во дадениот момент носи одлука за тој чин.
Кој сме ние од страна да судиме за нејзините маки, тешкотии. за она што го чувствува во тој момент?
Згора на тоа, секој таков чин не останува без последици врз самата девојка, а и нејзинат апоблиска околина. Неминовно е тоа.
Тешко на тие што стигнуваат до тој чин. Тоа значи дека нешто им тргнало по лошо во животот, за да дојдат до таа одлука.
За такво нешто нема што да се дискутира. Може само да се даде поддршка на таа личност во нејзината одлука, доколку навистина ни значи таа личност.
ЈАс гарантирам, а воедно и посакувам, на сите што овде дискутираат, посебно девојките, дека сите заедно нема да стигнат до еден абортус годишно, а камоли па една од нив до два.
Овој закон не тангира никого, иако звучи и на прв поглед изгледа глупаво.
Некои од дискутантите ги знам лично, и сигурен сум дека никогаш во животот нема да дојдат во ситуација, да бидат во допир со овој закон
Значи, мој став е - не дај боже било кој од вас да дојде во таква ситуација, а ако за жал некојпат се случи тоа, тогаш треба да се поддржи во таа одлука од сите останати, бидејќи самата девојка најдобро си знае што треба да стори во тој момент. Мајчинскиот инстинкт не е за потценување. Доколку одлучила за абортус, тогаш секако имала многу силни причини за тоа.
Јас во животот научив дека мајчинскиот инстинкт не греши. И го почитувам и респектирам. Мислам дека треба сите тоа да го имате на ум.
Употреби го во смислата на темава.
Можеби никогаш нема - и веројатно нема - да абортирам, но до последно ќе ги бранам сите оние кои се одлучиле на таков чекор, без да ги преиспитувам нивните одлуки, колку се тие морални или не. ж
И добро знаеш, ова не важи само за абортусот
